Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плажата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 студија и 1/3+1 студија. Сите соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.Наспроти вилата има продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.
Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека брачното легло е со помали димензии. Студијата располагаат со брачно легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.
1/3 студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во димензии од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот им е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното ( до 6 години ) спие со родител на поголемото легло. Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.
ЛЕТО 2023
ВИЛА ТЕА - КАЛИТЕА |
|||
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА |
|||
Период |
Ноќ. |
Студио 2 возр + 1 дете |
Студио 3 возр +1 дете |
21.05-28.05.2023 |
7 |
99 |
109 |
28.05-04.06.2023 |
7 |
149 |
169 |
04.06-11.06.2023 |
7 |
179 |
209 |
11.06-18.06.2023 |
7 |
269 |
289 |
18.06-25.06.2023 |
7 |
339 |
359 |
25.06-02.07.2023 |
7 |
379 |
399 |
02.07-09.07.2023 |
7 |
489 |
509 |
09.07-16.07.2023 |
7 |
489 |
509 |
16.07-23.07.2023 |
7 |
489 |
509 |
23.07-30.07.2023 |
7 |
569 |
589 |
30.07-06.08.2023 |
7 |
569 |
589 |
06.08-13.08.2023 |
7 |
569 |
589 |
13.08-20.08.2023 |
7 |
539 |
579 |
20.08-27.08.2023 |
7 |
449 |
469 |
27.08-03.09.2023 |
7 |
409 |
419 |
03.09-10.09.2023 |
7 |
299 |
319 |
10.09-17.09.2023 |
7 |
269 |
289 |
17.09-24.09.2023 |
7 |
209 |
229 |
24.09-01.10.2023 |
7 |
139 |
169 |
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
· Скопје (Дрводекор) – 45 евра по лице
· Деца од 2-11,99год – Попуст од 10 евра од редовната цена
· Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
Камелија Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз
во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% или промена на цената на горивото
НАПОМЕНИ:
Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжително не е вклучено во цената на аранжманот
Цените објавени во табелите се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд)
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на промоција или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Официјална е единствено онаа резервација направена со уплата од најмалку 30% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот, а според Општите услови за патување кои се составен дела на секој меѓусебно потпишан Договор за патување се врши најдоцна 10 дена пред терминот на тргнување
Сместување во собите е од 14:00 – 15:00 а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место
Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци
Агенцијата не може и нема гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Агенцијата и на самата Агенција