ЈОРДАН, Кралство на Блискиот Исток, пустинска земја без нафта, но и земја во која се наоѓа најневеројатнотот чудо од античкиот свет-градот во камен, единствената Петра. Главен град на Јордан е Аман, а земјата е населена со нешто повеќе од 5 милиони жители, земја е во која се наоѓаат голем број на Библиски места како Содома и Гомора.
Важно е да се напомене: ако Ве понудат со оброк-љубезно одбијте првите 3 пати, а потоа срдечно прифатете !
Пријава: Поради ограничениот број на места предлагаме рана пријава. При пријавата, потребно е да доставите скенирана прва страна од пасош, во спротивно агенцијата не сноси одговорност за печатење на авио-билетите со погрешни податоци. Важечка е пријавата само со уплатен аванс. По издавањето на авио-билетите не се прифаќа откажување на аранжманот. Виза за македонски граѓани е потребна за Јордан и истата сами ќе треба да ја добијат, потоа да достават нејзина копија најкасно 20-25 дена пред терминот за патување
Услови на плаќање:При пријавувањето се уплаќа 100 € во денарска противвредност. По формирање на групата се доплаќаат уште 200 €, а останатиот износ на аранжманот се доплаќа во Агенција
Напомени во врска со визите
§ Патниците се должни да се запознаат со визниот режим во земјата во која патуваат
§ Некои Амбасади бараат задолжително присуство на патниците при визирањето на пасошите и патниците се должни да истото правило го почитуваат
§ Агенцијата не е надлежна за веродостојноста на патните исправи напатниците и не може да гарантира добивање на виза
Напомени во врска со факултативите
§ Цените и термините на факултативите се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници за истите како и други околности
§ Факултативите се реализираат од страна на локални агенции и водичи и ТА Камелија Турс не може да влијае врз нивната работа која е надвор од нејзината работа
§ Факултативните излети ги водат локални водичи на англиски јазик; при нивна уплата патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција без право на жалба
§ Агенцијата не може да влијае околу факултативите и тоа: околу нивното времетраење, тргнување/враќање, ниту стручноста на водичот
§ Патниците се должни при уплатата на факултативите да се запознаат со итинерерот на патувањето и условите на факултативите
ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ КОЈ ТРЕБА ПАТНИКОТ ДА ГИ ЗНАЕ !
Мртво море:најнеобичното кое со години привлекува илјадници туристи од целиот свет. Аристотел пишува за одличните својства на неговата вода, а египетската кралица Клеопатра го добива на поклон од Марк Антониј. Со длабочин од 416 метри под нивото на водата-претставува најниска точка на Земјата; има 8 пати поголема концентрација на сол од сите мориња и океани на светот. Реткост е што сите посетители уживаат во неговото капење бидејќи во него не е возможно да се потоне !
Вади Муса: Вади Муса:мало гратче на југот на Јордан во близина на градот Петра-интересно место кое го посетуваат голем број на туристи; името означува Мојсијева долина а го добива по посетата на пророкот Мојсеј. Ова е вистинско место за одмор и релаксација пред посетата на Петра-познатиот антички град и едно од најнеобичните места во светот. Градот во карпа е град на кралската гробница и ризница, град во чии пештери се наоѓаат бројни светилишта и град во кој е снимен филмот за Индијана Џонс. Грчкиот назив Петрос-значи камен, а неговото арапсо име е Ал Батра. Петра е денес под заштита на УНЕСКО
Акаба: е голем гради пристаниште на крајбрежјето на Црвеното Море.Пријатните температури низ целата година, богатата историја, но и ра новидниот морски свет ја прават Акаба едно од најважните туристички дестинации во Јордан.
Опис на сместувачкиот објект:: Баџет хотел: собите се 1/2, а услугата е на база на ноќевање со појадок. Точното име на хотелот ќе биде познато по дефинирање/потврдување на групата.
НАПОМЕНА:Аранжманот е правен на база на low cost аранжмани (нискобуџетни) , со тоа цената на аранжманот е подложена на промени во склад со промените на цената на авионските карти. Цената е гарантирана по уплатата на аконтацијата и издавање на авионската карта.
Напомени во врска со патувањето
* Ко -организатор на патувањето е Т. А. Камелија со број на Лиценца А и со регистерски број 13-6271/2; а во соработка со партнерска агенција.
* Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на некои од содржините во програмата.
* Организаторот на патувањето не е овластен и не сноси одговорност во врска со важноста на пасошот и другите документи.
* За сите информаци дадени по усмен пат агенцијата не сноси одговорност.
* Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата која патува должен/на е да ги запознае сите патници на патувањето со договорениот програм на патување, условите за плаќање и визирање како и Општите услови за патување на ТА Камелија.
* Патниците се должни да 2 дена пред тргнување се информираат за времето и местото на тргнување.
* Патникот е должен да сам се информира околу правилата на однесување во земјата во која патува како и да ги почитува важечките законски царински прописи.
* Во превозните средства најстрого се забранува пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства * Патникот кој со своето непристојно однесување ги вознемирува другите патници или им пречи навозачот или пратителот на групата во нивната работа – веднаш ќе биде исклучен од патувањето и целата одговорност ќе му биде префрлена без право на жалба и повраток на парични средства.
* Патникот е должен да ја почитува саатнината на тргнување одредена од страна на претставникот на патувањето, а во спротивно претставникот на агенцијата има право да го исклучи од патувањето
* Во туристичките автобуси не е овозможено користење на тоалет; во согласност со планот и програмата паузи се прават на 3-4 часа (согласно локацијата и опременоста на бензинските пумпи) а кој патниците можат да ги искористат за користење на тоалет.
* Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото и времето на поаѓање, местата и времетраење на паузите; уплатата на превозот, патникот ги прифаќа сите погоренаведени услови без право на приговор и жалба.
* Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за европските патувања и 50 патници за европските патувања.
* Во случај на недоволен број патници или други објективни околности, организаторот ги информира патниците за отказ на аранжманот пред датумот на поаѓање и тоа најдоцна 10 дена за Далечните патувања односно најдоца 5 дена за Европските патувања.
* Кај аранжманите со авионски превоз, по купувањето на авионската карта не е возможна рефундација на средствата и во тој случај важат условите на авионската компанија.
* Кај аранжманите кои вклучуваат Low Cost-авикомпании – во случај на одложување на летот, отказ или губење на конекција, патниците се должни сами да ги доплатат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околности кои се надвор од нејзиниот домен на работа.
* Цените од Low Cost-Аранжманите се подложни на промени, по уплата на авансот се проверуваат тарифите и тогаш на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
* Агенцијата не сноси одговорност за промените на авионските конекции од страна на авиокомпанијата.
* Саатнината на летовите во планот и програмата добиени од страна на агенцијата се подложни на промени и зависат исклучиво од авикомпанијата.
* Агенцијата го задржува правото на избор на превозни средтства за трансфери и извршува сместување доколку е тоа физички возможно.
* Организаторто на патувањето го задржува правото на корекција на договорената цена пред почетокот на патувањето, но во случај да се смени курсот, смена на валута или промена на тарифата на превозникот во законите на предвидените случаи.
* Доколку некои патници сами одлучат да ја сменат понудата на Програмата – агенцијата нема одговорност да во текот на патувањето обезбеди трансфер за сместување во хотели.
* За време на потпишување на Договор во агенцијата – патникот е должен да достави копија на пасош и воедно да гарантира дека патната исправа му е исправна, како и пасошот да има доволно страни за потребите на патувањето, патникот сам ја обезбедува визата за дадената програма.
* За овој аранжман патникот се запознал со Општите услови за патување на СКТМ