Берат-Драч-Тирана

БЕРАТ-ДРАЧ-ТИРАНА

Викенд патување

 

               Цената на аранжманот изнесува: 120 € ( 7.440,00денари)

    ОПШТИ  УСЛОВИ

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

*Цената на аранжманот е пресметана на минимум 12 лица (мини бус) и 33 лица (автобус)спрема условите на  новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19

*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот или на факултативите 7 дена пред терминот за тргнување.

*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање

*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

*Аконтацијата се уплака: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.

*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор.

*Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус +45€ ова важи само кога е организирана група со автобус.

*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена (авионски билет, туристичка / аеродромска такса, копнен сообраќај, додатен багаж) или цената на сместувањето.Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.

*Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

*Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж, во спротивно возачот на превозното средство има право да го острани или да го наплати дополнително.

*Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.

*Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. *Сместување на патниците е според правилата и политиката на објектите или превозното срество

*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.

*Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина однапред закажана.

*Во случај на промена на монетарниот пазар организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми / намали цените: за бродска такса и кабина, авио билети, возен собракај, аеродромски такси, багаж,факултативи, сместувачки капацитет...

*Важат Општите услови на ТА Камелија Турс-Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ

*Носител на договорот на ова патување е Камелија Турс: Трошоците за подготовка и организација на патувањето со број на полиси АД Осигурителна Полиса Скопје (Полиса бр. 130030006717) и (Класа 13 *Општа одговорност и Тарифа 27 Туристички агенции. Побарајте патничко осигурување и договор за патување

*Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.

*Во готово – авансно плаќање од вкупната цена на аранжманот во моментот на пријавување, а остатокот најдоцна 10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмот.

*Кредитни картици, вирманско плаќање,.

*Туристички кредит (6-36 рати ) аплицирање во агенција

*Плаќање преку синдикатски организации со посебни договори 

  

*Информации и резервации во Камелија Турс  

Локација : Филип Втори Македонски бр.5, Скопје  Емаил адреса:  info@camelliatravel.com.mk

 Тел:  +389 2 32 32 916;     +389 2 3162 916            Моб: 078/281-522;        078/281-525;        078/281-526

 Тимот на ТА КАМЕЛИЈА ТУРС Ви посакува пријатно патување !

 

Слични Понуди

Програма

1
1 ден
    Состанок на групата пред Дрво Декор вo 02:00 часот. Поаѓање на групата за Албанија, се патува преку Тетово, Гостивар, Кичево, Струга граничен премин Ќафасан со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Пристигнување во Берат во утринските часови, преполн со стара архитектура кој е познат како "Градот на илјада прозорци" поради големите прозорци кои ги красат куќите. Градот е испреплетен со муслимански и христијански градби. Во него се наоѓа џамија која датира од 15 век, како и бројни цркви кои припаѓаат на Албанската православна црква чија што автокефалност била прогласена во 1922 година во Берат. Разглед на градот кратка пауза и заминување кон Драч. Пристигнување во Драч - сместување во хотел. Ноќевање .
2
2 ден
    Појадок. Факултативно заминување кон Скадар кој е еден од најстарите и најзначајните градови во Албанија, богат со историско и културно наследство. Скадар го карактеризираат прекрасна клима и природа. Низ него минуваат три реки: Дрим, Бојана и Кир. Посета на Скадарската тврдина Розафа која датира од илирско време, а од која ќе имате прекрасен панорамски поглед на Скадарското езеро, најголемото природно езеро на Балканот.Разглед на градот и слободно време. Враќање во попладневните часови во Драч. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
3
3 ден
    Појадок. По појадокот заминување за Тирана. Посета на Тирана и слободни активности. Шопин и посета на некои од поголемите трговски центри.Во попладневните часови заминување за Македонија. Пристигнување во вечерни часови.
Од
Цена (€)

Цената покрива:

Организација и реализација на аранжманот и пратител на патувањето
Разглед на Берат, Драч и Тирана
Сместување во хотел 4* со 2 ноќевање со појадок во Драч
Автобуски превоз со високотуристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)

Цената Не покрива?

  • Останати индивидуални трошоци кои не се споменати во програмата
  • Посета на Скадар 20 €
  • Ресторан 15 €
  • Задолжително патничко здравствено осигурување 5€

Pin It on Pinterest