Сицилија 14ти Март

Мартовски патувања 2025 > Сицилија 14ти Март

Сицилија 14ти Март

С  И  Ц  И  Л  И  Ј  А

                Термин 14.03 – 17.03.2025 

СИЦИЛИЈА e  oстров кој има типична медитеранска клима и е познат по своите катедрали, лозја,

плажи и неверојатна архитектура,. Операта во Палермо и барокните цркви на УНЕСКО

во Ното и Модика се светски познати сицилијански архитектонски знаменитости,

заедно со грчките храмови на долината на храмовите лоцирани во Агриџенто..

Од 1860 година, Сицилија еофицијален дел од Италија. Прво, островот беше споен со Кралството Сардинија,

а подоцна Кралството Сардинија се спои со Кралството Италија.

Од 1946 година, Сицилија е автономен остров во рамките на Италија.

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 535 EВРА 

ЦЕНА СО ПОПУСТ ДО 20.01.2025: 510 EВРА 

Напомена:Во делот на факутативите можна е промена на објавените факултатививо зависност од бројот на пријавени патници,

може да се зголеми или да се намали цената на излетите 

 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА КАМЕЛИЈА ТУРС – ТУРОПЕРАТОР

  

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И 

 

Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот

на активностите во програмата.  Цената на аранжманот е пресметана на минимум 20 лица

 Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже

или да ја зголеми цената на аранжманот. 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите

за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање

   Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа  со нови пасоши и уплата на аконтација која е

неповратна во случај на отказ од страна на патникот.Аконтацијата се уплака: од 50% од цената.

Цената е загарантирана само за целосна уплата.Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација,

а остатокот е подлежен на промени.Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал

Аранжманот и е согласен со истиот.Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот

на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на

аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.Организаторот го задржува правото да ја намали или з

големи цената во случај на промена ( авионски билет, туристичка / аеродромска такса,

копнен сообраќај,додатен багаж,локален водич,факултативите,сместување во објектот).Организаторот го задржува правото

за промена на ценитена факултативните излети: Во случај на помал број патници (од предвидените 20 патници  

не се пријават тогаш се зголемува цената  за факултативите) 

во зависност од тоа колку ќе се пријават цената на факултативите е подложна на

промена на лице место согласно политиката на локалната Агенцијаили локалниот водич. 

Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите. 

Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото

како и локалните објекти кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии. 

Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или

да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување,

непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич. 

Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата 

(застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници,

непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата 

  Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ членка на ЕТОА 

Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси 

АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. 

Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари. 

  Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, 

а остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање 

 

 

Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

 

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден / 14.03.2025 Скопје - Тирана –Taормина- Катанија
    Состанок на групата на договореното место и поаѓање за Тирана во 05:00 часот. Полетување од Тирана за Катанија во 13:05 и слетување во 14:35 часот во Катанија, пречек од страна на нашиот локален водич во Катанија. Организиран разглед на Таормина, пешачка прошетка по живописните улички на најпознатото одмаралиште на Сицилија. Автобусот не остава на паркингот во подножјето на градот, од каде одиме до централната улица. Прошетка со преубавиот поглед кон заливот на Џардини Наксос, разглед на градскиот парк, прошетајте по главната улица со панорамски плоштад „IX април”, каде се наоѓа и познатиот „Вундербар” – омилено место на Елизабет Тејлор, плоштад „Дуомо”, омилено место на Оскар Вајлд. Тука е и фонтана „Четири фонтани” со кентаур, кој е симбол на градот.Богат избор на прекрасни сладоледџилници (Џелатерии), кафетерии и продавници на облека и сувенири. Слободни активности доколку ни дозволи времето.
    Во договорено време се упатуваме кон Катанија, сместување во хотел, вечерен разглед на градот со неговите културно историски знаменитости. Овој град под Етна, после бурната историја и земјотресот, обновен е во 17 век во барок стил и е најголемо пристаниште и стопански центар на Сицилија која можете да ја доживеете во вечерната прошетка. Пешачки разглед на историскиот центар. Меѓу многуте раскошни палати и цркви, се истакнува катедралата која го носи името на Света Агата – заштитничка на градот. Прошетката продолжува покрaj рибниот пазар, еден од најпознатите во цела Италија, дворецот Урсино изграден во 13 век, Универзитетот, улицата Via Crociferi. Враќање во хотел во Катанија. Ноќевање.
2
2 Ден / 15.03.2025 Палермо
    Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Палермо со локален професионален водич. Разглед на градот и неговите културно историски знаменитости. Ќе можете да ја посетите Палатата на Норман, Новата Капија, Катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот,”Quattro Canti”, Црквата Марторана, театрите Политеама и Масимо. Враќање во Катанија. Слободни активности. Ноќевање.Разглед на градот и неговите културно историски знаменитости. Ќе можете да ја посетите Палатата на Норман, Новата Капија, Катедралата, плоштадот Виљена и фонтаната на срамот,”Quattro Canti”, Црквата Марторана, театрите Политеама и Масимо. Враќање во Катанија. Слободни активности. Ноќевање.

3
3 Ден / 16.03.2025 Сирагуза - Eтна
    Појадок. По појадокот факултативно заминување кон Сирагуза, со локален професионален водич. Разглед на градот, катедралата, Аполонов храм. По кратка пауза посета на Етна до 1980 метри, кратери Силвестер, каде што можете да уживате во убавините на оваа планина и каде што одалеку ќе може да го видите вулканот Етна. Враќање во Катанија во вечерните часови. Ноќевање.
4
4 Ден / 17.03.2025 Катанија- Tирана
    Појадок. По појадокот слободни активности и одјавување од хотел. Во договорено време заминување кон аеродромот. Полетување во 11:05 часот. Слетување во Тирана 12:30 часот. Автобуски трансфер од Тирана до Скопје.

Цената покрива:

Oрганизација и водство на патувањето
Авионски превоз на наведената релација Тирана- Катанија - Тирана
Пречек со локален водич во Катанија
Сместување во хотел со 3* во Катанија 3 ВВ
Разглед на Катанија со локален водич
Разглед на Таормина со локален водич
Организиран автобуски трансфер: Скопје - Тирана – Скопје

Цената Не покрива?

  • Вленици за културно-историски споменици
  • Разглед на Палермо со локален водич 55 eвра
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 2 еур (по ноќевање)
  • Разглед на Сирагуза и Етна до... 1980 метри надморска височина со локален водич 60 евра
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 40х30х20cm (со максимум 9kg)
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 10kg или 20kg

Pin It on Pinterest