Куршумлиска Бања

Мартовски патувања 2025 > Куршумлиска Бања

Куршумлиска Бања

КУРШУМЛИСКА БАЊА, Хотел Планинка 

     Куршумлиска бања се наоѓа 11 км југозападно од Куршумлија на 442 м. надм.висина. 

Бањата има неколку лековити води со температури од 14-68 °С

рангирани меѓу најатрактивните во Европа и со нив се овозможува

лекување на мускулно-скелетниот систем,гинеколошки заболувања и невролошки болести.

Лековитите води, калта и природната средина на Бањата овозможуваат да бањата

претставува вистинско одморалиште и рекреативен центар. 

Хотел „Планинка“, Куршумлиска Бања располага со 180 соби, опремени по сите современи хотелски стандарди:

покрај модерниот дизајн, имаат ТВ со кабелски канали, бесплатен интернет и пространа тераса.

Апартманите поседуваат пространа спална соба, дневна со софа на преклопување и кујна со трпезарија.

Хотелот поседува Медицински центар, Комплекс од 8 базени со термална вода, Велнес центар,

Хотелски ресторан, велнес бар, лоби бар, кафе клуб, Соба за забави,

Теретана, игралиште за деца, тениско игралиште, како и бесплатен приватен паркинг.                 

 

Цена на аранжманот по лице: 185 еур / 11.470 ден   

 

В А Ж Н И   И Н Ф О Р М А Ц И И    

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена

на редоследот на активностите во програмата.

За секоја евентуална промена ќе бидете благовремено информирани потребен е минимум од 20 патници.

За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот важност на патните документи мин.

3 месеци по завршувањето на патувањето истото се патува преку Косово.

*Резервација на аранжманот се прави во агенција со уплата од 30% или преку Банка

*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е износот на аконтација,

а остатокот е подложен на промени.

*Патникот го потпишува Договорот за патување и е согласен со истиот доколку

има прашања нашите агенти се должни да му објаснат

*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место

да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување

на аранжманот да поднесе приговор во агенција

*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај

на промена на возниот  и воздушниот собраќај

,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл...

*Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на Хотелот како и да се информираат на рецепција

за било каква промена или барана нова услуга.

Во хотелот е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет.

*Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите

Побарајте патничко осигурување и договор за патување

*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

*Во готово – авансно *кредитни картици, вирманско плаќање плаќање од вкупната цена

на аранжманот во моментот на пријавување,

а остатокот најдоцна 7-дена пред  започнување на аранжманот поаѓање,

зависно од видот на програмот,плакање преку синдикати и работни организации.со посебни договори.

Носител на овој програм е Камелија Турс:

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса  Скопје

 

(Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции.

 

Слични Понуди

Програма

1
1 ДЕН 07.03 (Петок) СКОПЈЕ - КУРШУМЛИСКА БАЊА
    Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Вип. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности. Пристигнување во Куршумлијска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксирање во СПА центарот кој ги нуди услугите на овој хотел. Вечера. Ноќевање.
2
2 ДЕН 08.03 (Сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА
    Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено.Вечера.Ноќевање.
3
3 ДЕН 09.03 (Недела) КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ
    Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Скопје во 12.00час. со попатна посета на Лидл маркетот во Прокупље. По едночасовна пауза, го продолжуваме патувањето. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената покрива:

Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
Туристичка такса
Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса
Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
Автобуски превоз на наведената релација.

Цената Не покрива?

  • Здравствено патничко осигурување 5€
  • Услови на деца:на барање
  • Индивидуални трошоци

Pin It on Pinterest