Андалузија Нова Година

Нова Година 2026 > Андалузија Нова Година

Андалузија Нова Година

Нова 2026 Година

А Н Д А Л У З И Ј А

28.12.2025 – 03.01.2026      7 Дена / 6 Ноќи

АВИОНСКИ ПРОГРАМ со СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

                  Добредојдовте во срцето на јужна Шпанија, каде што мавританската историја и фасцинантна архитектура се испреплетува со шпанската традиција.

                 Белите села се спуштаат по планинските падини, а мирисот на портокалови цветови и звукот на гитара ќе ве водат низ секој агол.

            Ќе ги откриете градовите на уметноста и архитектурата – Севиља, Гранада, Кордоба и Малага, ќе се восхитувате на Алхамбра,

       на старите еврејски и мавритански квартови и на живописната андалузиска култура што плени со својата топлина и колорит.

Андалузија е и дом на вистинското фламенко – страстен израз на душата,

како и на богата гастрономија во која ќе уживате преку вкусовите на тапаси, пршута, маслиново масло и квалитетно вино.

Програма низ која ќе го доживеете овој дел од Шпанија со сите сетила!



НОВА ГОДИНА во АНДАЛУЗИЈА

ХОТЕЛ 3/4*


 

УСЛУГА

 

Ноќевање со појадок

НОЌИ/ ДЕНОВИ

7 Дена / 6 Ноќи

Редовна Цена по лице во 1/2 соба

1395 € / 86.490 мкд

РАН БУКИНГ ЦЕНА по лице за

Резервации до 15.11.2025

1295 € / 80.290 мкд

Доплата за 1/1 соба

215 € / 13.330 мкд

Попуст за дете од 02 - 11,99 години

-60 € / 3.720 мкд

 

Збогатете ги вашите доживувања со едно незаборавно патување...

В А Ж Н И   И Н Ф О Р М А Ц И И

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

*За секоја евентуална промена ќе бидете благовремено информирани

*Резервација на аранжманот се прави во агенција со уплата од 30% или преку Банка

*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е износот на аконтација, а остатокот е подложен на промени.

*Патникот го потпишува Договорот за патување и е согласен со истиот доколку има прашања нашите агенти се должни да му објаснат

*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во агенција. Доколку нема преставник  од агенцијата во Хотелот тогаш патникот  на рецепција  доставува приговор..

*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена на возниот  и воздушниот собраќај,сместувачки капацитети или локални факултативи,такси и сл...

*Се замолуваат патниците да ги почитуваат правилата на Хотелот како и да се информираат на рецепција за било каква промена или барана нова услуга.

Во хотелот е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. *Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите

Побарајте патничко осигурување и договор за патување

*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

*Во готово – авансно *кредитни картици, вирманско плаќање плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 7-дена пред  започнување на аранжманот поаѓање, зависно од видот на програмот,плакање преку синдикати и работни организации.со посебни договори.

*Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса  Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции

Слични Понуди

Програма

1
1 ДЕН. 28.12.2025 СКОПЈЕ- ИСТАНБУЛ – СЕВИЉА
    Состанок на групата на аеродром ТАВ – Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 09:15 часот со Turkish Airlines (TK1004).
    Пристигнување во 12:50 и лет од Истанбул за Севиља во 13:50 часот (TK1299). Слетување во 16:45 часот.
    Трансфер до хотел и сместување. Слободна вечер за прв контакт со топлата андалузиска атмосфера. Ноќевање
2
2 ДЕН. 29.12.2025 СЕВИЉА
    Појадок. Започнуваме со панорамска тура низ Севиља, водена од наш локален туристички водич кој ќе ни ги покаже најважните
    знаменитости на градот. Ќе го посетиме познатиот Плоштад на Шпанија – архитектонско ремек дело, како и прекрасниот Парк
    Марија Луиза. Продолжуваме со пешачка тура низ центарот на Севиља, вклучувајќи ја и историската еврејска населба Санта Круз,
    позната по своите тесни улички и романтични плоштади. Однадвор ќе ја разгледаме Катедралата и Алказар Палатата (една од
    најголемите во светот). Попладнето ни носи незаборавно искуство – автентичен фламенко настап во палата, каде што ќе ја
    почувствуваме страста на оваа неповторлива уметност. Следи слободно време за шопинг и индивидуални активности.Трансфер
    назад до хотелот околу 21:00 часот. Ноќевање.
3
3 ДЕН. 30.12.2025 КОРДОБА
    Појадок во хотел. Се упатуваме со автобус кон Кордоба (патување окулу 1,5 час). По пристигнувањето, ќе имаме панорамска тура
    и прошетка со локален водич кој ќе ни ги претстави најважните знаменитости на овој историски град. Ќе ја посетиме Големата
    Џамија (Мескита) – еден од највпечатливите и најдобро сочувани споменици од времето на Омајадите, уникатен по својата
    архитектура и духовно значење. Потоа, ќе прошетаме низ еврејската населба, позната по своите живописни патија (дворишта
    полни со цвеќе). Следува време за уживање во вкусната андалузиска кујна во некој од локалните ресторани. По ручекот, се враќаме
    назад во Севиља. Ноќевање
4
4 ДЕН. 31.12.2025 ГРАНАДА – АЛХАМБРА – ТОРЕМОЛИНОС
    По појадокот, со спакуван багаж, го напуштаме хотелот во Севиља и се упатуваме со автобус кон Гранада (патување окулу 2,5
    часа). По пристигнувањето, нè пречекува нашиот локален водич кој ќе не внесе во магијата на најпосетениот споменик во цела
    Шпанија – величенствената АЛХАМБРА со нејзините прекрасни градини. Овој светски познат комплекс од маварскиот период ќе
    ве воодушеви со својата архитектура, богатата историја и софистицираната игра на светлина и вода во дворовите. По разгледот
    следува слободно време за ручек во еден од локалните ресторани, а потоа патувањето продолжува кон Торемолинос, каде што ќе
    пристигнеме во попладневните часови. Сместување во хотел во Торемолинос, одмор и подготовка за прзничната вечер. Можност
    за организиран дочек на Нова Година во хотел (доколку нуди таква опција, со доплата), или слободно време за индивидуални
    активности и дочек во Торемолинос, или предлог поаѓање кон Малага каде што може да ја дочекате Новата Година на некој од
    плоштадите во права празнична атмосфера. Ноќевање.
5
5 ДЕН. 01.01.2026 ТОРЕМОЛИНОС – МАРБЕЉА – РОНДА - ТОРЕМОЛИНОС
    По првиот појадок во новата година, предлагаме факултативна екскурзија низ бисерите на Коста Дел Сол. Ќе започнеме со посета
    на Марбеља, едно од најпознатите и најелитни летувалишта. Ова живописно место, сместено во срцето на регионот, долго време
    е омилена дестинација на светскиот џет-сет. Луксузните вили изградени од страна на аристократи и филмски ѕвезди, познатата
    марина Puerto Banús со своите јахти и бутици од светски брендови, како и бројните терени за голф, ѝ даваат на Марбеља печат
    на ексклузивност и префинетост. Оваа екскурзија ќе нè однесе и во Ронда, град сместен на 750 м.н.в., на работ од длабок кањон,
    со спектакуларниот мост Пуенте Нуево – една од најфотографираните атракции во Шпанија со поглед кој не се заборава. Ронда е
    и колепка на борбите со бикови (Корида), со најстарата арена што и денес сведочи за оваа традиција. Враќање назад во хотел.
    Ноќевање.
6
6 ДЕН. 02.01.2026 ТОРЕМОЛИНОС - МАЛАГА
    Појадок. Конечно денот за откривање на Малага – најголемиот град на југот на Шпанија, познат како „Престолнина на Коста дел
    Сол“ и родното место на генијалниот уметник Пабло Пикасо. Ќе имате можност да го посетите музејот посветен на неговиот живот
    и уметност, кој се наоѓа во срцето на неговиот роден град. Следува прошетка низ живописниот стар дел на градот, со посета на
    Римскиот театар, прекрасната Катедрала – наречена и „Еднорака дама“ поради нејзината недовршена втора кула, како и уживање
    во атмосферата на тесните калдрмисани улички исполнети со шарм и историја. Сместена на брегот на Медитеранот, Малага нуди
    идеален спој на древни културни влијанија и современ градски пулс. Ќе ги видите и мавританската тврдина Гибралфаро, која се
    издига над градот, како и импресивната палата Алкасаба, некогашна резиденција на муслиманските владетели, која иако често
    засенета од славната Алхамбра, нуди свој уникатен шарм и погледи што одземаат здив. Слободно време за индивидуални
    активности, прошетки покрај море или уживање во локалната гастрономија. Враќање во хотел, ноќевање.
7
7 ДЕН. 03.01.2026 МАЛАГА - СКОПЈЕ
    Појадок. Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines во 12:40 часот (TK1304). Слетување во
    Истанбул во 19:05 часот. Лет за Скопје во 20:15 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:45 часот по локално време.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Придружник на групата за време на престојот во Шпанија, локални водичи, организација на аранжманот.
Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Севиља - Малага – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines
3 ноќевања во хотел 4* во Севиља со појадок
3 ноќевања во хотел 3* во Малага со појадок
Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
Фламенко Шоу во Севиља, Алхамбра Палата, Голема Џамија во Кордоба.

Цената Не покрива?

  • Патничко здравствено осигурување
  • Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
  • Факултативна посета на Марбелја и Ронда – со превоз и локален водич 100 еур по лице ( пријавување во агенција )
  • Влезница за Катедралата во Севиља – 20 еур по лице ( пријавување во агенција )

Pin It on Pinterest