8ми Март во Прага

Пролетни патувања 2026 > 8ми Март во Прага

8ми Март во Прага

Ексклузивна тура: Прага, Карлови Вари, Дрезден, Виена и Будимпешта

Датум на реализација: 04.03 – 09.03

Цена: 299€ по лице

Вклучено: 

  • 3 ноќевања во Hotel 4* со појадок
  • Разглед на Прага и Виена со локален водич
  • Посета на Дрезден и Карлови Вари
  • Ноќно крстарење по Дунав во Будимпшета

Подгответе се за незаборавно патување низ срцето на Европа од 04.03 до 09.03! Оваа програма е целосно транспарентна, без скриени трошоци, со организиран разглед на Прага и Виена со локален водич, посета на Дрезден и Карлови Вари, како и незаборавно крстарење по Дунав во Будимпешта.

Ќе ја доживеете автентичната атмосфера на старите европски градови, ќе уживате во културното наследство и архитектурата, и истовремено ќе имате време за индивидуални прошетки, шопинг и релаксација. Секој ден е внимателно испланиран за да се комбинираат историја, уметност, панорамски погледи и културни доживувања, а патувањето е прилагодено и за комфор на постари гости.

Со оваа тура, Европа ќе ви се открие во целата своја убавина – од романтичните улици на Прага, преку елегантните бањски центри на Карлови Вари, до барокните и модерни знаменитости на Дрезден и Виена, завршувајќи со волшебното крстарење по Дунав во Будимпешта.

Слични Понуди

Програма

1
1 Прв ден СКОПЈЕ - ПРАГА: 04.03.2026
    Состанок со групата во 12:00 часот, по што следи поаѓање кон Прага во 12:30 часот. Патувањето се одвива преку Србија и Унгарија, со дневно и ноќно возење. Во текот на денот се предвидени редовни паузи за одмор, како и паузи за царински и гранични формалности.
2
2 Втор ден ПРАГА 05.03.2026
    Пристигнување во Прага во утринските часови. По краток одмор, следува организиран разглед на градот со локален водич, запознавање со најзначајните историски и културни знаменитости.
    Разгледот започнува од Прашкиот дворец – Храд, продолжува кон Катедралата Св. Вито и Црквата Лорето, по што се спуштаме кон Карловиот Мост, Плоштадот на Малтешките витези и Споменикот на Карло IV. Прошетката продолжува по Кралскиот пат, низ Еврејскиот кварт и покрај престижната Париска улица, сѐ до Старомајскиот плоштад со прочуениот астрономски часовник Орлој. Разгледот завршува кај Градската куќа и Прашната кула. По завршување на програмата – сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности.
    Ноќевање.
3
3 Трет ден ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ 06.03.2026
    По појадокот следи поаѓање на целодневна прошетка и посета на Карлови Вари, еден од најпознатите бањски центри во Европа, сместен во регионот Западна Бохемија.
    Градот се одликува со карактеристична архитектура, колонади и термални извори, а низ историјата бил место кое го посетувале и во кое престојувале многу познати личности од светот на науката, уметноста и политиката, како Фројд, Бетовен, Моцарт, Гогољ, како и руските цареви. Следи прошетка низ централното градско подрачје и слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање назад кон Прага. Ноќевање.
4
4 Четврти ден ПРАГА – ДРЕЗДЕН – ПРАГА: 07.03.2026
    По појадокот следи поаѓање на целодневна посета на Дрезден, град кој поради своето богато културно наследство и импресивна барокна архитектура со право го носи прекарот „Германска Фиренца“.По пристигнувањето следува панорамски разглед на градот, при што ќе се видат најзначајните знаменитости: Универзитетот во Дрезден, Богородичната црква (Frauenkirche), Семпер операта, како и палатскиот комплекс Цвингер. Во продолжение е предвидено слободно, индивидуално време, во кое ќе имате можност за шопинг во безброј продавници и модерни шопинг центри, познати по добриот избор и пристапните цени.
    Во попладневните часови следи враќање во Прага. Ноќевање.
5
5 Петти ден ПРАГА – ВИЕНА: 08.03.2026
    По појадокот следи напуштање на хотелот и поаѓање кон ВиенаПристигнување во Виена и панорамски разглед на градот со локален водич, при што ќе се видат најзначајните знаменитости: плоштадот Рингштрасе, Виенската Опера, Парламентот, Општината (Rathaus), Музејот на модерна уметност, Градската палата, Универзитетот, Палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан и Зимскиот дворец Хофбург. По панорамскиот разглед следи слободно време за прошетка низ центарот на Виена. Во договорено време поаѓање кон Будимпешта, каде што ќе имаме можност за крстарење по Дунав, едно од најубавите искуства на оваа тура, со панорамски поглед на осветлените знаменитости на градот.
    По завршување на крстарењето следи поаѓање кон Скопје, со ноќно возење и попатни паузи за одмор и царински формалности.
6
6 Шести ден СКОПЈЕ: 09.03.2026
    Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

Видео

Цената покрива:

Организирана посета на Дрезден и Карлови Вари
Организиран разглед на Прага и Виена со локален водич
Сместување во Прага Hotеl Top 4* на база ноќевање со појадок
Организација и водство на патувањето
Автобуски превоз со високо туристички автобус не постар од 3 години
Ноќно крстарење по Дунав во Будимпешта

Цената Не покрива?

  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за музеите и културно-истоиските споменици
  • Патничко осигурување без франшиза
  • Tуристичка такса 2.20€ по лице по ден ( се плаќа во хотел)

Pin It on Pinterest