Божиќен базар Будимпешта

Новогодишен Базар > Божиќен базар Будимпешта

Божиќен базар Будимпешта

Бидете дел и истражете ги омилените Божиќни базари во Будимпешта, особено што унгарскиот главен град е прогласен за најприфатлива дестинација за Божиќен базар. Покрај најпознатиот празничен саем на плоштадот Vörösmarty Square градот нуди пазари на повеќе локации каде се нудат уникатни занаетчиски производи, вкусна локална храна и пијалоци, одлични програмски содржини...

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

до 15.11.2022 - 137 € (8.494 денари)Ограничен број на места !

Редовна цена 150 (8.620 денари)

 

                              Начин на плаќање:Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари. При резервација на аранжманот

                              се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата, а остатокот се доплатува на 7 дена пред поаѓање. 

Патничко и здравствено осигурување:

Се препорачува на сите патници да си обезбедат патничко-здравствено осигурување. Тоа можат да го направат во нашата агенција или во било која осигурителна компанија. Препорачуваме да се внимава на условите во полисите, односно истите да ги покриваат сите трошоци ( без франшиза).

 

Општи напомени за патување:

Т.А.Камелија го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

 

Напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

За овој програм важат Општите услови на патување на ТА Камелија Турс и СКТМ

            

Програма

1
1 ДЕН СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА 07.12.2022
    Состанок на групата спроти хотелот „Холидеј ин“ во 17:30 часот. Тргнување за Будимпешта во 18:00 часот. Се патува преку Србија со попатни паузи. Ноќно возење.
2
2 ДЕН БУДИМПЕШТА 08.12.2022
    Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: споменикот на Милениумот, операта, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Ваци, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Во вечерните часови посета на Божиќниот базар кој се наоѓа на Ворошмарти плоштадот...можност за шопинг, уживање во домашно греано вино, домашни специјалитети или посета на Gerbeaud најстарата слаткарница во Централна Европа. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав под прекрасните мостови. Ноќевање.
3
3 ДЕН БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА - БУДИМПЕШТА 09.12.2022
    Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за Факултативно прошетка до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Ноќевање.
4
4 ДЕН БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ 10.12.2022
    Појадок. Слободно претпладне за индивидуални прошетки и посета на Божиќниот базар. Посета на шопинг центар - Арена Плаза..Тргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Цената покрива:

Превоз со туристички автобус на наведената релација
Превоз со туристички автобус на наведената релација
Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок

Цената Не покрива?

  • Разглед на Будимпешта со локален водич 10 евра
  • Вечера во национален ресторан 30 евра
  • Крстарење со брод по Дунав 20 евра
  • Посета на Сент Андреа 20 евра
  • Доплата за 1/1 соба
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување 200 денари

Pin It on Pinterest