ИСТАНБУЛ - 8МИ МАРТ
06.03 - 08.03.2026
Добредојдовте во магичниот Истанбул – градот на два континента, каде што историјата, културата и модерниот живот се испреплетуваат на секој чекор!
Ве покануваме на незаборавно патување низ Истанбул, каде ќе ги истражуваме најпознатите знаменитости и скриените бисери на овој фасцинантен град. Ќе прошетаме низ Капали Чаршија, еден од најстарите и најголемите покриени базари во светот, ќе го почувствуваме духот на древниот Хиподром, ќе се восхитуваме на величествената Аја Софија–симболот на византиската и османлиската ера. Ќе уживаме во панорамско крстарење по Босфорот, каде што ќе ги видиме импресивните палати, џамии и мостови што го спојуваат Истокот и Западот. Ќе го почувствуваме пулсот на градот на познатиот плоштад Таксим, ќе се прошетаме покрај морето во живописниот Ортаќој, како и низ автентичниот азиски дел на градот – Ускудар., Ќе уживате низ Kадикој една од најпознатите и најживописни населби во азискиот дел, ќе дегустирате локуми, баклави и најпознати турски специјалитети! Оваа програма е совршен спој на историја, култура, вкусна храна и незаборавни погледи. Подгответе се за авантура која ќе ви ги разбуди сите сетила и ќе ве натера повторно да се вратите во Истанбул или за прв пат да го посетите!
РЕДОВНА ЦЕНА: 139 € / 8.620 мкд ПРОМО ЦЕНА: 119 € / 7.380 мкд
*НАПОМЕНА:
ПРЕД УПЛАТА НА АРАНЖМАН ПАТНИКОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО СЕ ИЗЈАСНУВА ДАЛИ ЌЕ КОРИСТИ ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 60 ЕВРА ПОРАДИ НАВРЕМЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА.
-Туристичка такса задолжителна доплата 2 евра од човек за 2 ноќевања
- Патничко осигурување
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Деца до 2.99г. во придружба на две возрасни, плаќаат само за превоз 50 евра (не користат легло)
-Деца од 3 до 11,99г. -плаќаат полна сума ( добиваат попуст само на факултативите)
- Доплата за 1/1 соба 50 евра (за две ноќевања)
НАПОМЕНИ:
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
- За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
- Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
НАПОМЕНИ:
Пратителот може да го замени локалниот водич по потреба со локалната агенција
За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ETOA
Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 10 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultrafirst или lastminute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 9 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за точното време и место на поаѓање.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршување на патувањето. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !