Кипар

Кипар

На Кипар ќе најдете примамливи песочни плажи, недопрени села со карактеристична атмосфера, неверојатни зајдисонца и смирувачко зеленило на планините. Иако е богат со античка култура и природна убавина, Кипар е исто така просперитетна и модерна европска земја која го нуди најдоброто од двата света. Уникатни искуства и активности, космополитски ноќен живот, изобилство на настани, сето тоа совршено ја изразува убавината на Кипар.Никозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Најпознати летувалишта за одмор се Ларнака, Лимасол и Аја Напа. ...

Период: 27.04-30.04.2023 - 3 ноќевања ( 4 дена)

Цена на аранжманот: 440 евра

(Пријавување најдоцна до 05.03.2023 со 40% депозит)

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО

Трансфер до Солунскиот аеродром

Авионски билет Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air;

Организиран разглед на Лимасол

Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm рачен багаж

Трансфери аеродром  – хотел – аеродром

Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевање со појадок

Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж до 10кг  дополнително ( индивидуално)

Туристичка такса 600 ден

Факултативна посета на Никозија – 20 евра

Патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.

Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.

При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини,

како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.

Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. КАМЕЛИЈА ТУРС

 

 

 

Слични Понуди

Програма

1
27.04.2023 СКОПЈЕ – ЛАРНАКА
    Состанок на групата на паркингот спроти Холидеј Инн во договорено време. Трансфер до аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 15 часот . Организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка низ Ларнака. Ноќевање.
2
28.04.2023 ЛИМАСОЛ
    Појадок. Поаѓање за посета и разглед на Лимасол каде ќе ги откриете историските знаменитости и почуствувате раздвижената атмосфера на овој нов град. Посеа на археолошкиот локалитет Амантус град основан во 1100 г. п.н.е. а подоцна и заштитен под УНЕСКО. Продолжена посета кој остатотците од Храмот на Афродита и ранохристијанските базилики; Средновековниот замок Лимасол каде со неговиот внатрешен ентериер ќе се воодушевите во неговиот раскош. Прошетката продолжува кон еден од најубавите медитерански паркови, шеталиштето Молос и Лимасол Агора нудејќи уникатни гастрономски и шопинг можности. Слободно време. Враќање во Ларнака. Ноќевање
3
29.04.2023 НИКОЗИЈА
    Појадок. Факултативна посета на Никозија град кој е поделен на грчки и турски дел. Прошетката започнува низ најстариот и најголемиот археолошки музеј на Кипар. Архиепископската палата со импресивни религиозни уметности за восхитување. Разглед: се посетува северниот дел на градот, кој се наоѓа во Р.Турција, некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија, посета на делот од градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари, Бујук Хан – затворениот пазар, изграден во 1572 год кој е се уште одлично сочуван и е главна туристичка атракција. Прошетка по Ледра, денес името на напопуларната трговска улица во Никозија кадешто локалните трговци ќе ви понудат секакви традиционални кипарски ракотворби. Враќање во Ларнака. Ноќевање.
4
30.04.2023 ЛАРНАКА – СКОПЈЕ
    Појадок. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром, полетување во 13 часот. Слетување во Солун во 15:15 часот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Авионски билет Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air
Трансфер до Солунскиот аеродром
Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевање со појадок
Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm рачен багаж
Организиран разглед на Лимасол
Трансфери аеродром – хотел – аеродром

Цената Не покрива?

  • Доплата за чекиран багаж до 10кг дополнително ( индивидуално)
  • Туристичка такса 600 денари
  • Факултативна посета на Никозија – 20 евра
  • Патничко осигурување

Pin It on Pinterest