Соко Бања

> Соко Бања

Соко Бања

СОКО БАЊА ВЕЛИГДЕН

ПЕРИОД 14.04-17.04.2023  3 ноќи /4 дена 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 160 € / 9.920 денари

 

 

                                                                                                                                                                                                                                                 НАПОМЕНИ:

 

·          За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

·          За реализација на патувањето потребен е минимум од 35 патници

·          За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

·          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

·          Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

·          Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

·          Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.

·          За реализација на факултативите потребен е минимум од 20 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.

·          Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

·          Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

·          Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

·          За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Камелија Турс 

 

Слични Понуди

Програма

1
14.04.2023 (Петок) КАВАДАРЦИ – НЕГОТИНО –ВЕЛЕС- СКОПЈЕ – СОКО БАЊА
    Поаѓање кон Србија од Велес и Скопје во утринските часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања во пладневните часови и сместување во хотел Бањица. Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Mилошев Конак, Tурско купатило, црквата Св. Преображение…). Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
2
15.04.2023 (Сабота) СОКО БАЊА – ЛЕПТЕРИЈА – СОКО ГРАД
    Појадок. Организирана претпладневна прошетка до излетничко место Лептерија и стариот Соко Град со локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, релаксација и одмор. Вечера. Ноќевање.
3
16.04.2023 (Недела) СОКО БАЊА – ОЗРЕН
    Појадок. Ден предвиден за традиционален велигденски ручек на Озрен со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа на отворено (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Свечена вечера со жива музика и неограничени пијалоци. Ноќевање.
4
17.04.2023 (Понеделник) СОКО БАЊА –СКОПЈЕ-ВЕЛЕС-НЕГОТИНО-КАВАДАРЦИ
    Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
Организиран излет на планината Озрен со традиционален велигденски ручек и богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача)
Организирана прошетка до Лептерија и Сокоград со локален водич
Сместување во хотел Бањица 3* во двокреветни и трокреветни соби на база 3 ноќевања
Организиран разглед на Соко Бања со локален водич
Туристичка такса
Исхрана на база 3 полни пансиони (појадок-шведска маса, ручек и вечера сет мени)
Превоз со автобус на наведената релација од Неготино,Кавадарци,Велес,Штип,Скопје,Куманово
Свечена вечера со жива музика и неограничени пијалоци

Цената Не покрива?

  • Задолжително патничко и здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци

Pin It on Pinterest