МАЛТА
24.10 - 27.10.2025
4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА
Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино - лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство. Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм.
Напомена :
ПРИЈАВУВАЊЕ на ФАКУЛТАТИВИ ПРИ УПЛАТА на АРАНЖМАН !!
За реализација на истите потребно минимум 14 пријавени патници
Општи напомени:
· Организатор на аранжманот е Т.А. Камелија Турс;
· Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
· Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС.