БУКУРЕШТ И ТРАНСИЛВАНИЈА -
СВ. ТРИФУН/ ВАЛЕТАЈН
Цена на аранжманот 159 евра
Романија — земја во југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт. Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија. Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното римско царство Името Романија доаѓа од романскиот збор роман (român) кој пак потекнува од латинскиот назив Romanus. Во 16 век повеќе автори нагласиле дека населението се нарекува како „романи“. Првиот документ напишан на романски јазик било писмото Неакшу каде за прв пат во пишана форма се употребува зборот „романски“. Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот
Идеална дестинација за сите заљубени за овој Валентајн е Букурешт и Трансилванија да се чувствувате како крал и кралица.
Напомена:
· За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.
· Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.
· Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.
· Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.
· За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А КАМЕЛИЈА ТУРС