Стокхолм е еден од најубавите градови во Европа… Тој е главен град на Кралството Шведска и има околу 2 милиони жители. Сместен на 14 острови, често се нарекува Венеција на Северот. Стокхолм бил основан од старите Нормани и бил главен град на нивното кралство долго време. Денес тој е град со чудесна убавина и големи културно-историски споменици… Во Стокхолм треба да ги видите: Кралската палата – официјалната резиденција на шведските монарси, Кралската опера – една од најголемите куќи од овој тип во светот , Театарот Готланд, уметничкиот кварт Скансен, најстариот дел од градот познат како Ридархолемен итн… Бројните трговски центри даваат можност за одличен шопинг, додека на крајот од денот можете да се забавувате во еден од популарните клубови до доцна во ноќта.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ: 429 Еур/ 26,598,00
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 30/04/2023: 399 Еур/24.738,00
НАПОМЕНИ:
* ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
* комплетна доплата 14 дена пред поаѓање.
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција
Општи напомени за патување:
– Агенцијата го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на
граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.