Божиќен базар Грција Трикала

Новогодишен Базар > Божиќен базар Грција Трикала

Божиќен базар Грција Трикала

БОЖИЌЕН БАЗАР ВО ЛАРИСА

(посета на МЕТЕОРИ и ТРИКАЛА)

16.12 -18.12.2022           

Секоја година градот Лариса е домаќин на „Паркот на желбите“ во паркот Алказар, каде посетителите можат да си подготват божиќна желба и да чекаат Дедо Мраз да ја исполни...

Составете ја Вашата листа со желби и отпатувајте оваа година во Лариса за да ги збогатите вашите Божиќни спомени со незаборавно искуство!

Важно: Последен рок за пријавување: 02. Декември 2022 !

 

НАПОМЕНИ

 За реализација на аранжманот потребен е минимум од најмалку 35 патници, организаторот го задржува правото во случај

на недоволен број на пријавени да го откаже патувањето 7 дена пред поаѓање.

 Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба. 

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на СКТМ и ТА Камелија.

Програма

1
16.12.2022 (Петок) СКОПЈЕ - ЛАРИСА
    04:00 часот Заминување на групата во 05:30 часот кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Лариса во претпладневните часови. Градот се наоѓа на реката Пинеос во средината на Тесалиската рамнина и според бројот на жителите е четврти по големина во Грција. Сместување на во хотел „Helena“ (https://www.helena.gr/). Слободно време за одмор или индивидуални активности во градот кој секоја година во паркот Алказар ги воодушевува сите кои посакуваат токму тука да го доживеат највозбудливиот Божиќ: Замрзнато езеро, шарен забавен парк, шеќерна куќа, Божиќниот пазар и други изненадувања ќе бидат поставени во Алказар кој ќе биде исполнет со шарени украси, гламурозни светилки, новогодишни елки, ѕвезди, ангели, подароци и слатки…Ноќевање.
2
17.12.2022 (Сабота) ЛАРИСА - МЕТЕОРИ - ЛАРИСА
    Појадок. Организирано заминување на групата кон Метеори во близина на грчкиот град Каламбака, Западна Тесалија, област позната по православните манастири прочуени по својата несекојдневна положба. Изградени високо на карпите наликуваат на камења кои лебдат и се сметаат за највредна збирка на манастири во Грција после манастирите на Света Гора. Метеорите се изградени на карпи стари околу 60 милиони години и денес се наоѓаат на списокот на културно богатство на УНЕСКО. Се смета дека уште во 11. век тука престојувале монаси кои се качувале до манастирите во мрежи од коноп. Дури во почетокот на 20-от век биле направени скали кои денес водат до манастирите. Од вкупно 20 манастири колку биле во почетокот, денес се останати само 6. Организирана посета на манастирот на големиот Метеорон, односно Манастирот „Преображение Христово“. Манастирот го изградиле монасите од Света Гора на карпа висока 400 м и на околу 600 м над нивото на морето. Слободно време за индивидуален разглед на манастирот и за уживање во импресивната глетка на целото пространство под карпите. Потоа продолжуваме кон Трикала, градот во кој повеќе од десетина години секој декември оживува најсонливото божиќно село во Грција. Тоа е најголемиот бесплатен божиќен парк...токму тука Дедо Мраз и неговите џуџиња решиле да ја изградат својата фабрика за играчки и бонбони која секоја година привлекува повеќе од еден милион посетители. Слободно време за прошетки низ овој забавен парк. Во договореното време враќање во Лариса. Ноќевање.
3
18.12.2022 (НЕДЕЛА) СКОПЈЕ
    Појадок. Одјава од хотелот и заминување кон клисурата Темпа-омиленото место на богот Аполон и Музите кое во Тесалија се смета за свето место. Долината е долга 10 км и широка околу 25 м и низ неа тече реката Пинеос пред да се влие во Егејското Море. Посета на црквата посветена на Света Петка, како и изворот со лековита вода. Потоа го продолжуваме патувањето кон Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цената покрива:

Превоз со туристички автобус на наведената релација
Целодневен излет до Метеори и Каламбака
Организација на патувањето и туристички придружник
Посета на клисурата Темпа и црквата Света Петка
Влезница за Метеорите
Две ноќевања со појадок во хотел „Helena“ во Лариса

Цената Не покрива?

  • Доплата за 1/1 соба - 30 евра (за двете ноќевања)
  • Туристичка такса во Лариса (се плаќа во агенција) - 125 денари за двете вечери
  • Патничко осигурување

Pin It on Pinterest