Tрикала

8ми Декември 2025 > Tрикала

Tрикала

БОЖИЌНИ ДОЖИВУВАЊА

  ТРИКАЛА – В О Л О С – Л А М И А – ЛАРИСА – СОЛУН

 

Tермин: 06.12 - 08.12.2025  |  3 дена / 2 ноќи со aвтобус

 

Х. АЗУР 4*    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 8.900 денари

 Х. Александрос 3*     ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.900 денари

Напомена: Краен рок на пријавување до 01.12.2025 година.

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување...

 

Важат општите услови за патување на Т.А.Камелија Турс

Слични Понуди

Програма

1
06.12.2025
    Поаѓање во 05.00 часот пред агенција Бран, се патува преку граничниот премин Меџитлија – Ники, преку Птолемаида – Гревена со попатни паузи. Пристигнување на Метеорите, област Тесалија, која ја красат гигантски карпи, на кои се изградени средновековни Манастири со висина од 100 – 150 м. Некогаш Биле 24, но денес се активни само 4 – 5. Ќе се посети најголемиот манастир Голема Метеора или еден од најубавите манастири – Варлаам. Потоа се поминува низ туристичкото градче Каламбака – под Метеорите, па се продолжува за Трикала каде секоја година се одржува манифестација по повод Божиќните празници, каде има Волшебен Божиќен Забавен парк за возрасни и за деца.Влезот е бесплатен. Таму ќе се видат: куќата на Дедо Мраз, куќата на џуџињата, на самовилите, фабрика за чоколади, слаткарница, пазар на печурки, бунар на желби…Потоа се поминува низ Лариса и пристигнување во Волос во попладневните часови. Сместување во хотел.Попладнето разглед на градот. Волос е еден од најатрактивните туристички градови во Грција, беше град-кандидат за Европска престолнина на културата во 2021 г., со 85000 жители.Волос е големо трговско пристаниште на континентална Грција во Егејското Море (по Пиреја и Солун), со врска со ферибот до блиските острови Скијатос, Скопелос, Лемнос, Лезбос…, со Европа поврзан со свој аеродром.Центарот на Волос е пешачката улица Ерму, Митрополитската катедрала Свети Никола – најважната во градот. Катедралата од 1930-тите е трикорабна базилика со огромна купола и камбанарија.Околу црквата има бројни кафулиња, барови и ресторани. Мештаните доаѓаат тука за да се дружат, да се молат и да се релаксираат. Археолошкиот музеј Атанасакио е на половина час пешачење од катедралата.Овој музеј од 1909 година е еден од најстарите во земјата. Самата неокласична зграда е исто така атракција. Паркот Анаврос околу музејот нуди прекрасна прошетка покрај морето.Oмилено место во Волос е паркот Свети Константин. Волос е познат по својот асортиман на алкохолен пијалок познат како ципуро. Ноќевање.
2
07.12.2025
    Појадок. Факултативен излет до Ламија – стар град основан во античко време. Легендата вели дека градот го добил името по митолошката ќерка на богот Посејдон и Тракиската кралица Ламија. Како човечко живеалиште, Ламија е населена уште од 5-тиот век п.н.е.,како важно спартанско воено упориште окупирано од Александар Македонски. Со 70.000 жители, градот е административен и економски центар на регионот . Од знаменитости може да се видат:Кастро– утврдената акропола на градот од 13-ти век., нуди незаборавен поглед на градот и околната.Археолошкиот музеј се наоѓа во рамките на замокот, изграден во 1830 год. од страна на Отон, првиот баварски крал на Грција.Платија Елефтеријас (Плоштад на слободата) -каде што се одржуваат парадите за Денот на независноста и каде што се наоѓа градската Католичка катедрала Успение на Пресвета Богородица.Платија Диакоу (Плоштад Диакос)- каде што се наоѓа статуа на грчкиот херој Атанасиос Диакос-,грчки воен командант за време на Грчката војна за независност.Платија Лао (Народен плоштад) -со статуата на Арис Велукиотис, еден од водачите на грчкото движење на отпорот за време на Втората светска војна.Враќање во Волос. Ноќевање.
3
08.12.2025
    Појадок. Поаѓање за Лариса– главен и најголем град во регионот Тесалија, четврти град во Грција со околу 130.000жители. Се наоѓа на реката Пинеос. Лариса е град со голем број јавни институции:има три јавни болници, од кои едната е воена болница, каде што се наоѓа и седиштето на грчките воздухопловни сили,Медицински факултет, како и Факултет за биохемија и биотехнологија, како и Технолошки институт. Во Лариса има две библиотеки и неколку музеи: Археолошки музеј, Музејот за историја и уметност, Воениот музеј, а тука е и Уметничка галерија со изложби на слики и скулптури. Првиот антички театар е заштитен знак на Лариса и најважниот туристички споменик . Базиликата Свети Ахил е рановизантиска базилика,таа е посветена на Свети Ахил, кој е заштитник на градот Најпознатиот и најпосетуван парк е Алказар..Јени џамијата, која ја користеле локалните муслимани.„Папасовата воденица“, некогаш воденица, а денес музеј на културното наследство,основана од Константинос Папас кон крајот на 19 век. Во рамките на музејот има театар, летно кино, училишта за танц, уметнички работилници и други културни објекти. Градот е многу добро организиран, па булеварите се влеваат во пешачки зони, а шетањето низ Лариса е вистинско задоволство.Лариса се рангира на првото место на листата на градови со највисок процент на ресторани, таверни и барови по жител. Поаѓање за Солун каде ќе се посети трговскиот шопинг центар One Salonica Outlet Mall . Потоа ,кратко панорамско разгледување на Солун:Авениа Ники, Белата Кула, Ротондата, Триумфалната порта –Галериус,па по Виа Игнациа до плоштадот Аристотелис,… Потоа уживање во Божиќната атмосфера на плоштадот Аристотелос и слободно време за вкусување на традиционални слатки и солени закуски кои се продаваат во дрвени куќи распоредени веднаш над виа Игнација каде се наоѓаат и забавниот детски парк и куќата на дедо мраз. Вечерта околу 20.00 часот заминување за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови(+- 24:00часот).

Цената покрива:

Организација на аранжманот и придружник на групата
Разгледување и посета на Метеорите,Волос,Лариса и Солун
Сместување на база 2 НП во хотел AZUR hotel Volos 4* / х.Александрос 3*
Автобуски превоз на наведената релација

Цената Не покрива?

  • Задолжително патничко осигурување – без франшиза (250 ден.до 65г., од 65-70г.=400д.)
  • Туристичка такса 3 еур по соба по ден. во х.4*, 2 еур по соба во х.3* (плаќање во агенција)
  • Доплата за еднокреветна соба – 60 еур-во х.4*. 40еур во х.3*
  • Факултативен излет до Ламиа – 15 еур
  • Влезници за локалитетите

Pin It on Pinterest