АТИНА
Термин: 05.03 – 09.03.2026
(5 дена /3 ноќи)
ЦЕНА НА АРАНЖМАН 235 € / 14.570 денари
Атина – главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација
Атина е космополитски град, додека старогрчка Атина била моќен град-држава, родно место на Сократ,
Перикле и Софокле. Со историја долга повеќе од 3.400 години, градот го добил името по божицата заштитничка Атина.
Знаменитостите како Сунион, Акропол и Партенон ќе ве одведат на патување низ времето
и ќе ве воодушеват со својата големина.
Напомени:
Организатор на аранжманот е Т.А. Камелија Турс;
Ø Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
Ø За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени38 патника;
Ø За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот;
Ø Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената
на превозот или хотелот;
Ø Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост ,
аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Ø Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети,
во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
Ø За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста
на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата;
Ø Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени
објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот,
затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
Ø ТА Камелија Турс на своите коминтенти им овозможува плаќање на 3 рати започнувајчи од месец Јануари-Март.