Aпартхотел Лазаридис - Неа Рода

Лето 2024 > Грција > Атос (lll Крак) > Неа Рода > Aпартхотел Лазаридис - Неа Рода

Aпартхотел Лазаридис - Неа Рода

  ВИЛА ЛАЗАРИДИС- НЕА РОДА, ЛЕТО 2024

На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип „Lazaridis“ во кој располагаме со трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје  и прв спрат.

Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот.

Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена

(постелината не се менува кога смената е на седум ноќевања). Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартхотелот „Lazaridis“ има рецепција, сеф, снек бар, прекрасна тераса која можат да ја користат сите гости на хотелот, а во хотелот има можност за појадок (со доплата на рецепција).

До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа Voulitsaкоја уштена првата средба 

ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа Komitsa, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО

како подрачје со природна убавина.

Напомена: Во студијатаможат да се сместат најмногу 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години.

Во овие студија не е дозволено да се сместуваат 4 лица-двајца возрасни и две деца без огледна возраста на децата.

Апартхотел „Lazaridis– Неа Рода

Термин:

Ноќевања:

1/2+1 студио

26.05-05.06.2024

10

300€ (18.600)

05.06-15.06.2024

10

450€ (27.900)

15.06-25.06.2024

10

500€ (31.000)

25.06-05.07.2024

10

550€ (34.100)

05.07-15.07.2024

10

600€ (37.200)

15.07-25.07.2024

10

650€ (40.300)

25.07-04.08.2024

10

650€ (40.300)

04.08-14.08.2024

10

650€ (40.300)

14.08-24.08.2024

10

650€ (40.300)

24.08-03.09.2024

10

600€ (37.200)

03.09-10.09.2024

7

400€ (24.800)

10.09-17.09.2024

7

350€ (21.700)

17.09-24.09.2024

7

300€ (18.600)

 


- Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио без вклучен превоз

- Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

- Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

- Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари

- Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос-Неа Рода

- Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции

- Цена на повратен билет –50 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евра

Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.

Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство.

Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети.

Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

      

Програма

Од
Цена (€)

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest