Сицилија- Автобуска програма

Eсенски патувања 2022 > Сицилија- Автобуска програма

Сицилија- Автобуска програма

 

СИЦИЛИЈА-БИСЕРОТ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈУГ

 

Земја на митови и легенди, чудовишта и богови…

Земја на раскошно културно наследство и природни богатства… На листата на желбите на сите освојувачи…

Под будното око на застрашувачкиот и воедно восхитувачки вулкан Етна…

Легендата вели дека кога Господ го создавал светот,

шестиот ден бил задоволен од тоа што го направил и спуштил бакнеж на земјата…

токму на тоа место денес е Сицилија!

 


Слични Понуди

Програма

1
1 ден Скопје - Драч - Бари 06.10.2022
    Поаѓање од Скопје во 10:00 часот.. Патот продолжува за Струга преку граничен премин Ќафасан Албанија, Драч. Бродот испловува од Драч за Бари во вечерните часови. Ноќно пловење со брод
2
2 ден Бари - Палермо 07.10.2022
    Во утринските часови пристигнување во Бари. Упатување кон Сицилија – Мессини. Пристигнување во Сан Џовани траект – возење 40 минути. Пристигнување во Мессини и упатување кон Палермо. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотел. Индивидуална прошетка. Ноќевање.
3
3 ден Палермо - Монреале 08.10.2022
    Појадок. По појадокот разглед на Палермо. Панорамски разглед на Палатата на Норман, Новата Капија,катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот,”Quattro Canti”, Црквата Марторана, театрите Политеама и Масимо. Слободно попладне за шопинг или посета на градот Монреале и катедралата. Враќање во Хотел. Слободни активности. Ноќевање
4
4 ден Палермо - Китанија -Сирагуза- Џ.Наксос 09.10.2022
    Појадок. Во утринските часови заминување за Катанија Разглед на градот и неговите историски знаменитости. Заминување за Сирагуза – разглед на градот и катердала, Аполонов храм. Заминување за Џиардини Наксос. Слободни активности. Сместување во хотел. Ноќевање.
5
5 ден Џиардини Нахос - Тиармина 10.10.2022
    Појадок Факултативна посета на Етна. Oколу 13 часот заминување за Таормина прошетка до Таормина каде што ке имате можност да уживате во прекрасна глетка и да се освежите со италијанско вино или добро капучино. Слободни активности до 17 часот. Враќање во хотел, индивидуални активности. Враќање во хотел. Сместување во хотел во Џиардини Наксос. Ноќевање.
6
6 ден Џиардини Нахос - Бари 11.10.2022
    Појадок. По појадокот заминуваме за Месина.. Продолжуваме кон Бари. Пристигнување во Бари и доколку дозволи времето посета на црквата Св. Никола. Во 20 часот влегување во пристаниште. Пред полноќ испловување за Драч.
7
7 ден Драч - Скопје 12.10.2022
    Пристигнување во Драч-краток одмор. Патувањето продолжува преку граничниот премин
    Ќафасан. Пристигнување во Скопје во попладневните часови со попатни паузи.

Цената покрива:

Организација и реализација на аранжманот и пратител на патувањето
Сместување во хотел 3* во Џиардини Нахос на база 2 ноќевањa со појадок
Сместување во хотел 3* во Палермо/ Летојани/ Чефалу на база 2 ноќевањa со појадок
Повратна карта за брод Драч -Бари - Драч
Сите влезови и дозволи: Катанија, Сирагуза, Палермо, Монреале, Тоармина со водич

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest