Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација - една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.
ДУБАИ и АБУ ДАБИ
Авионска програма
6 дена/ 5 ноќи 23.10-28.10.2024
Плажите се песочни и со разновидни активности, а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.
Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.
За уплата до 02.10: Хотел “Ibis Al Barsha” 3* 619 евра (38.380 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 669 евра (41.480 денари)
За уплата до 02.10: Хотел “Signature 1 Hotel Tecom” 4* 729 евра (45.200 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 779 евра (48.300 мкд)
Факултативни излети - ценовник со важност од 06.09.2024
-Разглед на Дубаи 60 евра
-Пустинско сафари 60 евра
-Екскурзија до Абу Даби 80 евра
-Крстарење по Дубаи марина 70 евра
-Burj Khalifa 124 кат влезница 50 евра
-Miracle Garden и Global Village 65 еврa
-Летање со хелихоптер 200 евра
Напомена:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни соби и трокреветни соби.
- Во хотел Ibis Al Barsha може да сме сместат максимум 2 возрасни лица и едно дете до 6 год. Дете од 2 до 6 год. добива попуст од 30 % во соба со две возрасни лица (без легло).
-Три возрасни лица може да се сместат само во “Signature 1 Hotel Tecom”. Дете од 2 до 6 год. добива попуст од 10% (без легло).
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош. Интернационален извод за деца до 18 год.
- Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.