Љубљана

> Љубљана

Љубљана

ЉУБЉАНА ВЕЛИГДЕН

ПЕРИОД 13.04-16.04.2023  2 ноќи /4 дена 


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 € / 14.820 денари

НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

Пријавување за факултативните излети при резервација на аранжманот.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.

Организаторт го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата.

Организаторот го задржува правото на промена на цените на факултативните излети,

во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите. За овој аранжман важат

 Општите услови за патувањна KAМЕЛИЈА ТУРС
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

Слични Понуди

Програма

1
13.04 СКОПЈЕ - ЉУБЉАНА
    Состанок на групата на паркингот спроти хотел Холидеј Ин во 16.30 часот. Поаѓање за Љубљана во 17:00. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Србија, Хрватска, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
14.04 ЉУБЉАНА
    Пристигнување во Љубљана во утринските часови. Разгледување на градот: Симболот на градот - Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3
15.04 ЉУБЉАНА-ПОСТОЈНА-ТРСТ-ЉУБЉАНА
    Појадок. Предлагаме факултативна посета на Постојнска Јама - најпосетуваната туристичка атракција во Словенија. Патувањето продолжува кон Трст. Разглед на градот: Piazza dell`Unita, кој е изграден во австриски стил и е единствениот што излегува на море, околу плоштадот има прекрасни згради, како Општината, Министерството за правда и типични италијански кафулиња. Препорачуваме да се напиете вистинско италијанско кафе во едно од најубавите кафулиња во Италија - Caffe San Marko со неверојатен амбиент и ентериер. Каналот Grande во близина на плоштадот на кој се наоѓа статуата во чест на James Joyce кој долго време творел во Трст. Можност за посета на дворецот Мира Мар во Трст. Враќање во Љубљана. Вечерта, ќе го дочекаме Христовото воскресение во православната црква Св. Кирил и Методиј. Ноќевање.
4
16.04 ЉУБЉАНА - БЛЕД - БОХИЊ - СКОПЈЕ
    Појадок. Факулатативна посета на Блед - бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природа опкружено со планинските врвови. Можност за посета на Бледската тврдина од каде се простира раскошен поглед на езерото. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Продолжуваме кон Бохињ, и Бохињското глечерското езеро кое е најголемото природно езеро во Словенија и е вклучено во Националниот парк Триглав. Слободно време до поаѓање за Македонија. Пристигнување во Скопје следниот ден во предпладневните часови.

Цената покрива:

Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Разгледување на градот со локален водич
2 ноќевања со појадок во хотел 3/4* во Љубљана
Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

Цената Не покрива?

  • Туристичка такса 2 евра на ден (се плаќа во агенција)
  • Факултативна посета на Постојнска Јама и Трст (Постојнска Јама**, Трст 35е)
  • Факултативна посета на Блед и Бохињ 30e
  • Факултативно возење со жичара до замокот
  • Влезници за локалитети
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување

Pin It on Pinterest