Бисерите на Австрија

Мартовски патувања 2025 > Бисерите на Австрија

Бисерите на Австрија

Бисерите на Австрија

Aвтобуска програма

Период: 06.03-10.03.2025

Цената на аранжманот изнесува - 289евра по лице 

Попуст за рана уплата до 10.02.2025 – 265 евра по лице

Еден од културните престолнини на Европа! Салзбург најдобро може да се запознае пеш. Стариот град е релативно мал и крие неколку галерии, бутици, кафулиња и автентични ресторани, додека најинтересните најчесто се наоѓаат на улиците и пасажите веднаш до главните плоштади.Во Салцбург, поред В. А. Моцарт, роден е Јозеф Мор. Веројатно отпрвин името не ви звучи многу познато, но неговото коавторско дело е многу попознато – божиќната песна „Тивка ноќ“

 

Халштат во австриските Алпи е толку убав град што туристи не престануваат да го посетуваат. Овој град, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, има само 800 жители, а годишно во него доаѓаат еден милион туристи, чија бројка драстично порасна во изминатите десет години. Халштат е особено популарен меѓу Кинези. Всушност, тој е толку популарен што во 2012 година беше изградена кинеска реплика на Халштат, сосе црквата и централниот плоштад. Халштат во австриските Алпи е толку убав град што туристи не престануваат да го посетуваат. 

 

Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената главно се состои од трошоци за резервација, превоз, паркинг, водич, билети, организација... Цените на екскурзијата се предмет на промена во случај на недоволен број пријавени патници или во случај на промена на цените на билетите на локалитетите. Агенцијата не е одговорна за промената на цената на билетите на локациите во однос на денот на излегувањето на програмата. Во случај на недоволен број на патници, организаторот на екскурзијата го задржува правото да понуди корегирани, повисоки цени во однос на бројот на заинтересирани патници, кои не се обврзани да ги прифатат. Датумите на факултативните излети се променливи и зависат од достапноста на датумите во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности.

 

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден, Скопје- Салзбург 06.03.2025
    Поаѓање од Скопје во 14:00 часот од Дрво Декор. Состанок на групата со водичот и тргнување кон Австрија. Ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со кратки паузи за одмор и царински формалности.
2
2 Ден, Салзбург-Berchtesgaden (рудник за сол во југоисточна Германија) 07.03.2025
    Пристигнување во Салцбург во утринските часови. По пристигнувањето разгледување на градот. Разглед на родното место на Моцарт и еден од најубавите градови во Централна Европа: Kатедрала, Архиепископска палата, родното место на Моцарт, паркот Мирабел со прекрасен поглед кон палатата. Слободно време. Сместување во хотел. Можност за факултативна посета на еден од најголемите рудници за сол Berchtesgaden, сместен на германските алпи. Слободно време. Ноќевање.
3
3 Ден, Салзбург –Гилен / Волфганг / Бад ишл – Салзбург 08.03.2025
    По појадокот се упатуваме кон едно од најубавите езера во Австрија, Wolfgangsee. Ги посетуваме местата Свети Волфганг, кој денес е познато туристичко место благодарение на традицијата на оперите и познатите хотели, како и Свети Гилген каде се наоѓа куќата на мајката на Моцарт, а ќе го посетиме главниот плоштад, црквата на Сент Егиди. Возење со брод по езерото (Гилен - Волфганг). Продолжување на патувањето до Bad Ischl. Во центарот на градот можете да ја посетите една од најпознатите австриски слаткарници „Заунер“ и да ги пробате автентичните Ишлери, колачи кои го добиле името по самото место. Слободно време за прошетка. Враќање во Салзбург. Ноќевање.
4
4 Ден, Салзбург – Халштат 09.03.2025
    По појадокот, одјавување од хотелот. Заминуваме до Халштат - познато езеро и еден од најпознатите фотографски мотиви во Австрија, град со рибарски куќи, кој е познат по археолошкиот локалитет на келтската култура. Опкружен е од алпските планини, а покрај прекрасниот пејзаж и зачуваната природа, вистински атракции се историските знаменитости на Халштат: Црквата на Вознесение, која е изградена во 1505 година, подземните гробишта Карнер, на кои се наоѓа костурница од 16 век, музејот Халштат, кој ја има втората по големина колекција на уметнички дела од културата Халштат во светот и рудник за сол. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење низ Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5
5 Ден, Скопје 10.03.2025
    Пристигнување во Скопје во предпладневните часови во зависност од условите на патиштата и задржувањето на граничните премини.

Цената покрива:

Посета на Халштат
Сместување во хотел со 3* (по локална категоризација) во 1/2 и 1/1соба
Разглед на Салзбург
Услуги на туристички водич/придружник за време на патувањето
Трошоци за организација на патувањето
Превоз со автобус од туристичка класа седиштата се одредуваат според датумот на плаќање, односно склучување на договорот за патување)

Цената Не покрива?

  • ФАКУЛТАТИВНИ ЕСКУРЗИИ (минимум 25 лица за реализација доколку има промена навремено ќе Ве известиме)
  • Посета на Сент Гилген, Сент Волфганг, Бад Ишл, Халштат (Брод на релација Гилген - Волфганг времетраење околу 40 мин) 50 евра
  • Посета на рудникот за сол(Berchtesgaden) 50 евра
  • Факултативна посета со брод (Гилен – Волфганг)

Pin It on Pinterest