Куба

Куба

                                    К У Б А со Варадеро и Хавана

Термин 19 - 29.03.2024

11 дена - 9 ноќи / Aвион-Aвтобус
              KУБА преставува неодолива атрактивна дестинација за секого бидејќи речиси се што тука ќе сретнете е исклучително интересно.
              Во нејзиното богато минато свое место завземаат шпанските освојувачи, карипските пирати, црните робови, американските
              магнати и мафијаши, домашните диктатори и револуционерите.
              Прекрасни градови чии згради честопати претставуваат успешни комбинации на различни стилови, меѓу кои би ја издвоиле Хавана
              - во исто време метрополитски град со старо романтична - колонијална архитектура. Може да се забележи дека Кубанците како народ
              се секогаш насмеани, пријателски расположени и образовани, буквално прават се за да ги изненадат и расположат бројните странци.
              Долгите песочни плажи ги заплискува топлото, тиркизно сино море и бујната вегетација која ги краси парковите,
              градините притоа исполнувајќу го воздухот со ароматични мириси
Цена на Аранжманот: 2.450 евра
Вардеро: ХотелМЕЛИА ВАРДЕРО5*:https://www.melia.com/en/hotels/cuba/varadero/melia-varadero
Се наога на сама песочна плажа во Вардеро,на 7 км од центар.Во близина се наоѓа и Шопинг центар
и Варадеро голф клуб со 18 терени.
Хотелскиот комплекс е изработен во пиримидален стил,со балкони/тераси мини, има преубав поглед на азурното море.
Сместувањето е во стандард 1/2 соби,
секоја климатеризирана, со директна телефонска линија,сателитска ТВ, опремено купатило,апарат за кафе/чај мини бар.
Како други содржини хотелот има: отворен базен
со бар во преубава градина со бујна вегетација,  фитнес центар, спортрски терени,фризер,продавници за сувенири,бутици,
рента кар, паркинг, со дневни и ноќни анимации.
Услугата е на база се вклучено.Хотелот нуди и доктор на повик.Хотелот не располага со трокреветни соби
Хавана: Хотел MELIA COHIBA 5* https://www.meliacuba.com/en/destinations/havana/hotels/melia-cohiba
Се наоѓа во новиот дел на Хавана,во квартот Ведадо, на 50м од моретои шеталиштето Малекон,6км од центарот на старата
Хавана е оддалечен 6 км.
Секоја од собите има купатило,клима,ЛЦД ТВ, сеф,мини бар со доплата фен,апарат за кафе/ чај,Wifi.
Хотелот располага  со 5 ресторани,
3 бара,надворешен базен, салон за убавина, масажа,сауна,појадокот е на база самопослужување.
Дрес-кодот во рестораните е задолжителен.
Важни информации за факултивите
Факултативите се подложни на измени доколку има работа на патот, локалитетите, штрајкови,собраќајен метеж,
промена на работно време или слично.)
Пријавување се врши на лице место со уплата. Минимум за реализација  е 15 патници,
во спротивно локалниот организатор
и коорганизатор имаат право да ја сменат цената.
ФАКУЛТАТИВНИ ЕСКУРЗИИ ОД ВАРАДЕРО: Минимумот за реализација на екскурзијата е 15 лица.
Во случај на помал број пријавени патници,
патувањето може да се реализира со променета цена. Пријавувањето и уплатата на факултативните излети се врши на лице место.
Факултативните излети
не се покриени со гаранцијата за патување на организаторот, бидејќи се организирани од локални партнери.
Содржината на факултативните излети подлежи на промена
доколку тоа е условено од оправдани причини (работи на патишта, локалитети, штрајкови, колапс на сообраќајот,
промена на работното време итн... )
• Организаторот на патувањето го задржува правото да ја промени цената на патувањето во случај на промена на цената на превозот,
како и да го откаже патувањето во случај
на недоволен број пријавени патници или да им понуди на патниците можност да организираат индивидуално патување
за наведената дестинација,
со промена на цената на патувањето. Минималниот број на пријавени патници за реализација на овој аранжман е 15.
Рокот за откажување на патувањето од страна на организаторот на патувањето е 15 дена пред патувањето, по овој основ.
Доколку организаторот е спречен да го изврши договорот
поради неизбежни и вонредни околности, тој е должен да го извести патникот за раскинувањето на договорот без непотребно
одлагање веднаш по дознавањето и пред да започне патувањето.
• Конечниот износ на авио билетите е предмет на промена и се одредува при издавањето на авионскиот билет,
најдоцна 48 часа пред почетокот на патувањето.
• Поради промена на цената на горивото на пазарот на нафта, можно е да се воведе доплата на гориво,
чиј износ е предмет на промена до почетокот на патувањето
и ќе важи за сите пријавени патници
• Сите патници се должни да ги почитуваат важечките законски царински прописи з
а изнесување девизи надвор од државата.
*Гуама и Заливот на свињите - Цена 70 €
Возење низ плантажи на шеќерна репка и грејпфут до ранчот на кој ќе имате можност да се
запознаете со флората и фауната на Куба.
Посета на етно паркот Гуама,возење со чамци до Островот на богатството на кој позната кубанска уметничка Рита
Лонганаправила копија во природна големина
на која се прикажува начин на животна локалното население пред доагањето на Европејците.
Враќање назад за Ручек (пијалокот не е вклучен во цената.)
Посета на Фарматасо крокодили, а потоа и Заливот на свињите.
Време за одмор и бањање во Карипското море.
Враќање во Хотелот во попладневните часови.
*Три градови: Санта Клара,Тринидад и Сијенфуегос – Цена 130
Целодневен излет кој нуди можност за посета на 3 преубави града: Санта Клара  градот-херој  во кој се водени
  финалните биткиза време на Кубанската револуција;
посета на Меморијалниот Комплекс Че Гевара каде е чуваат посмртните останки на овој познат
револуционер и неговите соборци;
Кратка пауза за посета на блиндираниот Воз-симболот на падот на тогашната диктатура; Тринидад (УНЕСКО заштита)
магичниот град кој како да е заспан во 19-иот
веки во кој ниедна куќа нема повеќе од 1 кат; посета на Куќата Музеј на едно од најбогатите семејства во ова место; следува Ручек во национален ресторан (1 пијалок вклучен)
Одмор со посета на ресторанот“Canchancharaдегустација на истоимениот коктел со звуците на кубанската музика;
Сијенфуегос:
еден прекрасен приморски град (со стил на византиско-венециско-маварска архитектура) на чиј плоштад се наоѓа Триумфална капија,
познатиот Театар Tomas Terry”
КАТАМАРАНЦена 115 €
Целодневно патување. Автобуски трансфер до пристаништето Гавиота, качување во катамаран
и возење до базен, каде што гостите имаат
можност да се сликаат со делфиние (сликањето не е вклучено). Потоа се возиме до островот Кајо Бланко;
Ручек: Карипски јастог (вклучен во цената)
и можност за пливање. На враќање, пливање во корален гребен каде се добиваат маски и перки
за набљудување на подводниот свет на Куба
ЏИП САФАРИ (ЕКО ТУРА)Цена 100 €
Незаборавна целодневна авантура со возење џип по селските патишта низ полињата со шеќерна трска
 во кубанската савана.
Попатна посета на Сатурновата пештера и можност за пливање во посвежа слатка вода. Возење со брод по реката Канимар.
Време предвидено за
Ручек на селски ранч, пауза за јавање коњи или бикови. Поминување низ Матанцас,
главниот град на истоимената провинција.
Враќање во хотел во попладневните часови.
ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ ОД ХАВАНА:
КАБАРЕ ТРОПИКАНА ШОУ (со трансфер) Цена 120 €
Завземете ги најдобрите седишта и уживајте во живата кубанска музика, фасинантната кореографија
и шарените костими на кабарето Тропикана.
Од неговото отворањето во 1939 година, ова Шоу на отворено привлекува посетители од целиот свет
и до ден денес продолжува да ги забавува.
Танчерите ќе Ве повлечат од вашето место и заедно со Вас ќе затанцуваат под звуците на автентичната кубанска музика
како што се салса, болеро, мамбо и многу други !
ВИЊАЛЕСЦена 100 €
Целодневна постеа на Долината на тутунот - Вињалес, која се наоѓа во провинцијата Пинар дел Рио-позната по
најголемото производство на тутун во Куба.
Уживање во панорамскиот поглед на Сиера дел Росарио, потоа пристигнување во пештерата Куева
дел Индио (Пештерата на Индијанците),
можност за возење со брод и притоа поглед на многу интересни карпести формации. Ручек во ресторан. Враќање во Хавана.
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАТУВАЊЕ:
Потребна влезна виза за Куба. Задолжително е патникот да го провери времетраењето и
точноста на патен документ, и
слободни странициво пасош за патувањето.
Пасошот мора да важи најмалку 180 дена (6 месеци) од денот на враќањето во земјата.
• Куба е земја каде што е вообичаено и задолжително да се дава бакшиш за услуги во хотели, ресторани, автобуси...
• Еден багаж до 23 кг и еден рачен багаж со максимална тежина од 8 кг е дозволен на лет на Ер Србија,
а дозволен е еден багаж до 20 кг и еден рачен багаж со максимална тежина од 8 кг. на летот на Кондор.
Сите патници се должни да ги почитуваат важечките законски царински прописи за отстранување на девизи од државата.
• Струја/напон: 110 V / 60 HZ (Потребни се адаптери TYPE A И B (американски тип) -
Хотелите главно имаат европски приклучоци во собите,
но се препорачува да се понесе еден адаптер.
• ВАЛУТА: КУП (кубански пезос) реален девизен курс 1 ЕУР = приближно 120/140,
национален девизен курс 1 ЕУР = 25 CUP.
По пристигнувањето, водичот ќе ви помогне да разменувате пари.
Во менувачниците и хотелите курсот е неповолен. Во Куба во оптек се евра и долари,
секогаш е подобро да имаш евра. (металните евра не се во оптек).
Платежните картички се користат во хотелите и државните продавници и тие можат да ви наплатат во долари,
евра или пезоси според курсот што го пресметуваат.
Во секој објект е различно, но освен готовина која е во широк оптек, треба да понесете и картичка.
•Водата од чешма во Куба не се пие.

Важат општите услови на патувањето на ТА.Камелија Турс,побарајте ги условите на патувањето во агенцијата и договор.

Плаќањето се наплаќа во денари.

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден 19.03.2024 Белград - Франкфурт - Варадеро
    Полетување од аеродромот “Никола Тесла” во 04:30 часот. Полетување за Франкфурт во 07:05 часот (лет JU 330 и слетување во 09:10 часови. Полетување за Хавана во 15:30 часот (лет DE 2198). Оброк во авион. Пристигнување во Хавана во 20:45 часот. По завршување со пасошките формалности трансфер со автобус до Хотел *на база се вклучено ". Ноќевање.
2
2 Ден 20 - 24.03.2024 Варадеро
    Слободни активности за плажа и други активности. За време на Вашиот престој во Варадеро предвидени се факултативни излети. Ноќевање. 7 Ден 25.03.2024 Варадеро - Хавана
3
7 Ден 25.03.2024 Варадеро - Хавана
    Појадок. По појадокот заминување за Хавана. Посета на музејот на Хемингвеј “La Vigia”, потоа рибарскиот град Kohimar во кој Хемингвеј ја напишал книгата “Старецот и морето”, посета на тврдината Моро, каде што можете да го видите со поглед Ликата кој ја користеле шпанците во 16в. По кратката пауза ручек во ресторанот Флоридита (вклучено во цената.) Следи прошетка по улиците на стара Хавана кои ја основале шпанците и која е прогласена од УНЕСКО за светска културно наследство, ,,улицата Прадо, Флоридита-бар во кој Хемингвеј пиел даикири, Плоштадот со Катедралата, Плоштадот на Револуцијата, Плоштадот на оружјето и Плоштадот Фрање Ашишко. Заминување кон хотел. Ноќевање.
4
8 Ден 26.03.2024 Хавана
    Доручекот. Полудневен разглед на модерната Хавана, разглед на неколку градби од 60-тите години, спомениците посветени на националните херои, како Хозе Марти на Плоштадот на Републиката и на Чегевара. Разглед на Музејот на рум. Пауза за ручек (факултативно). Посета на Национален хотел, кој се смета за симбол на историјата, културата и го симболизира кубанскиот идентитет. (Вклучен е еден коктел.) Враќање во хотел и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
5
9 Ден 27.03.2024 Хавана
    Појадок по појадокот слободни активности и индивидуални самостојни прошетки.Ноќевање
6
10 Ден 28.03.2024 Хавана – Франкфурт
    Појадок. По појадокот време за слободни активности.Следи трансфер со Аеродром. Полетување за Франкфурт во 19:45 часови. (лет DE 2185).Оброк во авионот.
7
11 Ден 29.03.2024 Франкфурт – Белград
    Слетување во Франкфурт во 10:35 часови.Патувањеро го продолжуваме со лет за Белград во 20:25 часови (лет JU 335). Слетување во Белград во 22:15 часот

Цената покрива:

Авионски превоз на релација Белград-Франкфурт-Ваедеро и Хвана-Фанкфурт-Белград.
Хотел 5* во Вардеро на база се уклучено
Хотел 5* во Хавана на база со појадок(посета на две локации со разглед на Хавана со еден уклучен ручек)
Аеродронски такси во моментот на пријавена програма од износ од 180 еур.
Пратител на патувањето лиценциран 151.локален водич
Сместување во 1/2 соба

Цената Не покрива?

  • Целосен износ на авио такса која е подложна на промена и се утврдува пред издавање на авионската карта, најдоцна 48 часа пред започнување на Аранжманот
  • Факултативни износи
  • Бакшиш за локален водич и за возач
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Превоз Ск-Белград-Скопје

Pin It on Pinterest