Тоскана

> Тоскана

Тоскана

Тоскана многумина ја сметаат за најубавиот дел од Апенинскиот Полуостров со бајковита природа, прекрасни селца, а најмногу поради градовите со исклучителна архитектура, меѓу кои најпознати се Фиренца, Пиза, Сиена, Сан Џимињано и Лука кои се прогласени за дел од светското културно наследство и се под заштита на УНЕСКО...

ТОСКАНА и ЧИНКВЕ ТЕРЕ

Цена за резервација до 01.05.2023 - 179€/11.098ден

 

Цена на аранжманот 229€/14.198ден

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд. 

Цена по лице за најмалку 2 лица во соба.

Напомени: 

- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот до 7 дена пред поаѓање во случај на недоволен број на пријавени. 

- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање. 

- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 

- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 

- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.

- За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата или промена на цената. 

- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 

- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.  

- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Камелија Турс         

Слични Понуди

Програма

1
1.ден 24.05.2023 (среда) СКОПЈЕ - МОНТЕКАТИНИ
    Состанок на групата во 10.30 часот на паркингот кај Вип хотел спроти Ист Гејт. Поаѓање во 11.00 часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2.ден 25.05.2023 (четврток) МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ
    Пристигнување во Монтекатини Терме. Сместување во хотел согласно правилото за Check In. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови организирана посета на Пиза. Прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија – Плоштадот на чудата, Катедралата Дуомо, Крстилиницата Свети Јован и познатиот симбол на Пиза, Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
3.ден 26.05.2023 (петок) МОНТЕКАТИНИ – ЧИНКВЕ ТЕРЕ - МОНТЕКАТИНИ
    Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на италијанската ривиера, посета на националниот парк Чинкве Тере. Пристигнување во градот Ла Специја од каде со во воз на Трен Италија ќе се движеме цел ден долж лигурската обала низ петте селца. Чинкве Тере e низа од пет стари рибарски села, сместени високо на италијанската ривиера во регионот Лигурија кои до неодамна беа поврзани само со мазги и достапни само со железница или по воден пат. Пешачење по ова живописно крајбрежје е најдобриот начин да се истражат петте села: Riomaggiore, Manarola, Corniglia, Vernazza и Monterosso. Националниот парк Чинве Тере е познат по својата убавина. Со векови, луѓето тука граделе тераси за одгледување винови лози и маслинки на грубиот, стрмен терен, долж карпите од каде се издигаат заносни панорами кон Средоземното Море. Воодушевувачките погледи на пристаништата далеку под дивото, но гостопримливо крајбрежје, заедно со средновековните тврдини и изобилството на винова лоза и живописни бои го прават овој регион незаборавен. По разгледот враќање во Ла Специја од каде се упатуваме кон Монтекатини. Ноќевање.
4
4.ден 27.05.2023 (сабота) МОНТЕКАТИНИНИ – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО - МОНТЕКАТИНИ
    Појадок. Ден предвиден за факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, веројатно најубавиот средновековен град во Италија, вечниот ривал на Фиренца. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад Il Campo, познат по трките со коњи Palio кои тука се одржуваат два пати годишно. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni и плоштадот.. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во договорено време патувањето го продолжуваме кон Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско ридско градче, лоцирано југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Градот на Убавите кули од 1990год. заради своето богато историско и културно значење е под заштита на УНЕСКО. Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи шафран, одлично црвено и бело тосанско вино и оригинални тоскански десерти. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
5
5.ден 28.05.2023 (недела) МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ
    Појадок. После појадокот заминување за посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме доволно слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за посета во некои од музеите, дегустаија на локални производи во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
6
6.ден 29.05.2023 (понеделник) СКОПЈЕ
    Планирано пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Цената покрива:

Организирани посети според програмата
Организација и реализација на аранжманот со лиценциран туристички придружник
Сместување во хотел со 3* во Монтекатини Терме на база 3 ноќевања со појадок
Организирана посета на Пиза
Автобуски превоз со високотуристички автобус на наведената релација

Цената Не покрива?

  • Целодневен излет на Чинкве Тере 50€ (трансфер со воз, Cinque Terre card до 5-те села и трансфер од железничка до La Spezia, доплата на лице место)
  • Посета на Сиена и Сан Џимињано 50€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место)
  • Задолжителна посета на Фиренца 30€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место)
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ по лице од ноќ, доплата на лице место)
  • Задолжително патничко осигурување

Pin It on Pinterest