Поаѓање во 14.00 часот, преку Србија, ноќно возење со попатни одмори.
2
30.12.25 Вторник
Пристигнување во Братислава во утринските часови и панорамско разгледување на градот со локален водич:Братиславскиот замок од 10 век, Готската катедрала св.Мартин-во која се крунисани 9 Унгарски кралеви и 8 кралици, Роландовата фонтана, Михаиловата кула, Словачкиот народен Театар, Градскиот плоштад, Старото градско собрание, Плавата црква… Сместување во хотел. Слободно попладне и уживање во божичната предновогодишна атмосфера. Ноќевање.
3
31.12.2025 Среда
Појадок. По појадокот целодневен факултативен излет до Виена. Разгледување на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, Парламентот, дворците Белведере и Шенбрун, Виенската опера, катедралата св.Стефан, Хундервасер- куќата… Слободно време низ центарот на Виена, во прекрасна новогодишна атмосфера, вечерта дочек на новата 2026 год на плоштадот Ратхаус-Виена. По полноќ, враќање во Братислава. Ноќевање.
4
01.01.26 Четврток
Појадок. Поаѓање за Будимпешта и панорамско разгледување на градот со локален водич и тоа: Будим: Цитаделата, Тврдината на Кралските Палати, Црквата на Кралот Матејаш, Рибарската Тврдина…, Пешта: Споменикот на хероите; Градскиот Парк, улиците Андраши и Ракочи; Црквата св. Стефан, мостовите на Дунав како и прошетка низ центарот по улицата Ваци…Факултативно крстарење со брод со чаша шампањско-по реката Дунав.Поаѓање за Македонија преку Белград, ноќно возење со попатни паузи.
5
02.01.26 Петок
Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Ние користиме колачиња(cookies) за да овозможиме оваа веб страна да работи правилно како и за нејзино понатамошно подобрување се со цел подобрување на Вашето корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња. Дознајте повеќе
Задолжителни
Статистика
Маркетинг
Our website uses cookies to ensure you have the best experience. To learn more about this or to change your settings, see our Privacy Policy. AcceptNo