>

Слични Понуди

Програма

1
29.12.2023 (Петок)
    Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:50 ч од Скопје. Слетување во Париз во 10:30 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејските Полиња,Триумфалнат а Капија, Конкорд, Црквата Мадлена, Операта Гарние, Лувр, Нотр Дам, Ајфелова Кула...Следи сместување во хотел, па слободно време за ручек и одмор. Околу 19 часот организирана прошетка по Елисејските Полиња и крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
2
30.12.2023 (Сабота)
    Појадок.Организирана (факултативна) посета на Версај со автобус и водич. Поаѓање од хотел во договорено време. Се посетува дворецот и парковите. Враќање во Париз и прошетка низ Латинскиот кварт. Посета на Богородичната црква (однадвор). Слободно време за ручек и индивидуални прошетки во квартот: Сорбона, булеварот Сен Мишел, Луксембуршките градини ... Можност за посета на црквата Saint Chapelle ( факултативно). Разгледувањето продолжува со организирана посета на Галеријата Лафајет, која нуди бесплатна преубава панорамска глетка од шестиот кат. Организирана посета на Операта Гарние (однадвор), посета на Музејот Фрагонар . Прошетка по плоштадот Вандом каде се наоѓа и хотел Риц. Патот не води директно до Плоштадот Конкорд од каде се враќаме во хотел (со метро). Во вечерните часови организирана посета на Ајфелова кула (со метро). Заедничка вечера (факултативна) во ресторан на Трокадеро. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
31.12.2023 (Недела)
    Појадок. Во 08.00 часот организирана прошетка до Лувр ( со метро).Од Конкорд преку парковите Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр .Слободно време за влез во Лувр (индивидуално). Слободно време за ручек. Организирана посета на Новиот дел на Париз Ла Дефенс, а потоа организирана посета на Мон Мартр (со метро). Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на катедралата Светото Срце. Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж. Вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Организиран Дочек на Новата Година на Елисејските Полиња. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! Враќање во хотел. Ноќевање.
4
01.01.2024 (Понеделник)
    Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк за возрасни и деца – Дизниленд. Се патува со брзиот воз, влезниците се купуваат преку интернет. За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена, плоштадите, парковите, Општината, Бастиља, центарот Помпиду, а за љубителите на Кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс ( факултативно). Ноќевање
5
02.01.2024 (Вторник)
    Појадок. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 07:30 часот. Полетување за Загреб во 11:20 часот, слетување во 13.10 ч. Слободно попладне за посета на Загреб, индивидуални прошетки и ручек. Полетување за Скопје во 22:00, слетување во 23:25 часот
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest