Божиќен маркет во Марибор и Грац

8ми Декември 2025 > Божиќен маркет во Марибор и Грац

Божиќен маркет во Марибор и Грац

 БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО МАРИБОР И ГРАЦ  

        Tермин: 06.12 - 08.12.2025  |  3 дена / 2 ноќи со aвтобус 299 евра по лице

 

 

Дали знаете дека во Словенија постои вистинска божиќна бајка? Волшебниот Марибор, главниот град на Штаерска токму за Божиќ се претвара во волшебен град на самовилите и џуџињата...

Ако пак сакате да бидете дел од урбаната магија на романтичните саеми, светликави улици и магични предбожиќни настани, тогаш дојдете со нас во Грац, градот кој уште го нарекуваат помалата сестра на Виена!

  

 

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

Уплата исклучиво во денари.

 

Важат општите услови на ТА.Камелија Турс-СКТМ

Програма

1
1 ден 05.12.2025 СКОПЈЕ - МАРИБОР
    Тргнување на групата во 20:00 часот од Скопје и преку граничниот премин Табановце, упатување кон Марибор, Словенија со попатни одмори
    Пристигнување во претпладневните часови при што следи организиран разглед на градот со локален туристички водич: Прошетка преку Плоштадот на генералот Маистра до Покраинскиот Музеј кој има свои изложбени простории во Мариборскиот Градски дворец. Продолжуваме покрај Фрањевачката Црква, Плоштадот Леона Штукља до Сломшковиот Плоштад, Катедралата Св. Иван Крстител од 12в. , Жидовската Кула и Синагогата. Разгледот го завршуваме пред најстарата лоза на светот-плава жаметовка која е впишана во Гинисовата книга на рекорди и ја симболизира традицијата на виновата културна дестинација Марибор-Похорје. Сместување на групата во хотел „B&B Hotel“ 3* во центарот на Марибор. Слободно попладне за индивидуални прошетки низ градот кој ќе Ви овозможи нeзаборавно божиќно патување во некои други времиња во кои владее фантазијата, детскиот ентузијазам и креативноста пропратени со светлосни сензации и огнени спектакли. Ноќевање.
2
2 ден 06.12.2025 МАРИБОР - ГРАЦ
    Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед на Грац, живописен град покрај реката Мура кој во 2003-та година е прогласен за престолнина на културата. Стариот дел на градот кој се наоѓа под ридот на замокот изгледа уште поромантично и побајковито кога е осветлен со празнични светилки, а божиќните штандови се украсени со божиќни и новогодишни украси се полни со разновидни и вкусни деликатеси. Во центарот на стариот град ќе ги видиме главните градски атракции: старата дворска пекара, Катедралата, главниот Плоштад со Градското Собрание, Палатата на селските станови со ренесансен двор... Од пешачкиот мост над реката Мура ќе имаме поглед на пловечкиот остров во облик на школка на реката Мура и на уметничката куќа „Kunsthaus“. На крајот од организираниот разглед ќе ја видиме сцената на Исусовото раѓање која е симбол на божиќниот маркет во градот. Најпознатата атракција е всушност ледена скулптура направена од приближно 40 тони мраз поставена во дворот на замокот Landhaushof, а целата сценографија е речиси совршена и уникатна особено во вечерните часови, кога сите фигури се дополнително осветлени со безброј светилки кои придонесуваат целата сцена да изгледа уште поатрактивно и помоќно. Слободно време. Во договорено време враќање во Марибор. Ноќевање.
3
3 ден 07.12.2025 МАРИБОР- ПТУЈ - СКОПЈЕ
    Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Скопје. Бонус посета на најстариот град во Словенија, Птуј кој секоја година е домаќин на неверојатен божиќен пазар. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот низ бројните штандови на кои се продаваат божиќни украсни, сувенири, тука можете да пробате традиционална храна: традиционална божиќна пита, печени костени, варено вино со зачини... Во договорено време заминување кон Скопје. Пристигнување во раните утрински часови.

Цената покрива:

Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник
Лиценциран туристички водич за разглед на Марибор и Грац
Целодневен излет до Грац, Австрија
Бонус посета на Птуј
Две ноќевања со појадок во „B&B Hotel“ 3*** во Марибор
Превоз со туристички автобус на наведената релација

Цената Не покрива?

  • Доплата за 1/1 соба - 40 евра (за двете ноќевања)
  • Туристичка такса во Марибор (во агенција) – 400 денари за двете вечери
  • Патничко осигурување

Pin It on Pinterest