24ти Мај Рафтинг на Тара

Пролетни патувања 2026 > 24ти Мај Рафтинг на Тара

24ти Мај Рафтинг на Тара

РАФТИНГ НА ТАРА - АВАНТУРА ВО СРЦЕТО НА ПРИРОДАТА

Термин: 23.05 – 25.05.2026

               Рафтинг центарот Дрина на Тара е најголемиот центар за активен одмор во Европа и совршено место за сите

                 оние кои сакаат да уживаат во рафтинг на реката Тара и да го истражуваат најголемиот и најубавиот кањон

                 во Европа - кањонот на река Тара. Фантастичните пејзажи во кои можете да уживате овде се зачувани во два

                 национални парка - Националниот парк Сутјеска и Националниот парк Дурмитор.

                Центарот нуди сместување во повеќе од 140 бунгалови изградени во планински стил лоцирани во

                Рафтинг центар Дрина-Тара, веднаш на брегот на реката во уникатна природна средина.

                Рафтингот на Тара е најдобрата и највозбудливата адреналинска авантура! 

 

Програмата се одвива со лиценцирани и професионални инструктори, со целосна безбедносна опрема и постојан надзор, што ја прави авантурата безбедна и достапна и за почетници.

                        ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ПО ЛИЦЕ ВО ЗАВИСНОСТ

                                                  ОД ТИПОТ НА СМЕСТУВАЊЕ !!! 

Промо цена до 30.04.2026

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

КУЌАРКА БРОЈ 1 или 2

ТИП НА СОБА

ЦЕНА

1/2

219€ редовна – 199€ промо цена

1/5

199€ редовна – 175€- промо цена

1/3

209€ редовна – 189€ промо цена

                           

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ НА НЕЗАБОРАВНА АДРЕНАЛИНСКА АВАНТУРА И

НАЈДОБРА ЗАБАВА НА РАФТИНГ НА РЕКАТА ТАРА И ДРИНА!!! 

*ZIPLINE на пивско езеро (Доколку сте адреналински зависник тогаш ZipLine на Пивско езеро е вистинска прилика за вас за вистинско адреналинско доживување. Ова е најголемиот ZipLine во Црна Гора со 1400 метри должина над најголемиот резервоар за питка вода во Балканот – Пивско езеро. Како туристичка атракција е сосема безбедна и доста популарна каде секоја година бројот на туристи е се поголем. Чувството да летате над езерото во прекрасна природа околу вас не се опишува треба да се доживее!

 Важно

·         За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 30 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

·         Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата поради ситуации кои однапред не е возможно да се предвидат.

·         Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.

·         Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.

·         Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

·         Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја корегира цената и да направи промена во програмата.

·         Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.

 

·         Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. За отказ на аранжманот пред законските услови предвидени по ОУ, се задржуваат 10евра по лице од уплатената сума, поради административните трошоци.

 

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА КАМЕЛИЈА ТУРС – ТУРОПЕРАТОР

Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 16 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета како и локалната агеницја према нивните правила.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultrafirst или lastminute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.

Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 9 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 

                 Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !

Слични Понуди

Програма

1
23.05.2026 СКОПЈЕ - ТАРА
    Состанок на групата во договорено време. Предвидено поаѓање околу 2 часот наутро со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во предпладневните часови во Подгорица, главен град на Црна Гора, пауза за ручек и освежување од патот. Во договорено време со водичот поаѓање према Модра Река. Пристигнување во пладневните часови, сместување и слободно време за прошетки во прекрасната природа. Вечера.
    Сместување: Овде ќе бидете сместени во дрвени куќички каде воздухот е свеж и искуството е незаборавно. Ова е една многу важна причина заради која треба да го посетите ова место, бидејќи животот во градовите е динамичен, тежок и не двои од прекрасната природа и здравиот живот. Ноќевање
2
24.05.2026 ТАРА
    Денот започнува со појадок. Групата ќе биде во постојана комуникација со стручен локален водич како и со туристичкиот пратител од агенција. Ресторанот се наоѓа на самата обала на реката. Угостителскиот тим е добро обучен во подготовка на национални специјалитети. По појадокот во договорено време со групата со теренско возило се упатуваме кон РАФТИНГ НА ТАРА: РАФТИНГОТ СЕ СОСТОИ ОД ПРЕДИЗВИЦИ И АДРЕНАЛИН!!!
    Секој рафтер е опремен со весло, заштитен елек и шлем. Почетниците, обично туристи, добиваат прецизни упатства што мора строго да ги следат за време на рафтингот. Рафтингот е дружење и забава.
    На многубројните списоци на најдобри места за рафтинг на европска територија свое место има фантастичната црногорска река Тара. Тара ја носи титулата „Солзи на Европа“ што ја доби како дел од транспарентноста, чистотата, но и убавината. Кањонот, но и реката Тара е заштитена како дел од светското наследство на УНЕСКО. Создадена е со спојување на реките Опасаница и Веруша, веднаш под планината Комови во Црна Гора.
    Рафтинг центарот се наоѓа на реката Тара, помеѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска). Ова патување е сосема поразлично и поавантуристично од сите други, кое ќе ви остави безброј спомени.
    Враќање за ручек. Слободно време за истражување на природата или едноставно да се одморите слушајќи го шумот на реката и звукот на птиците. Вечера. Ноќевање.
3
25.05.2026 ТАРА – ПЛУЖИНЕ, ZIP LINE - СКОПЈЕ
    Појадок. Одјавување од собите. Продолжуваме према Плужине, градче на самата обала на Пивско езеро. Следува факултатива: Zip line - за патниците кои имаат уплатено, а останатите патници имаат слободно време. Во договор со водичот се собира групата и се заминува кон Скопје. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

Цената покрива:

Лиценциран водич за рафтинг
Целосна организација
Туристичка такса и такса за време на целиот престој
Рафтинг на Тара со инструктори (целосна опрема, одела, весла, сигурносни појаси)
2 ноќевања во одбрано сместување со 5 оброци (ПОЈАДОК, РУЧЕК И ВЕЧЕРА)
Туристички пратител за време на патувањето
Автобуски превоз на дадената релација (БИТОЛА, ПРИЛЕП, ВЕЛЕС, СКОПЈЕ)
Сите трансфери со комбе или џип за рафтинг

Цената Не покрива?

  • Не сите соби во кампот располагаат со приватни купатила, собите со приватно купатило се + 10 еу по лице од стандардните соби кои делат заеднички тоалет со останатите две соби во куќарката.
  • *Пијалоците за време на оброците не се вклучени во цената.

Pin It on Pinterest