Рим - Авионска

> Рим - Авионска

Рим - Авионска

 РИМ  - ВЕЛИГДЕН 

        Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања            

 

ПЕРИОД  21.04- 24.04.2023

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.03 499€ / 30.940 мкд

 

Цена на аранжманот          559€ / 34.660 мкд

 

Напомена:

-          Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

-          За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

-          За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

-          Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

-          Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

-          Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

-          Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

-          Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

-          За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА KAМЕЛИЈА ТУРС

 

Слични Понуди

Програма

1
21.04 СКОПЈЕ - РИМ
    Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 18.45 часот. Лет за Рим во 20.45 часот. Слетување во Рим во 22.30 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Фиумичино, сместување во хотел. Ноќевање.
2
22.04 РИМ – ВАТИКАН
    Појадок. Разглед на Рим: Виа Дел Корсо, Плоштадот Дел Пополо, вила Медичи, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. Пауза за ручек. Попладнето, факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар.... Ноќевање.
3
23.04 РИМ - ТИВОЛИ
    Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д'Есте - е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Враќање во центарот на Рим. Слободни активности. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
4
24.04 РИМ – СКОПЈЕ
    Појадок. Факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како "дневна соба на градот", Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Римските Форуми, Колосеумот, Црквата Св. Климент... Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер (околу 19.00 часот) до аеродром. Полетување за Скопје во 23:00 часот. Пристигнување во Скопје во 00.45 часот.

Цената покрива:

Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Авионски превоз: Скопје – Рим - Скопје со Визер
Трансфер аеродром – хотел - аеродром
Сместување во хотел 3* на база ноќевања со појадок
Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг
Аеродромски такси
Организиран панорамски разглед на Рим

Цената Не покрива?

  • Туристичка такса 750 мкд (се плаќа во агенција)
  • Доплата за багаж од 10кг чекиран багаж - 2900 мкд - цената е променлива
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 5.990 мкд
  • Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 60 евра
  • Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 60 евра
  • Разглед на РИМ - Антички Рим - 20 евра

Pin It on Pinterest