Прага

Прага

П Р А Г А

       Б О Ж И Ќ Е Н  Б А З А Р   

Период: 06.12-09.12.2024

 Авионска програма

Започнете ја магијата на празничниот период со незаборавна посета на Божиќниот пазар во Прага!

Со неговите шармантни штандови преполни со рачно изработени украси, традиционални деликатеси и топли пијалаци,

овој пазар ќе ве пренесе во срцето на празничната атмосфера.

Прошетајте низ историскиот стар град, облечен во светкави декорации, и уживајте во звуците на празничните песни.

Пробајте варено вино, медени колачи и други локални специјалитети додека купувате уникатни подароци за вашите најблиски.

Дозволете си да ја доживеете магијата на Божиќ во еден од најубавите градови во светот – Прага!

 

                                      Цена на аранжманот:  550 eвра  

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И

 

o  Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

o  Цената на аранжманот е пресметана на минимум 20 лица

o  Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.

o  2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или

патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање

o  Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа  со нови пасоши и уплата на аконтација

која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

o  Аконтацијата се уплака: од 50% од цената. Цената е загарантирана само за целосна уплата.

Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

o  Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

o  Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник;

или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.

o  Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса,

копнен сообраќај, додатен багаж,локален водич,факултативите,сместување во објектот).

o  Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети: Во случај на помал број патници

(од предвидените 20 патници  не се пријават тогаш се зголемува цената  за факултативите) во зависност од тоа колку ќе се пријават цената на факултативите

е подложна на промена на лице место согласно политиката на локалната Агенција или локалниот водич.

o  Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите.

o  Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и локалните објекти

кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии.

o  Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради

(непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

o  Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

(застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата

o  Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс

Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и

(Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

o  Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.

 

o  Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ .членка на ЕТОА

 

 

  

 

 

 

 

 

 

Програма

1
1 Ден 06.12 Тирана - Прага
    Поагање на групата на договорено место во 01:30 часот заминување кон Тирана, полетување од Тирана за Прага во 10:35, слетување во 12:45 часот во Прага. Трансфер аеродром центар разглед на градот и разглед на градот и неговите културно историски споменици со локален водич: Старо место, Карлов мост, Плоштадот на Малтешките витези, Споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Астономскиот часовник-Орлој, Градската куќа, Споменикот на Јан Хус, Дворецот Храдчани, Катедралата Св. Вито... Сместување во хотел. Слободни активности. Можност за ноќна индивидуална прошетка во Прага. Ноќевање.
2
2 Ден 07.12 Прага - Дрезден - Прага
    Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Дрезден.
    Германската Фиренца како што го именуваат е град кој е основан на обалата на реката Елба, град плени со своето културно значење и барокни градби. Овој главен град на покраината Саксонија во карактеристичен, Саксонски стил во архитектурата – изобилува со богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато...дефинитивно излет кој нема да ве остави рамнодушни. Предвидена е посета на најпознатиот Шопинг Центар во Дрезден. За разлика од другите европски градови кои обично имаат по еден, централен Божиќен пазар, Дрезден има неколку божиќни пазари кои дефинитивно сите вреди да се посетат, расфрлани се низ градот и се навистина магични, а се и автентично се стари.

    Доколку не отпатувате во Дрезден ќе можете да уживате во предновогодишната магија на Златната Прага:
    Сместена во близина на некои од најпознатите Европски Божиќни базари, Прага може да се натпреварува со секој од своите ривали, особено со Базарите на Стариот градски плоштад,кадешто на сцена се изведуваат свечена музика и кратки божиќни претстави. Овде ќе ги пронајдете вообичаените божиќни изработки и украси, но вистинскиот предизвик се храната и пијалоците...Мноштвото алкохолни пијалоци ќе ви помогнат да се загреете, од варено вино (Сварак) до топла медовина (Медовина) и грог (мешавина од чешки рум, топла вода и шеќер). Ако не ви одговара пиењето на празен стомак, тогаш уживајте во традиционалните деликатеси, како што се печените костени, чадена прашка шунка, колбаси, слатки палачинки (Палацинки)... Божиќните пазари обично се отвораат на крај на ноември и не се затвораат се до 6-ти јануари.
    Враќање во хотел.Ноќевање.
3
3 Ден 08.12 Прага - Карлови Вари - Прага
    Појадок. По појадокот заминување кон Бањскиот центар Карлови Вари со водич, каде што можете да го поминете денот во прекрасната и најпозната бања во Средна Европа-Кралови Вари, место каде престојувале многу европски владетели, врвни сликари, поети. Наша препорака е да се напиете кафе покрај реката В’лтава. Посета на Бањата со 12те извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка... и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче. Слободни активности до пред тргнување. Враќање во Прага. Ноќевање.
4
4 Ден 09.12 Прага – Тирана-Скопје
    Појадок. По појадокот одјава од хотелот. До времето пред заминување кон аеродромот, трансфер до аеродром полетување во 13:20 часот од Прага кон Тирана. Слетување во Тирана во 15:15 часот. Заминување кон Тирана слободни активности доколку има можност може да направите кратка пауза во Албанија. Во договорено време заминување во Скопје, пристигнување во вечерните часови
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Oрганизација и водство на патувањето
Авионски превоз на наведената релација Тирана-Прага-Тирана (Wizz air)
Посета на Карлови Вари
Пратител на патување
Сместување во хотел со 3* Прага 3 ВВ
Локален водич во Прага
Организиран автобуски трансфер: Скопје - Тирана – Скопје

Цената Не покрива?

  • Влезници за културно-историски споменици
  • Разглед на Дрезден 70 еур
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 2 еур (по ноќевање)
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg

Pin It on Pinterest