ВИЛА МОДЕРНО – СКИЈАТОС, ЛЕТО 2025
Локација https://maps.app.goo.gl/NtWZnpcknBZ5uAUG7
На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна
Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос,
ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите.
ТЕРМИН |
РЕДОВНИ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ |
22.05.2025-29.05.2025 |
168е |
29.05.2025-05.06.2025 |
158е |
05.06.2025-12.06.2025 |
194е |
12.06.2025-19.06.2025 |
238е |
19.06.2025-26.06.2025 |
273е |
26.06.2025-03.07.2025 |
321е |
03.07.2025-10.07.2025 |
374е |
10.07.2025-17.07.2025 |
400е |
17.07.2025-24.07.2025 |
400е |
24.07.2025-31.07.2025 |
400е |
31.07.2025-07.08.2025 |
400е |
07.08.2025-14.08.2025 |
400е |
14.08.2025-21.08.2025 |
400е |
21.08.2025-28.08.2025 |
400е |
28.08.2025-04.09.2025 |
352е |
04.09.2025-11.09.2025 |
290е |
11.09.2025-18.09.2025 |
229е |
18.09.2025-25.09.2025 |
176е |
25.09.2025-02.10.2025 |
167е |
Villa Moderno во самиот центар на островот располага со 4 модерно уредени студиа на приземје,
а секое студио има свој тоалет, тераса и мини кујна.
Студио број 1 располага со еден брачен кревет и еден кревет на извлекување којшто е одделен од просторијата кадешто е брачниот.
Студиото нуди сместување за 2 возрасни лица и две деца до 12 години или 3 возрасни лица.
Студио број 2 располага со еден брачен кревет. Студиото нуди сместување за 2 лица.
Студио број 3 располага со еден брачен кревет и еден кревет на развлекување. Студиото нуди сместување за 3 возрасни лица.
Студио број 4 располага со еден брачен кревет и еден кревет на развлекување. Студиото нуди сместување за 3 возрасни лица.
Цената вклучува:
-8 dena / 7 ноќи во вила Moderno (цени по лице)
-Автобуски превоз на релација Скопје-Волос -Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
m Доплати:
–Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
–Трансфер Битола и Прилеп 10€ по лице во правец
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
- Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќање кај сопствениците на вилите
Важно
Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин
на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
Поаѓањето е секоја среда. Четврток е прв ден од одмор
Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација.
Доколку поминат истите а нема потврда од уплата ( во канцеларија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патникот пред дадениот рок.
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време, Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација,
организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
Доплата за туристичка такса 14еур од студио или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај сопствениците)
Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1еур = 62 мкд
Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на интернетот, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност
зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори, како агенција нема било каква
одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит)
од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата,
а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday
понуда или да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
Термините за лето 2025 на Скијатос се од четврток до четврток, поаѓање секоја среда навечер.
Првиот термин започнува од 29-ти мај, а последниот термин завршува на 2-ри октомври.
Поаѓањето е секоја среда навечер. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
Нашиот туристички придружник се грижи патниците да се сместат на траект кој сообраќа на релација
Волос-Скијатос-Волос. Пристигнување на Скијатос во утринските часови.
Сместување после 14:00 часот по локално грчко време.
Поаѓање за Македонија секој четврток.
Факултативни излети
Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos
Цена за пакет: ќе биде објавена пред почетокот на летото
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава.
Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата.
Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место,
место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.
Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок.
Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован.
Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia.
Крстарење кое претставува целодневно уживање.
Banana beach - Цена за пакет:
ќе биде објавена пред почетокот на летото
Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка.
Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.
Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и
трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате.
Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука.
Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!
Важат општите услови на патување на Т.А. Камелија Турс Тур –Оператор.
Побарајте програма при уплата на аранжман се уплаќа 30% за автобуска -50% авионска,
преостанатиот износ од цената на аранжманот се доплаќа 10 дена пред поаѓање независно дали програмата е авионска,
автобуска, бродска, индивидуално или групно патување.
Секоја програма е креирана према условите на давателот на крајната услуга.
Побарајте патничко осигурување и договор за патување.
Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.
Во готово – авансно кредитни картици, вирманско плаќање.
Патникот го потпишува Договор пријава за патување и е согласен истиот
Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена
на возниот и воздушниот собраќај,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл..
Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на сместувачкиот капацитет/објект,превоз
како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барање на нова услуга да се информира
кај преставник,водич доколку има.
Доколку нема патникот треба по писмен пат на мел да ја извести агенцијата за настанта ситуација,
нашите агенти љубазно ќе Ви одговорат.Доколку патникот е незадоволен треба да се обрати од 2 -5 дена
по завршувањето на услугата по писмен пат мел да се обрати до матичната АГ.
Се замолуваат патниците на време да бидат на појдовното место. Агентите 2 дена пред тргнување ќе го
известат носителот на пријавата на договорот што го потписале во агенцијата останатите патници кои се запишани
на самиот договор должни се да се информираат лично за ИНФО Опции на плакање преку синдикати и работни организации\
со посебни договори.Носител на овој програм е Камелија Турс или ко -организатор.
Нашите агенти при избршување на уплата ќе ги известат за сите додатни информации на барање на патникот.
Информирајте се во Агенцијата за пасошот и визата за граѓаните на РСМ-,
како и за здравствените формалности неопходни за патувањето.
Во делот на новата настаната ситуација за информации од јавен карактер известување за патници што влегуваат во ЕУ
секој патник треба да се информира преку јавните гласили и портали за пополнување на електронска апликација.
Информациите се преземени од Јавни гласила. Агенцијата нема одговорност.Важат Општите услови на ТА
Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ Трошоците за подготовка и организација на патувањето
со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и
(Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции Лиценца издадена од Министерство за
Економија за вршење на дејност како и сертификат за работа.
ТА КАМЕЛИЈА ТУРС ТУР ОПЕРАТОР ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ И ПРИЈАТЕН ОДМОР