Термин 09.11-19.11.2025
Мароко, земја на контрасти: од песочни плажи кои ги заплискува Атлантскиот Океан, преку врвовите на планината Атлас покриени со снег, до пустината Сахара. Со Мароко владееле три берберски и три арапски династии, така што во оваа земја се говорат и двата јазици. Сместени сме во „Црвениот град“ - Маракеш, престолнина на сите династии. Овој град го основал во 11. век првиот крал Јусуф Ибн Тахфин од династијата Алморавида и околу градот подигнал 12 km долги бедеми со девет капии и изградил модерен систем на подземни канали. Внатре меѓу ѕидините се наоѓа Медина или Стариот град, со тесни улички преполни со сукови (пазари) каде можете да пазарите сѐ „од игла до локомотива“. Гужва, мириси, мотоциклисти кои се провлекуваат низ масата, туристи со фотоапарати кои сакаат сето тоа да го забележат, се секојдневна слика за Маракеш. Зачини, марами, кожни ташни, накит, кермаика, за секого по нешто.
Сите уплати се вршат исклучивово денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 300€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 15 дена пред патувањето да достават копија од визата
Цена на аранжман 1449 €
Факултативни излети
Маракеш City Tour -Цена: 35,00 EUR
Го започнуваме нашиот факултативен излет низ Маракеш наутро со прошетка низ Мел (еврејскиот кварт), во кој се сместени најстарата синагога во градот, како и еврејски гробишта. Ја посетуваме Ел Бахија, палата од 19 век која со децении, служела како резиденција на големите везири. Нејзината градина се смета за една од најубавите во целиот Мароко и градина на која сите везири биле особено горди. Ја посетуваме и палатата Ел Бади, односно Величенствената палата. Изградена е во времето на султанот Ахмед Ал Мансур во втората половина на шеснаесеттиот век. Тој бил современик и сојузник на кралицата Елизабета I на Англија. Влегол во историјата на светот како еден од најмоќните и најбогатите султани. Важел за голем дипломат, градител, освојувач и заштитник на уметноста. Вистинска ренесансна личност длабоко во подножјето на митската планина Атлас. Султанот Ахмед Ал Мансур потекнувал од династијата Саади, чии гробници се наоѓаат недалеку од самата палата. По палатата, истражувајќи влегуваме во улица, покриена од сонцето, преполнета со тезги и луѓе што брзаат некаде „како муви без глави“. Кој нема да прозборува тука арапски или берберски, исто како да не бил во Мароко. Стотици улични продавачи ги продаваат своите ракотворби. Жените со тетоважи ни ја покажуваат уметноста нацртана на рацете и на лицето, нудејќи ни ја нивната уметност, додека безброј скутери се обидуваат да се пробијат низ толпата луѓе. Шетајќи низ Казба, пред нас се појавува најубавата порта на градот - Баб Агнау. Таа е една од 19-те порти на Маракеш и е изградена во 12 век за време на династијата Алмохад.
Ја продолжуваме нашата авантура и ја посетуваме една од најубавите џамии во градот. Тоа е џамијата Кутуби која како светилник, посочува излез на сите оние што залутале по тесните улички на стариот град. На огромното плато околу џамијата, гледаме остатоци од еден стар храм и палати на владетели од династијата Алморавид, втората мароканска династија по ред и една од најмоќните африкански династии досега. Пред џамијата, туристите ги пречекуваат кочијаши со украсени кочии и моќни арапски коњи, но ние продолжуваме со лежерна прошетка низ Црвениот град. Кочијашите се сметаат за исклучително умешни преговарачи, а ние го имаме целиот ден за да го совладаме ценкањето во овој град кој никогаш не спие. Пригушениот звук се засилува додека се приближуваме кон јадрото, и на крајот ја гледаме заслепувачката светлина и срцето на стариот град. Огромниот плоштад на Џема ел Фна, симболот на Маракеш, се наоѓа точно пред нас. Поради неговата автентичност, самиот плоштад се наоѓа на списокот за светско наследство на УНЕСКО. Многу туристи се заљубиле во Маракеш поради плоштадот и се враќаат во него одново и одново. Смртните казни некогаш се изведувале овде, а плоштадот следејќи го тоа го исткајал својот дух. Денес има безброј тезги на местото на страшните џелати, каде ќе купиме свежо исцедени овошни сокови, кои се подготвени на лице место од насмеаните продавачи. Ќе навлегуваме подлабоко во суковите на медината. Во овие улички можеме да купиме скоро сè, од игла до локомотива. Искусните преговарачи можат да излезат со цела вреќа со сувенири за одлична цена. Уметноста на договарањето е исклучително тешка, а продавачите на Маракеш се дефинитивно господари на нивниот занает, затоа мора да бидеме упорни, непопустливи и храбри. На крајот, некој секогаш некој попушта, на обострано е задоволството. Враќање во сместувањето во попладневните часови.
Во цената на излетот е вклучено:
Во цената на излетот не е вклучено:
Водопадите Ouzoud -Цена: 50,00 EUR
Водопадите Оuzoud се највисоките водопади во Северна Африка и втори највисоки во цела Африка. Достигнуваат до 110 метри висина. Тие се пробиват низ области со антички маслинови градини кои се дом на мајмуни. Околу водопадите се населени домородните берберски племиња од планината Атлас. Поаѓањето за овој излет е рано наутро. По возењето доаѓаме до мало населено место во близина на водопадите. Се чувствува мирисот на вода, маслинки и свежи планински билки. Одиме до самиот врв на водопадот, додека крвта ни замрзнува од напливот на моќната вода. Со звукот на водопадите што се удираат во камењата слушаме и кршење на гранки. На дрвата над нас се качуваат мајмуни, се дофрлаат со храна и им приоѓаат на посетителите. Одиме по патеки низ маслинови градини уживајќи во мирисот и интересните приказни за локалниот живот. По кратката прошетка гледаме стара берберска куќа каде луѓето сè уште живеат. Се запознаваме со животот на Берберите и нивната богата традиција и разновидност. Стануваме свесни за неверојатната култура скриена од овие древни народи. Го учиме берберското писмо и зборови, но и како изгледа секојдневието. Продолжуваме со прошетка низ селото и повторно влегуваме во маслиновите градини. Почнуваме полека да се спуштаме до подножјето на водопадот по овој див терен. Старите жени поминуваат со магариња натоварени со маслинки, а љубопитните мајмуни ни приоѓаат со надеж дека ќе добијат нешто за грицкање. Локалниот водич ни кажува за мајмуните и ни објаснува како треба да се однесуваме во нивна близина. Се фотографираме со нив додека се качуваат околу нас. Стигнуваме до подножјето на водопадот и остануваме без здив. Силата на водопадот, мирисот и бучавата целосно нè обземаат. Се одмораме и го пиеме најдобриот сок од портокал. Се качуваме во чамците и се приближуваме многу блиску до водопадот. Луѓето се капат, пеат и се дружат. Правиме пауза и чекаме шанса да се појави виножито – најубавата глетка на овие водопади! Продолжуваме со прошетката по ридот преполнет со продавници и ресторани, учејќи за прекрасната моќ на локалните билки и чаеви. Ги оставаме мајмуните да шетаат низ природата, а ние се упатуваме во еден од рестораните. Уживаме во највкусниот таџин, кускус, ражничи, салата и најдобрите маслинки од околината на водопадот. По краткиот одмор се враќаме во сместувањето.
Во цената на излетот е вклучено:
Во цената на излетот не е вклучено:
Rabat City Tour-Цена: 35,00 EUR
Го истражуваме Рабат, главниот град на Мароко. Модерен главен град со крал, кој избрал да ја основа владата токму овде кога земјата станала независна во 1956 година. Во Рабат има посебен дел од градот, опкружен со sидови, кој ја формираат Кралската палата заедно со нејзината администрација. Го посетуваме мавзолејот на првиот марокански крал -- Мухамед V. Дизајнот и декорацијата на мавзолејот е неверојатен. Ова ремек дело на традиционалната мароканска уметност е препознатливо по своите бели ѕидови и зелениот покрив. Потоа, ќе се упатиме кон кулата на Хасан Втори, изградена од Алмохад. Недовршената Хасанска кула е дело на владетелот на Yaqub al-Mansura и требало да биде минаре според неговата визија за голема џамија на ова место. Се разбира, кога сме во Рабат, дефинитивно не треба да пропуштиме и старата медина. Се карактеризира со Андалузиски стил затоа што поголемиот дел од архитектурата потекнува од 17 век, кога пристигнале муслиманите од шпанскиот регион на Андалузија. Авантурата ја продолжуваме кон средновековниот град кој се наоѓа во срцето на Рабат - Челах. Урнатините на Челах се потпираат на римски град наречен Сала. На местото ќе видиме остатоци од римски мермерни столбови и статуи, често со латински натписи, како и остатоци од камени аквадукти кои функционирале со векови.
Fes City Tour-Цена: 50,00 EUR
Двајца владетели со исто име, освојувајќи ги огромните ширини на најзападните области на тогаш познатиот свет под зеленото знаме на исламот, ја подигнале првата мароканска престолнина на крајот на осмиот век. Идрис Први ја изградил Медината Фeс, a неговиот син Идрис Втори ја изградил населбата Ал Али. Градот Фес е создаден со спојување на овие населени места. Најдолго се сметал за главен град на Мароко. Речиси сите династии што владееле со огромни територии во северна Африка се бореле околу него затоа што тој бил на важен трговски пат. Денес, Фес е важен туристички, културен, историски и религиозен центар кој љубоморно ја чува турбулентната историја на Магреб, односно најзападното кралство на Исламот. Ја вклучуваме временската машина и се упатуваме кон стариот град.
Временската машина е побавна од вообичаеното затоа што трговците, магарињата, продавачите на кактуси и скутерите ни го попречуваат патот кон медината. Се пробиваме полека низ гужвата и правливите ходници на историјата.
Првата дестинација е Дар ал Макзен, резиденцијата на владетелите на династијата Алавита, од која потекнува сегашниот крал Мухамед VI. Недалеку од палатата, постои антички еврејски кварт наречен Мела. Оваа населба била изградена од неколку еврејски генерации. Темелите ги поставиле еврејските трговци уште на самиот почеток на историјата на градот. Надградбата ја продолжиле Евреите, кои бегајќи од шпанското освојување, пронашле прибежиште кај своите сонародници и пријателски настроените муслимани.
Мела, како да ни кажува што не чека во медината. Невообичаено тесни улички, дотраени фасади насликани во светло сина боја, деца со полу- искината топка и дресови на Кристијан Роналдо и Меси, сувенири и занаетчии... Се разбира, ова е само мала увертира за оваа античка населба, затоа што медината е скоро невозможно да се опише со зборови. По прошетката низ Мела и посетата на античката синагога која денес служи како музеј, се упатуваме кон медината. Толпата се зголемува, температурата се покачува онака како што и очекувавме. Пред нас е конечно Bab Bou Jeloud, односно Сината порта, која е главниот влез во медината. Sидовите околу медината биле изградени од владетели од династијата Алморавид кои владееле во XI век. Сепак, оваа порта е малку помодерна од другите порти во градот. Најзаслужен за нејзината изградба е францускиот генерал Ибер Лиот, командантот на Мароко од почетокот на XX век, кога Мароко бил под францускиот протекторат. Поминуваме низ портата и влегуваме во земјата на чудата. Целата медина останала непроменета од нејзиното создавање. Речиси е невозможно да се остане рамнодушен во овој лавиринт од тесни улици. Илјадници луѓе секој момент поминуваат низ уличките и стотици трговци, секој со посебна приказна, се обидуваат да ни го привлечат вниманието.
Ја посетуваме медресата на Каравија. Медресата е исламска верзија на универзитетите каде што се изучувале Куранот и другите религиозни текстови. Она што ја прави оваа медреса посебна е тоа што е постара од сите европски универзитети. Изградена е во средината на XI век и се смета за најстара во светот! Изградена е од страна на Фатима Ал Фихри, која била ќерка на богат трговец од денешен Тунис. Има и библиотека во која се зачувани над 4.000 ракописи од создавањето на оваа медреса и џамија со истото име.Продолжуваме со прошетка низ суковите и тесните премини и се движиме кон античкиот мавзолеј каде се чуваат телата на основачите на Фес, Идрис Први и Идрис Втори. Навлегуваме подлабоко во медината и доаѓаме до една од најпознатите туристички атракции на Фес. Овде се работилниците во кои се штави кожа и ќе побараме од некој од локалните жители да не одведе на терасите за да го видиме процесот што не е сменет со векови. Непријатната миризба која се создава ќе ја ублажиме мирисајќи ливче од нане кое ќе ни го дадат локалците. Доколку некој сака може да си купи производ изработен од кожа, која многумина ја сметаат за најквалитетна во светот. Нашата авантура полека завршува, а на враќањето ќе посетиме продавница со производи од арган, плоштадот Сефарин на кој и денес се продаваат автентични метални производи, а недалеку од плоштадот се наоѓа и Музејот за дрвени ракотворби Нежарин. Во моментот кога ќе ја видиме Зелената порта е и крајот на нашата денешна авантура. Всушност ова е Сината порта од каде ја започнавме обиколката околу градот. Од внатрешната страна на медината Сината порта е зелена. Нека ова место биде како главна ориентациона точка за авантуристите кои би сакале да шетаат и истражуваат самостојно, за време на нашиот престој во овој град од „Илјада и една ноќ“.
Не можете да бидете вистински жител на градот Фес, доколку не се изгубите барем еднаш! Бидете внимателни затоа што итрите жители на Медина и од тоа имаат направено бизнис. Ако се изгубите, ќе треба да платите за да ве извадат од медината. Доколку се најдете во ваква ситуација не паничете затоа што тоа е само игра за нив. По кратко ценкање околу цената, локалното население ќе ве однесе на вистинскиот пат. Излетот ќе започне во раните утрински часови, а ќе заврши во доцните попладневни часови.
Во цената е вклучено: организиран превоз според планот и програмата.
Casablanca City Tour****ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ****
Казабланка - белиот град, како што посочува и самото име. Градот е основан од Португалците во 1755 година, а не од страна на Шпанците, како што многумина би помислиле заради името. Денес, Казабланка е најголемиот град во Мароко, главно пристаниште и економски центар. Старата медина е препознатлива по својот лавиринтски стил, па губењето во истата е несомнено лесно и со одредена претпазливост ги откриваме убавините, доживувајќи го ритамот на секојдневниот живот, каде што децата трчаат по тесните улички и луѓето седат во кафулињата. Ќе се упатиме кон Кралската палата и џамијата на Хасан Втори се наоѓа во населбата La Corniche, шеталиште што се протега долж брегот на Казабланка. Се запознаваме со една од најимпресивните џамии и се смета дека има најголемо минаре во светот. Изградена е над Атлантскиот Океан, а морското дно е видливо од стаклениот под во големата сала. Претставува верски и културен комплекс и целата приказна започнала во средината на 1980-тите години кога кралот на Мароко, Хасан Втори, го признал значителниот недостаток на архитектонски и историски локалитети во Казабланка. Продолжуваме со познатиот Риков кафе - ресторан, бар и кафуле отворено во 2004 година со желба да потсеќа на Хамфри Богарт и Ингрид Бергман и филмскиот класик Казабланка. Сместен е во стар дворец, изграден по критериумите на старата Медина во Казабланка. Исполнет е со архитектонски и украсни детали кои потсетуваат на филмот - заоблени лакови, скулпторски бар, балкони и автентично Pleyel Пијано од 1930-тите години.
Сместување
Hotel Ayoub & Spa
Hotel Ayoub & Spa е сместувачки објект со 4* (по локална категоризација) во Маракеш, Мороко. Хотелот располага со базен, џакузи, ресторан, бар, фитнес и спа центар и летна тераса. Сите соби се пространи (25m2) и располагаат сo сопствено купатило, минибар, фен за коса, телевизор со сателитски канали и сеф.
Ibis Fes
Ibis Fes е хотел со 3* (по локална категоризација) во Фес, Мароко. Хотелот се наоѓа на одлична локација во Фес, веднаш до паркот Mechouar и на само 15 минитуи пешки од центар на Фес. Хотелот располага со надворешен базен, сопствена градина, бар и ресторан. Се сместуваме во дво-креветни соби со фен, поглед кон базенот, телевизор со сателитски канали и клима уред.
Хотел со 3/4* во Шефшауен
Хотел со 3 или 4* (по локална категоризација) во синиот град -- Шефшауен во Мароко. Хотелот располага со двокреветни соби и се наоѓа на одлична локација во градот.
Хотелот ќе биде потврден најдоцна 3 недели пред патување
Relax Hotel Casa Voyageurs
Relax Hotel Casa Voyageurs e сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) во Казабланка, Мороко. Сите соби располагаат со сопствено купатило, електричен kettle, минибар, сеф, телевизор со сателитски канали и клима уред.
Услугата е на база ноќевање со појадок.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Аранжманот е направен на база на летови со нискобуџетни авиокомпании, затоа цената на аранжманот е подложна на промени во согласност со промената на цената на авионската карта. Цената е загарантирана по уплата на аванс и издавање на авионските карти.
Општи напомени:
Напомени во врска со сместувањето:
Напомена во врска со факултативните излети:
Напомена во врска со визите:
Тимот на ТА Камелија Турс Ви посакува пријатно патување !