БАРСЕЛОНА – КОСТА БРАВА – САЛВАДОР ДАЛИ 16.04.2024 – 22.04.2024
6 ноќи - 7 дена
Полу Пансион
Лет од Скопје Авионска програма ✈
РЕГУЛАРНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА 969 евра
БАРСЕЛОНА
Софистицирана, елегантна и романтична стара дама. Импресивните и необични градби на Антонио Гауди го чинат овој град единствен, а благодарение на широкоградиот дух на Шпанците таа не е само станица на илјадници туристи туку и место каде ќе ја почуствувате топлината на домот. Искористете ја уникатната можност да ги посетите и искусите од прва рака сите културни и архитектонски зданија кои овој град ги нуди на дофат и уживајте во Паркот Гуел, плоштадот на Кристофер Колумбо, плажата Барселонета, плоштадот Каталунија од каде започнува светски познатата пешачка и шопинг улица La Rambla, плоштадот Еспања со импресивните фонтани, Олимпиското село, брдото Монтжуик, олимпискиот стадион, Камп Ноу, музејот на Дали во Фигерас, како и огромен број на други класични и модерни архитектонски ремек дела . КОСТА БРАВА – крајбрежен регион и популарна туристичка дестинација поради умерената клима и прекрасните плажи со кристално чиста вода и волшебен, ситен песок. Додека еден дел од брегот на Коста Брава станал развиена туристичка дестинација, останатите делови го задржале традиционалниот изглед и станале „скриенa скапоценост“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, море, песок и Сангрија. Меѓу најпопуларните одморалишта на овој брег се Калеља, Пињеда де Мар, Санта Сузана, Лорет Де Мар, Бланес... Она што ги прави уште поатрактивни е близината на Барселона – само окулу еден час со воз.