1ви Мај Рафтинг на Тара

Пролетни патувања 2025 > 1ви Мај Рафтинг на Тара

1ви Мај Рафтинг на Тара

РАФТИНГ НАТАРА - ВИКЕНД АВАНТУРА

01.05 – 03.05.2025

               Рафтинг центарот Дрина на Тара е најголемиот центар за активен одмор во Европа и совршено место за сите оние

               кои сакаат да уживаат во рафтинг на реката Тара и да го истражуваат најголемиот и најубавиот кањон во Европa -

               кањонот на река Тара. Фантастичните пејзажи во кои можете да уживате овде се зачувани во два национални парка

               - Националниот парк Сутјеска и Националниот парк Дурмитор. Центарот нуди сместување во повеќе од 140 бунгалови

                изградени во планински стил лоцирани во Рафтинг центар Дрина-Тара,  веднаш на брегот на реката во уникатна природна средина.

                Рафтингот на Тара е најдобрата и највозбудливата адреналинска авантура! 

                        ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209  / 12.960 мкд

                   ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА НЕЗАБОРАВНА АДРЕНАЛИНСКА АВАНТУРА И

                    НАЈДОБРА ЗАБАВА НА РАФТИНГ НА РЕКАТА ТАРА И ДРИНА!! 

                            

                            ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА КАМЕЛИЈА ТУРС – ТУРОПЕРАТОР

                          Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на

                          активностите во програмата.

                          Цената на аранжманот е пресметана на минимум 40 лица

                          Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми

.                         цената на аранжманот.

                          2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување

                          или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање

                          Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа  со нови пасоши и уплата на аконтација

                          која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

                          Аконтацијата се уплака: од 50% од цената. Цената е загарантирана само за целосна уплата.

                          Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

                          Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

                          Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник;

                          или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.

                          Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена

                          (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж,локален водич,факултативите,сместување во објектот).  

                           Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети: Во случај на помал број патници (од предвидените 20

                           патници  не се пријават тогаш се зголемува цената  за факултативите) во зависност од тоа колку ќе се пријават цената на факултативите е

                           подложна на промена на лице место согласно политиката на локалната Агенција или локалниот водич.

                           Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите.

                           Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и локалните објекти

                           кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии.

                           Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

                           Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.

                           Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.

                           Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.

                           Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена

                            во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините

                            закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

                           Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

                           (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина

                            закажана однапред од страна на агенцијат Важат Општите услови на

                             ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ .членка на ЕТОА

                             Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со

                             број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа

                              27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување

                              Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

                              Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување,

                              а остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.

 

Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

Програма

1
01.05.2025 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – ФОЧА
    Состанок на групата во 05:30 часот на паркингот пред Хотел Русија. Поаѓање во 06:00 часот. Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Фоча. Слободно време за одмор и сместување во бунгаловите. Вечера. Ноќевање.
2
02.05.2025 (ПЕТОК) ФОЧА - РАФТИНГ ТАРА
    Појадок. По појадокот во договорено време организиран превоз до рафтинг кампот. Пристигнување во одредено време и добивање на инструкции во однос на правилата и однесувањата за време на рафтингот, како и целосна опрема (одело, чизми, заштитен елек и шлем). Самото време на спуштање е променливо и зависи од повеќе фактори, чија основа е висината на нивото на водата, која е помала како што одминува сезоната, а како резултат на тоа, рафтингот е подолг и може да трае три или повеќе часа. За време на рафтингот ќе направиме паузи за капење и фотографирање и ќе ја посетиме најстудената притока на реката Тара, реката Шипчаница. По рафтингот следува туширање и ручек. Ви предлагаме да го искористите периодот од ручек до вечера за уживање на реката Дрина. Вечера. Ноќевање.
3
03.05.2025 (САБОТА) ФОЧА – ДРВЕН ГРАД - СКОПЈЕ
    Појадок. По појадокот го напуштаме сместувањето и се упатуваме кон посета на Дрвенград, кој претставува етно село. Го изградил познатиот српски филмски режисер Емир Кустурица, а неговата идеја се родила за време на снимањето на филмот ,,Животот е чудо’’ и се е во знакот на филмот, особено во месец Јануари, кога се одржува филмскиот и музичкиот фестивал ,, Kustendorf’’. Има гратска капија, 13 улици, 2 плоштади, кино, спортски центар, тениски терени, пазарче, црква, ресторани, односно поседува се она што поседува и еден град. Улиците и плоштадите ги носат имињата на познати личности од светот на спортот, книжевноста и филмот како што се Новак Ѓоковиќ, Иво Андрич, Федерик Филинија, Марадона.. По називот на ова етно село, може да се претпостави дека во него се е изградено од дрво, а посебно внимание привлекуваат дрвените куќички, односно брвнари кои во селото ги има преку 50. По посета на Дрвенград, поаѓање кон Македонија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Скопје по полноќ, на 04.05.2025 (Недела).

Цената покрива:

Сместување во бунгалови со 2 ноќевања со појадок, ручек и вечера.
Посета на Дрвен град
Лиценциран водич за време на рафтингот
Автобуски превоз на наведената релација

Цената Не покрива?

  • Туристичка такса – 2 евра по лице од ноќ
  • Патничко осигурување – 200 мкд

Pin It on Pinterest