Мадрид со Аликанте

Пролетни патувања 2026 > Мадрид со Аликанте

Мадрид со Аликанте

КРАЛСКИОТ МАДРИД со АЛИКАНТЕ

Авионска програма

Термин: 08.07 – 15.07.2026

Мадрид, централниот и главен град на Шпанија, град на елегантни булевари, големи и уредени паркови каков што е Ретиро... исто така е град и на страста, уметноста и музиката. Градот поседува богати збирки на европска уметност, вклучувајќи ги и делата во Музејот Прадо од Гоја, Веласкез ... Срцето на стариот Хабсбуршкиот Мадрид е Плаза Мајор,  Кралска палата и оружарницата. И секако за крајот на денот за не ја заборавиме страсната шпанска музика и огнениот фламенко танц.

Ценана аранжманот:999 еур,61.940.00 денари

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И

 

Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

Цената на аранжманот е пресметана на минимум 16 лица

Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.

2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање

Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа  со нови пасоши и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

Аконтацијата се уплака: од 50% од цената. Цената е загарантирана само за целосна уплата.Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.

Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж,локален водич,факултативите,сместување во објектот).

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети: Во случај на помал број патници (од предвидените 18 патници  не се пријават тогаш се зголемува цената  за факултативите) во зависност од тоа колку ќе се пријават цената на факултативите е подложна на промена на лице место согласно политиката на локалната Агенција или локалниот водич.

Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето локалитетите.

Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и локалните објекти кои се предвидени за посета на факултативните екскурзии.

Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ НАТА  членка на ЕТОА

Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

 

Во делот на актуелните случувања во светот е  зголемената загриженост кај дел од патниците, во последниот период забележуваме зголемен интерес за информации поврзани со евентуален отказ на резервации од нашата,пролетна,летна,есенска и зимска програма 2026-2027 година за индивидуални патувања,групни патувања,автобуски и авионски програми

Со потпишување на Договорот–Пријава за патување, помеѓу:

Т.А КАМЕЛИЈА ТУРС ДООЕЛ Лиценца А Бр:202, ПАТУВАЊЕ: Т.А КАМЕЛИЈА ТУРС ДООЕЛ и АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 Посебни услови за осигурување од одговорност на туристички агенции и Клиент- Договорувач на патувањето или носител на пријава

Патникот потврдува дека е целосно запознаен со програмата на патувањето, Општите услови за патување и отказната политика на агенцијата и дека истите ги прифаќа во целост.

Сите евентуални барања за отказ, измена или рефундација ќе се разгледуваат исклучиво согласно одредбите од потпишаниот договор, важечките Општи услови и релевантните законски прописи.

Агенцијата не може да превземе обврска за рефундација или ослободување од договорни обврски во случаи кога не постојат официјално прогласени неизбежни и вонредни околности на самата дестинација, потврдени од надлежни институции. Повикувајќи се на  известувањето до патниците со член 933 од Законот за облигациони односи на РСМ кој го регулираат Договор за реализирано патрување (Туристички аранжмани) кој е составен дел од овој ДОГОВОР - ПРИЈАВА ЗА ПАТУВАЊЕ. Во случај на нови настанати моменти Агенцијата благовремено ќе ги извести своите патници по писмен пат.

Со цел да излеземе во пресрет на нашите и вашите клиенти, во случај патниците да одлучат да го откажат веќе резервираното патување, организаторот, согласно расположливите можности и условите на понудата, може да понуди алтернативно решение, наместо целосно откажување на аранжманот, и тоа:

Промена на терминот за истата дестинација;

Промена на дестинација во рамките на актуелната понуда на организаторот.

Организаторот го задржува правото да ја одобри или одбие предложената промена, во зависност од расположливоста и условите на давателите на услуги.

Во случај на промена на безбедносната состојба што би влијаела врз реализацијата на аранжманот, агенцијата ќе постапи согласно законските прописи, имајќи ја предвид заштитата на патниците и договорните обврски кон добавувачите.

За сите прашања, странките се должни да постапуваат во добра деловна волја, а евентуалните спорови ќе се решаваат согласно важечките прописи на Република Северна Македонија пред надлежен суд.

Овој договор јасно упатува на постапување во вонредни или друг вид на ситуации и го ограничува ризикот од притисок за целосна рефундација.

 

 

Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатно патување

Слични Понуди

Програма

1
08.07.2026 СКОПЈЕ – МАДРИД
    Состанок на групата во14:30ч.Полетување во 16:50ч.Слетување во Мадрид 20:40ч.Трансфер до Хотел.Ноќевање.
2
09.07.2026 МАДРИД
    Појадок.Пешачки разглед на градот со локален водич: познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес, музејот Реина Софиа, преку познатиот парк Ретиро до еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, Препорачуваме посета на симболот на Мадрид, Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии,Гала вечери и приеми... Факултативна,пауза за ручек, препорачуваме да ги пробате популарните тапаси или одберете некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство.Враќање во Хотел со договор на водичот. Ноќевање.
3
10.07.2026 МАДРИД - АЛИКАНТЕ - БЕНИДОРМ
    Појадок. По појадокот во договорено време заминување кон Аликанте со туристички брз воз во 11:00 часот, пристигнување во Аликанте 13:40 часот. Краток разглед на градот, а потоа продолжување кон прекрасниот туристички град Бенидорм кој важи еден од најпознатите летувалишта во Шпанија, познат како Мајами..со долги песочни плажи, модерни хотели, ресторани и богат ноќен живот, кафулиња за сите генерации. Велат вкусете го вкусниот коктел Аква валенсија во топлите денови и почувствувајте ја медитеранската клима. Ноќевање.
4
10.07 - 15.07.2026 СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ
    Појадок -Бенидорм. Слободни денови за одмор и уживање на плажите на Коста Бланка. Можност за факултативни излети во текот на одморот,со Вашиот водич.Последниот ден Одјава од хотелот. Во договорено време со водич заминување од Бенидром према Аликанте. Поаѓање од Аликанте во 12:40 часот према Мадрид, пристигнување во 15:10 часот. Слободно време до пред полетување и пристигнување на Аеродромот во Мадрид. Во попладневните часови во договор со водичот заминување на групата 18:00ч трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 21.25 и пристигнување во 00:50 часот.
    Аликанте:За восхит на љубителите на извонредната архитектура, богата историја и културно наследство,шопинг центри и бројни други атракции: тврдината “Санта Барбара”, изградена на 166м височина на ридот “Бенакантил”; прoшетка по крајбрежната улица “Еспланада” со препознатливата алеја од палми – симбол на морската душа на градот; катедралата со сина купола “Сан Николас”; Градското собрание на Аликанте, кое се одликува со орнаментирани елементи и интересни фасади на двете кулиТврдина Санта Барбара, Променадата...
    Валенсија: Единствениот City of Arts and Sciences, архитектонско ремек-дело кое ја комбинира науката, уметноста и технологијата. Овој футуристички комплекс, дизајниран од познатиот архитект Сантијаго Калатрава, е дом на неколку уникатни згради, вклучувајќи го и импресивниот опсерваториум L’Hemisfèric, интерактивниот музеј на науките Príncipe Felipe и најголемиот океанографски парк во Европа, L’Oceanogràfic. Со своите иновативни форми и современ дизајн, City of Arts and Sciences е симбол на модерната Валенсија и привлекува посетители од целиот свет. Потоа одиме во Стариот град, магичен симбол кој ги воодушевува посетителите со малите, тесни улички, импресивни градби и паркови со дрвја од портокали и лимони. Посетата започнува од северната станица, минувајќи од поштата, градската куќа, Маркесот на две води, централниот пазар, размената на свилата, катедралата, базиликата, археолошкиот музеј, палатата Борџа, кулите Серано и мостот на градините Турија. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

Цената покрива:

Организација на аранжманот патувањето
Авионски превоз на релацијата Скопје – Мадрид - Скопје
Водич кој ја придружува групата во текот на целата 7-дневна програма.
Рачен багаж - 1 торба со димензии 40х30х20см со максимална тежина до 10кг
Трансфер Аеродром хотел аеродром во Мадрид
Трансфер Мадрид – Аликанте-Бенедорм - Мадрид
Хотелско сместување на база на 2 ВВ во Мадрид 3/4*
Хотелско сместувањена база на 5 ВВ во Бенидорм 3/4*

Цената Не покрива?

  • Доплата за чекиран багаж – инфо за цена 5 дена пред патување.
  • Факултативен излет во Аликанте и Валенсија
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување и Туристичка такса
  • Доплата за 1/1 соба

Pin It on Pinterest