Бoжиќен маркет во Словенија и Австрија

8ми Декември 2025 > Бoжиќен маркет во Словенија и Австрија

Бoжиќен маркет во Словенија и Австрија

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО СЛОВЕНИЈА И АВСТРИЈА

КРАЊСКА ГОРА-КЛАГЕНФУРТ-ВЕЛДЕН-ХАЛШТАД-САЛЗБУРГ

Бонус излет БЛЕД !

05.12 – 12.12.2025

Tермин: 05.12 - 09.12.2025  |  5 дена / 3 ноќи со aвтобус 

   ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  429 евра (26.600 денари)

 

                        Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете го прекрасниот бароктен град Салзбург;

                     ако милувате да посетите идилично и бајковито место стуткано во Алпите тогаш посетете го Халштат-најубавото село во светот со само една главна улица...

                       Ако пак сакате да ја доживеете најубавата Австриска бајка, тогаш посетете го романтичниот Велден, градот на Ангелите...

                     Едноставно, застанете покрај некое огниште и слушајте го пукањето на разгорените дрва за да го доживеете вистинското значење на Божиќ

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Уплата исклучиво во денари.

  

Важат општите услови на ТА.Камелија Турс-СКТМ

Програма

1
1 ден: 05.12.2025
    Заминување на групата во 19:00 часот со туристички автобус од Скопје кон Словенија преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
2
2 ден: 06.12.2025
    Пристигнување во Крањска Гора во пладневните часови. Сместување во хотел „Ramada Resort” 4* (hit-alpinea.si) во 1/2 соби. Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Хотелот располага со wellness центар и внатрешен базен, а се наоѓа на само неколку минути од центарот на ова мало, перфектно уредено туристичко место со стари градби во алпски стил. Ноќевање.
3
3 ден: 07.12.2025
    Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет кон Австрија. Организиран разглед на Клагенфурт, некогашно седиште на една од најголемите европски монархии, еден од градовите кој грижливо негува се` што историјата оставила во аманет. Клагенфурт е град за чие основање се раскажуваат легенди, град што ќе Ве одушеви со колоритните улици, а со градбите ќе Ве врати во времето на Марија Терезија и дворските балови. По организираниот разглед, слободно време за посета на божиќните штандови. Потоа продолжуваме кон Велден, малото градче во покраината Корушка кое го нарекуваат Градот на Ангелите. Велден се наоѓа на брегот на Врбското Езеро во кое секоја година се поставува најголемата атракција-Божиќниот венец до кој се стигнува со брод. Дворецот Велден, традиционални дрвени колиби, опојни мириси од борови гранчиња и варено вино, ангелска пекара во која вредните Ангелчиња ги подготвуваат божиќните колачи, божиќни звуци кои се разлеваат од месните хорови... Безброј бели ангелски балони со писма постојано полетуваат кон небо следени од илјадници погледи полни со надеж дека наскоро ќе им се исполнат нивните скриени желби... Целиот град наликува на една голема осветлена сцена во која сите се дел од најубавата божиќна бајка која никого не остава рамнодушен. Во вечерните часови враќање во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.
4
4 ден: 08.12.2025
    Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед најпрво на градот Халштат за да се увериме како навистина изгледа една бајка која сме ја замислувале кога сме биле деца. Малиот град со само 1000 жители е сместен во срцето на Австриските Алпи на брегот на истоименото езеро, во областа која е под заштита на УНЕСКО и годишно го посетуваат околу 800.000 туристи. Пред повеќе од десетина години кинески архитекти и градежници се приклучиле кон една обична група на туристи, го разгледале селото, го фотографирале и измериле од сите страни, и веднаш започнале да градат копија на истиот град во кинеската провинција Guangdong. За копијата да биде верна на оригиналот направиле и вештачко езеро, но сепак не успеале докрај да ја пренесат магијата окована во Австриските Алпи. Разгледот на градот се мери во минути во кои ќе забележите безброј детали кои ќе сакате да ги фотографирате... шарени куќи од чии дрвени тераси се спуштаат цвеќиња, сувенирници, тесни улички, шатки и лебеди кои го вознемируваат спокојот на алпските врвови кои се отсликуваат во езерото. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се упатуваме кон градот Салзбург. Местото во кое е роден Моцарт уште од 15.век ја започнува традицијата со организација на божиќен саем за подоцна, со текот на годините да прерасне во еден од најубавите во Европа. Единственото опкружување во срцето на стариот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО, шарените тезги и посебно дизајнираните светла што наликуваат на романтични звезди над небото го прават салзбуршкиот ”Christkindlmarkt” навистина необичен. Разгледување на градот со лиценциран туристички водич: Стариот плоштад и Плоштадот на Моцарт, Катедралата од 8. век, Манастирот Св.Петар од 7.век, Бискупската резиденција со прекрасната фонтана од 16.век... Слободно време за индивидуални прошетки низ многубројните тезги кои се распослани на Плоштадот. Во вечерните часови се враќаме назад во хотелот во Крањска Гора. Ноќевање.
5
5 ден: 09.12.2025
    Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на бонус излет кон Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање со кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствениот природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова кое со својата атракција привлекува многу туристи (со доплата). Во пладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови во вторник на 10.12.2025 година.

Цената покрива:

Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Организирана посета на Блед
Организирана посета на Халштат и Салзбург со лиценциран туристички водич
Користење на базенот во хотелот
Три ноќевања со појадок во хотелот „Ramada Resort”4**** во Крањска Гора
Превоз со туристички автобус

Цената Не покрива?

  • Користење на wellness центарот во хотелот
  • Туристичка такса во хотелот во Крањска Гора – 10.5 евра за трите вечери-(се плаќа во агенцијата)
  • Доплата за 1/1 соба 84 евра
  • Патничко осигурување

Pin It on Pinterest