Малдиви

Малдиви

Рајски архипелаг од околу 1190 острови, групирани во атоли кои како прстени се расфрлени низ Индискиот океан, со највисока надморска височина од 1.5m, податок кој сигурно ќе Ве эачуди. Но, коралните гребени кои ги опкружуваат овие острови го смируваат океанот и ги чуваат островите и нивните жители со векови.
Острови со бел корален песок, кокосови палми, изобилие од тропски растенија, како и прекрасниот и необичен подводен свет. Места кои  се одликуваат со својата единственост и кои никогаш повторно нема да ги најдете… тоа се токму овие рајски острови Малдивите.
Местоположбата, морето, ветерот и сонцето заедно формираат идеални услови за престој. Температурата се движи од 23 до 32 степени, но умерениот ветер кој постојано дува го прави престојот на островите пријатен. Дождовите обично се присутни во периодот јуни – јули, но сепак неможете да ги предвидите. Се појавуваат одеднаш без предупредување и веданш исчезнуваат

Рајски тиркизни лагуни, бесконечни плажи од бел песок, шаренолик подводен свет и блескав луксуз се само мал дел од работите кои Малдиви ја прават совршена дестинација за уживање и релаксација.

 

 

Термин ►

14.04-23.04.2022

Промо цена *

1290 €

Регуларна цена

1450 €

 


 
 

НАПОМЕНАСите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 150€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 4 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

 

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.

 

Општи напомени:

·  При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.

·  Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.

·  Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.

·  Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.

·  За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.

·  Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ .

·  Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.

·  Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.

·  Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.

·  Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.

·  Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.

·  Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.

·  Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.

·  Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.

·  Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.

·  Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.

·  Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.

·  Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.

·  Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.

·  Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.

·  Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.

·  Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.

·  За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.

·  Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.

·  Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.

·  Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)

·  Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.

·  За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Факултативни излети.

·Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.

·  Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

·  Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА КАМЕЛИЈА ТУРС не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.

·  Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.

·  Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.

·  При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.

·Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

·  Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.

·  Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,

·  Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.

·  Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.

·  Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.

·  Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

 

 

 

 

 

Програма

1
ден 1
    Состанок на меѓународниот аеродром во Скопје два часа пред летот. Лет за Истанбул (TK1006) во 20:50ч. Пристигнување во Истанбул во 23:25ч. по локално време. Преседнување на лет кон Мале..
2
ден 2
    Лет за Мале во 01:45ч. (TK 730). Пристигнување во Мале во 11:55ч. по локално време. Мале е главниот град на Малдиви и претставува модерното лице на оваа земја. Шарените градби и тиркизното море насекаде околу нас се класичната слика за овој град која ќе ни остане во сеќавање. Град преполн со кафулиња, ресторани, продавници и пазари. Трансфер со брод до Мафуши. Попладневен check in во собите. Слободно време за одморање и запознавање со оваа нова земја и култура.
3
ден 3
    Ден предвиден за уживање во рајскиот остров и уживање во егзотичната храна. Одиме на факултативен излет - Snorkeling. Авантуристички излет кој задолжително треба да се најде на вашата листа со активности додека сте на Малдиви. Ќе уживаме нуркајќи во неверојатниот поглед на разновидниот и шаренолик подводен свет. Враќање во сместувањето.
4
ден 4
    Доживејте го Малдиви на вистинскиот начин и препуштете му се на локалниот живот, уживајте во егзотичната храна и запознајте ја оваа нова култура. Факултативен излет - Ноќен риболов односно во малдивски стил со помош само на рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува туристи кои сакаат да учествуваат во оваа авантура. Прекрасен излет, незаборавна вечер и можност да уловите риба под ѕвезденото небо на Малдиви. Враќање во сместувањето.
5
ден 5
    Уште еден ден за истражување на Малдиви. Одиме на факултативен излет - Shark Bay. Ќе имаме прилика да пливаме со бебиња ајкули и да уживаме со делфини, по што не очекува ручек на бајковит песочен насип во сред океан. За многумина ова е најубавиот излет на Малдиви и никако не треба да се пропушти. Враќање во сместувањето.
6
ден 6
    Уште еден ден полн со забава и интересни активности. Се упатуваме на факултативен излет - Resort day visit. Одиме во некои од најпознатите ресорти на Малдиви. Нивните уникатни локации имаат пристап до многу недопрени егзотични плажи како и прилика да нурнеме и да го истажуваме подводниот морски свет на овој остров. Уживаме на златното сонце и мекиот бел песок додека ја истражуваме убавината на оваа чудесна островска земја. Враќање во сместувањето.
7
ден 7
    Ден за факултативен излет - Нуркање со Манта ражи. Уживаме на најубавите локации за нуркање на Малдиви. По излетот, враќање во сместувањето.
8
ден 8
    Прекрасен ден кој го користиме за нуркање и капење на локален корален гребен.
9
ден 9
    Последниот ден докупуваме уште некој сувенир, пиеме уште некој коктел и се припремаме за патување. Се збогуваме од овој магичен остров. Трансфер со бродче до Мале. Лет од Мале во 22:40ч. (TK 731) со преседнување во Истанбул.
10
ден 10
    Пристигнување во Истанбул во 04:55ч. по локално време. Лет од Истанбул за Скопје во 07:35ч. (TK1003). Пристигнување во Скопје во 08:05ч. Крај на патување.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Hotel Triton Beach Hotel and Spa
7 × Вечера, 7 × Континентален појадок
Авионски билети на релација Скопје-Истанбул-Мале-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines економска класа со 30 кг чекиран багаж и 4 кг рачен багаж
Трансфер аеродром-хотел-аеродром

Цената Не покрива?

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Pin It on Pinterest