Прага

Прага

 

       П Р А Г А

             Авионска програма

            ПРАГА со посета на Карлови Вари

            Авион  / 4 дена / 3 ноќевања

                Термин: 09.10-12.10.2026

 

               Цена на аранжманот: 449 евра / 27.838 денари

 

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И

 

Секој програм е креиран со посебни услови.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

Цената на аранжманот е пресметана на минимум 20 лица

Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го

откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.

2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување

или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање

Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа  со нови пасоши и уплата на аконтација

која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

Аконтацијата се уплака: од 50% од цената. Цената е загарантирана само за целосна уплата.

Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник;

или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор во Агенцијата.

Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена

(авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж,локален водич,факултативите,сместување во објектот).

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети:

Во случај на помал број патници (од предвидените 20 патници  не се пријават тогаш се зголемува цената  за факултативите)

во зависност од тоа колку ќе се пријават цената на факултативите е подложна на промена на лице место

согласно политиката на локалната Агенција или локалниот водич.

Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето на локалитетите.

Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото како и локалните објекти

кои се предвидени за посета во делот на факултативните екскурзии.

Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради

(непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

(застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници,

непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата

Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ .членка на ЕТОА

Трошоците за подготовка и

организација на патувањето со број на полиси  АД.САВА Осигурување Полиса бр: ОП-01184883

и (Класа 13 Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции.

Побарајте патничко осигурување и договор за патување Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

 

 

Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

 

Програма

1
09 октомври (петок) СКОПЈЕ - ПРАГА
    Состанок на група на аеродромот во Скопје во 09.30 часот. Авионот за Прага на Визер полетува во 10.40 часот и слетува во 12.55. Трансфер и сместување во хотел. Прошетка во центарот на градот во придружба на нашиот водич. Ноќевање.

2
10 октомври (сабота) ПРАГА
    Појадок. Разглед на градот во придружба на локален водич: Храдчани- еден од најголемите замоци во светот, кој е и резиденција на чешките владетели, Прашкиот замок, Катедралата Св. Вида, Златна улица, Карловиот мост (најстариот градски мост, воедно и најпознатото градско обележје и го поврзува Стариот град со другиот брег на Влтава - Мала Страна), Еврејскиот кварт, Стариот градски плоштад , астрономски часовник, плоштадот Вацлав… Факултативно крстарење со брод по реката Влтава, пловење покрај најпознатите згради и споменици на „Златниот град“. Слободно време за индивидуални прошетки или посета на чешки ресторан - пивница со шоу програма и можност да се проба традиционална храна и Пилснер пиво. Совршен начин да се доживее традиционална чешка вечер! Ноќевање.

3
11 октомври (недела) КАРЛОВИ ВАРИ
    Појадок. Препорачуваме патување до Карлови Вари, прекрасна туристичка дестинација, која многумина ја сметаат за најубавиот град во Чешка, со традиција за велнес која трае повеќе од 600 години. Во 2021 година, УНЕСКО го призна исклучителното значење на овој град и го вклучи на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Градот е богат со прекрасна, шарена архитектура, која е законски дефинирана како културно богатство со цел да се зачува посебниот шарм и атмосфера на ова место, кое привлекува посетители стотици години. Придружете им се на великани како Петар Велики, Бетовен, Шопен, Шилер, Карл Маркс и Гете и откријте што е толку посебно во врска со ова уникатно место.

    Можност за посета на хотел “Thermal” каде што може да се опуштите во единствениот отворен базен со 100% природна термална вода со температура на водата од 38 °C, сауна и прекрасен поглед на Карлови Вари . Враќање во Прага. Ноќевање.
4
12 октомври (понеделник) ПРАГА - СКОПЈЕ
    Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродромот во Прага. Летот кон Скопје е во 15.45 часот.

Цената покрива:

Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Авионски превоз на релација Скопје - Прага - Скопје
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Разглед на Прага со локален водич
Сместување во хотел Olympik Congress 4* во Прага на база 3 ноќевања со појадок

Цената Не покрива?

  • Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Туристичка такса се плаќа на рецепција
  • Посета на Карлови Вари 55 евра/ влезница Хотел “Thermal” (25 eвра - 1 час, 35 евра - 3 часа)
  • Крстарење по Влтава 20 - 25 евра
  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба 6.700 мкд

Pin It on Pinterest