НЕАПОЛ – СОРЕНТО – ПОСИТАНО – АМАЛФИ – КАПРИ – ПОМПЕЈА
Авион /5 дена /4 ноќевања
Неапол, шармантен град со богата историја, неверојатна архитектура и жив уличен живот, градот кој ќе ви помогне да ја вкусите и доживеете вистинска Италија, тој е олицетворение на вистинската Италија.Домот на многу атракции, иако многумина Неапол веднаш го поврзуваат со пристаништен град, тој е многу повеќе од само тоа. Центарот на градот кој е под заштита на УНЕСКО, брои 3 огромни замоци, кралска палата и цркви и катедрали кои не може да се добројат, мали плоштади на секој чекор, каде што може да седнете, да одморите и да уживате на сонце и во чашка аперол. Градот има и жичница која ве води до врвот на Неапол и нуди прекрасен панорамски поглед. И секао да не се заборави пицата, која Неапол се сфаќа многу сериозно. Постојат многу строги правила кои пицериите и рестораните мора веродостојно да ги следат со цел да ги исполнат критериумите на Асоцијацијата за наполитанскa пица.Во близина се Капри, Соренто, Амалфи и прекрасното Позитано. Може да искомбинирате неколку екскурзии и да посетите повеќе локации.
попуст за ранa уплатa до 25.07: 699 € / 43.340 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 749 € / 46.440 мкд
Цена на факултативи:
Соренто – Позитано - Амалфи - 140 евра - вклучено трансфер, слушалки, лиценциран водич.
Капри - 130 евра – вклучено трансфер, брод, слушалки, лиценциран водич.
Помпеја - 120 евра - вклучено трансфер, резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич.
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници.
При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС