>

Слични Понуди

Програма

1
29.12.2023 Скопје - Виена
    Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 12:30 часот. Тргнување кон Виена во 13:00 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
30.12.2023 Виена, Шопинг Центар Pandorf
    Пристигнување во претпладневните часови и посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена, слободно време за прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ прекрасните улици на Виена. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3
31.12.2023 Виена
    Појадок. Следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот. Факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на Виена. Време предвидено за индивидуални активности и шопинг во центарот на Виена и познатата шопинг улица Mariahilferstrasse. Вечерта околу 21:00 часот организиран трансфер до центарот на Виена и можност за прослава на Новогодишната ноќ на плоштадот Ратхаус. Враќање во хотел во договореното време. Ноќевање.
4
01.01.2024 Виена - Скопје
    Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабсбуршката монархија, изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говори за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф... Враќање во центарот на Виена. Слободно време за индивидулни активности и прошетка во градот. Во попладневните часови заминување кон Скопје.
5
01.01.2024 Скопје
    Пристигање во Скопје во претпладневните часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest