Стразбур - Колмар и Базел

> Стразбур - Колмар и Базел

Стразбур - Колмар и Базел

ЕКСКУРЗИЈА ВО НАЈУБАВАТА ФРАНЦУСКА ПОКРАИНА!

Стразбур е град исполнет со разновидни стилови , уметност, шаренило, но и автентичност...

Историјата, иако турбулентна и не секогаш питома, сепак, со секој свој чекор посеала бисери кои самоуверено блескаат низ целиот град. Еден од тие бисери е Палатата Рохан од 18ти век, која е своевиден мал Версај. Тука се кријат богатите Дворци и Палати на некогаш највлијателните Европски дами, Грофицата Мелани и сопругата на Наполеон, Жозефина.

Во престолнината на Алзас, срцето на Европа, се чувствува шармот на Екселенцијата.

Колмар, Волшебен град, шаренило, тоа е првата и најсоодветна асоцијација за ова мало и бајковито место. Сместен во североисточна Франција, во пределот на Горна Рајна во областа Алзас, со виорот на турбулентната историја, Колмар преминувал од Германски во Француски, па дури и Шведски раце, за да се издигне како Француски бисер на убавиот исток. На влезот на гратчето се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар.

Мала Венеција, градот на Фредерико Бартолди и квалитено Колмаршко вино, комбинација од најдоброто, тоа е овој град.

 

 

 

Сместување во Хотел 3* во Стразбур на база 2 ноќевања со појадок

Сместување во Хотел 3* во Базел на база 1 ноќевање со појадок

 

555 евра по лице ( 34..410 денари )

 

 

НАПОМЕНИ:

За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

  • За реализација на аранжманот е потребен  минимум од 15 патници
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Слични Понуди

Програма

1
20. Мај (Сабота) СКОПЈЕ - БАДЕН БАДЕН - СТРАЗБУР
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:00 часот. Полетување за Баден Баден во 13:55 и пристигнување во 16:00 часот. Попатна прошетка до Баден-Баден, место кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и претставува вистинска оаза на Германската култура и историја.

    Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бањски туризам. За неговото славно минато сведочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и три километри долгото шеталиште. Пристигнување во Стразбур во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.
2
21. Мај (Недела) СТРАЗБУР
    Појадок. Разглед на Стразбур, град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот: Катедралата Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг.

    Стариот дел на градот, познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Можност за крстарење по каналите на Стразбур. Ноќевање.
3
22. Мај (Понеделник) СТРАЗБУР - КОЛМАР – БАЗЕЛ
    Појадок. Организиран превоз до Колмар. На влезот се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар Фредерик Бартолди. Прошетка низ гратчето, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и плоштади, се нарекува и мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува многу туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани…

    Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот со Црквата Свети Мартин, Доминиканската црква, Куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден… Организиран превоз до Базел и сместување во хотелот. Ноќевање.
4
23. Мај (Вторник) БАЗЕЛ - СКОПЈЕ
    Појадок. Пешачка прошетка низ стариот дел на градот: Минстер Катедралата, Kunstmuseum, Pfalz терасата со преубав поглед на Рајна, плоштадот Marktplatz so седиштето на владата и парламентот на Базел, Mittlere мостот… Трансфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 16:05 часот и слетување во 18:15 часот.

Цената покрива:

Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Авионски билет на релација Скопје – Баден Баден и Базел – Скопје со вклучени аеродромски такси
Организирани трансфери според програмата
Сместување во Хотел 3* во Стразбур на база 2 ноќевања со појадок
Организирани прошетки во Стразбур, Колмар и Базел
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
Сместување во Хотел 3* во Базел на база 1 ноќевање со појадок

Цената Не покрива?

  • Доплата за уште 1 торба за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 3.800 денари
  • Доплата за куфер за чекирање (со максимум 20kg) 5.800 денари
  • Туристичка такса 15 евра (се плаќа во агенција)
  • Крстарење по каналите на Стразбур
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување

Pin It on Pinterest