Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Инн во договорено време. Трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 15 часот . Организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка низ Ларнака. Ноќевање.
2
28.04.2023 ЛИМАСОЛ
Појадок. Поаѓање за посета и разглед на Лимасол каде ќе ги откриете историските знаменитости и почуствувате раздвижената атмосфера на овој нов град. Посеа на археолошкиот локалитет Амантус град основан во 1100 г. п.н.е. а подоцна и заштитен под УНЕСКО. Продолжена посета кој остатотците од Храмот на Афродита и ранохристијанските базилики; Средновековниот замок Лимасол каде со неговиот внатрешен ентериер ќе се воодушевите во неговиот раскош. Прошетката продолжува кон еден од најубавите медитерански паркови, шеталиштето Молос и Лимасол Агора нудејќи уникатни гастрономски и шопинг можности. Слободно време. Враќање во Ларнака. Ноќевање
3
29.04.2023 НИКОЗИЈА
Појадок. Факултативна посета на Никозија град кој е поделен на грчки и турски дел. Прошетката започнува низ најстариот и најголемиот археолошки музеј на Кипар. Архиепископската палата со импресивни религиозни уметности за восхитување. Разглед: се посетува северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција, некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија, посета на делот од градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари, Бујук Хан – затворениот пазар, изграден во 1572 год кој е се уште одлично сочуван и е главна туристичка атракција. Прошетка по Ледра, денес името на напопуларната трговска улица во Никозија кадешто локалните трговци ќе ви понудат секакви традиционални кипарски ракотворби. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
4
30.04.2023 ЛАРНАКА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром, полетување во 13 часот. Слетување во Солун во 15:15 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Ние користиме колачиња(cookies) за да овозможиме оваа веб страна да работи правилно како и за нејзино понатамошно подобрување се со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња. Дознајте повеќе
Задолжителни
Статистика
Маркетинг
Our website uses cookies to ensure you have the best experience. To learn more about this or to change your settings, see our Privacy Policy. AcceptNo