Валенсија Авионска Програма

Мартовски патувања 2025 > Валенсија Авионска Програма

Валенсија Авионска Програма

Валенсија Аликанте и Табарка

                                                                               Термин 05.03 – 09.03.2025                  

                                                                                  Авионски програм

                                                       Цена на аранжманот:629 €

                             Валенсија, Аликанте и остров Табарка се вистински бисери на Средоземјето,  секој со своја уникатна убавина и шарм.

                        Валенсија е град кој го спојува модерното и традиција,својата позната архитектураја прикажува преку импресивни згради

                        како„Градот на уметностите и науките“ и старите улици околу „Лонха де ла Седа“.

                        Љубителите на култура и гастрономија ќе уживаат во вкусот на традиционалната паеља и свежите морски плодови,

                        додека жителите на овој динамичен град ја слават и природата со прекрасните плажи и парк „Албуфера“.

                        Патувањето на југ води кон Аликанте, град со долгогодишна историја, прегрнат од сонцето на брегот.

                        Популарната плажа „Посуиг“ и историскиот замок „Санта Барбара“ се само некои од атракциите кои го

                        прават Аликанте посебен. Прекрасниот Медитеран го обликувал секој агол на ова живописно место.

                        Од Аликанте, еден од најпопуларните излети е до островот Табарка, мал медитерански рај,познат по кристално

                        чистото море и уникатниот подводен свет. Островот, кој е само кратка пловидба од копното, е идеален за нуркање,

                        пешачење по тесните камени улици и уживање во традиционалната морска кујна. 

                        Комбинацијата на Валенсија, Аликанте и Табарка нуди неверојатно искуство, идеално за оние кои сакаат да

                        уживаат во убавините на Медитеранот, историските локалитети и неодоливите природни пејзажи.

 

Слични Понуди

Програма

1
05.03.2025 СКОПЈЕ - ВАЛЕНСИЈА
    Состанок на групата во договореното време и заминување на аеродром. Полетување во 16:20 часот. Транзит во Франкфурт и пристигнување во Валенсија во 22:45 часот. Сместување во хотел. Ноќевање.
2
06.03.2025 ВАЛЕНСИЈА
    Појадок. По појадокот Се упатуваме кон City of Arts and Sciences, архитектонско ремек-дело кое ја комбинира науката, уметноста и технологијата. Овој футуристички комплекс, дизајниран од познатиот архитект Сантијаго Калатрава, е дом на неколку уникатни згради, вклучувајќи го и импресивниот опсерваториум L’Hemisfèric, интерактивниот музеј на науките Príncipe Felipe и најголемиот океанографски парк во Европа, L’Oceanogràfic. Со своите иновативни форми и современ дизајн, City of Arts and Sciences е симбол на модерната Валенсија и привлекува посетители од целиот свет. Потоа одиме во стариот град, магичен симбол кој ги воодушевува посетителите со малите, тесни улички, импресивни градби и паркови со дрвја од портокали и лимони. Посетата започнува од северната станица, минувајќи од поштата, градската куќа, Маркесот на две води, централниот пазар, размената на свилата, катедралата, базиликата, археолошкиот музеј, палатата Борџа и кулите Серано и мостот на градините Турија. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
07.03.2025 АЛИКАНТЕ
    Појадок. Факултативна екскурзија во Аликанте.
    За восхит на љубителите на извонредната архитектура, богата историја и културно наследство, одлични плажи, шопинг центри и бројни други атракции: тврдината “Санта Барбара”, изградена на 166 м височина на ридот “Бенакантил”; прoшетка по крајбрежната улица “Еспланада” со препознатливата алеја од палми – симбол на морската душа на градот; катедралата со сина купола “Сан Николас”; Градското собрание на Аликанте, кое се одликува со орнаментирани елементи и интересни фасади на двете кули. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

4
08.03.2025 ТАБАРКА
    Појадок. Факултативна екскурзија до островот Табарка: мал, но исклучително привлечен “медитерански рај”, кој се наоѓа во близина на брегот на Аликанте. Овој мал остров со својата нескротлива убавина, историска значајност и природни богатства, е едно од најпопуларните места за излети и туризам во регионот. Во 18-тиот век, по наредба на шпанската кралица, островот бил претворен во затвор за арапските пирати кои го напаѓале брегот на Шпанија. Оваа историја на островот се чувствува и денес, со старите згради, вклучително и силната камена тврдина (најголемата изградена во Шпанија за време на кралот Карлос III) која била изградена за да го заштити островот од пиратите. Неверојатно атрактивен остров кој ја нуди една од најчистите и најубавите природни средини во регионот. Со својата недопрена природа, историски значајни локалитети и мирна атмосфера, Табарка е идеална дестинација за оние кои сакаат да побегнат од гужвата и да сакаат уживаат во природната убавина на медитеранскиот животен стил.

5
09.03.2025
    Ран појадок. Поаѓање кон аеродромот. Полетување во 06 часот. Транзит преку аеродромот во Франкфурт. Пристигнување во Скопје во 15:05.

Цената покрива:

Авионски превоз на релација Скопје – Валенсија -Скопје
Рачен багаж (1 торба до 8кг)
Сместување во Hotel Turia 4*во центарот на Валенсија на база 4 ноќевања со појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

Цената Не покрива?

  • Целодневен разглед на Валенсија со водич – 30 евра
  • Екскурзија во Аликанте 80 евра
  • Екскурзија на островот Табарка – 85 евра
  • Пакет за уплата на сите екскурзии 180 евра
  • Доплата за багаж – куфер до 23кг, чекиран багаж – 60 eур за 2 правци
  • Патничко – здравствено осигурување

Pin It on Pinterest