Будимпешта

> Будимпешта

Будимпешта

Автобус / 4 дена / 2 ноќевања

 

ПЕРИОД  13.04 - 16.04.2023 

           ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 €/12.340 денари

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Разглед Будимпешта, Крстарење по Дунав и Посета на Сент Андреа) - 60 €

 НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници

За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А.КАМЕЛИЈА ТУРС  и СКТМ

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62,00 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање. 

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 5(пет) дена пред поаѓање! 

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

 

Слични Понуди

Програма

1
13.04 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
    Состанок на групата пред хотелот "Holiday Inn" во 16.00 часот. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот.Се патува преку Србија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.
2
14.04 БУДИМПЕШТА
    Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.
3
15.04 БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
    Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Посета на Вишеград. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности. Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна. Ноќевање.
4
16.04 БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ
    Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци. Посета на шопинг центар Арена. Поаѓање за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Цената покрива:

Превоз со туристички автобус на наведената релација
Сместување во Хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената Не покрива?

  • Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич, задолжително- 15 €
  • Вечера во ресторан Чарда 30 €
  • Крстарење со брод по Дунав 20 €
  • Посета на Сент Андреа, Вишеград и Естергом 30 €
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици
  • Патничко - здравствено осигурување
  • Туристичка такса 250 мкд (се плаќа во агенција)
  • Доплата за 1/1 соба 2.800 ден
  • Доплата за избор на седиште во автобус - 10 €

Pin It on Pinterest