Барселона 8ми Декември

Есенски патувања 2026 > Барселона 8ми Декември

Барселона 8ми Декември

БАРСЕЛОНА ЗА 8-МИ ДЕКЕМВРИ

Барселона е софистициран и тренди главен град на Каталонија полн со позитивна енергија кој нуди единствен одмор во кој покрај прекрасните песочни плажи може да се ужива и во изобилство на култрурно - уметнички, гастрономски и урбани доживувања. Град кој симболизира забава, дружење, различност, авантури, а пред се е град со богата душа.

Како ниту едно друго место во светот, има неверојатно богат микс на култури кои создаваат мозаик од луѓе, мода, музика, храна, танци... Барселона е град на уметници, интелектуалци, инспиративен град налик на ниеден друг. Не дозволувајте да ја пропуштите прошетката во овој необичен град!

ПРОМО ЦЕНА: 499 € (30.940 ден.)  до одреден број

Редовна цена по лице: 619 €

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

·         Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.

·         При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 50% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.

·         Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

- За програмата важат Општите Услови на патување на СКТМ.

- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

- ТЕРМИНИТЕ и ЦЕНИТЕ на аранжманот се подложни на промени и се согласно моментална расположливост.

- Распоредот на активностите е подложен на промени согласно можностите и временските услови.

- За реализација на патувањето е потребен минимален број од 10 патници. Доколку минималниот број на патници не се исполни патниците патуваат без придружник од агенцијата, но со сите потребни информации за патувањето, рутите на движење, информации за превозните средства кои ќе се користат и достапност за консултации и прашања за време на целото патување.

- Кај аранжманите кои вклучуваат авио превоз, по купувањето на картата не е возможна рефундација на истите и во тој случај важат условите на авио компанијата.  

- Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со low cost авио компанија, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекцијата, патниците се должни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.  

- Цените со low cost аранжмани подложни се на промени и по уплатата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот. 

- Агенцијата не сноси одговорност за промени на конекциите на авио компаниите.

- Наведените саатници на летовите во програмата подложни се на промени и зависат од авио компанијата. 

 

 

 

Лиценца А Бр:202, ПАТУВАЊЕ: Т.А КАМЕЛИЈА ТУРС ДООЕЛ-и Патникот.Осигурување Полиса бр: ОП-01184883 и АД.САВА Посебни услови за осигурување од одговорност на туристички агенции и Клиент- Договорувач на патувањето или носител на пријаваПатникот потврдува дека е целосно запознаен со програмата на патувањето, Општите услови за патување и отказната политика на агенцијата и дека истите ги прифаќа во целост. Сите евентуални барања за отказ, измена или рефундација ќе се разгледуваат исклучиво согласно одредбите од потпишаниот договор, важечките Општи услови и релевантните законски прописи. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е10 дена пред поаѓање.Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници доколку не е договорено поинаку При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира иститеАгенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultrafirst или lastminute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени.Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Начин на плаќање: со сите можни картици, фактура или во готово.

 

Важат општите услови на ТА Камелија Турс Туроператор. При уплата побарајте договор-пријава за патување со општите услови за патување СКТМ НАТА.

 

Слични Понуди

Програма

1
01 ДЕН (05.12.2025) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
    Пристигнување на аеродромот во Скопје два часа пред летот кој полетува за Барселона во 12:35 часот и слетува во 15:30 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување и пауза за одмор.
    Слободно време за индивидуални прошетки или заедничко дружење на “sangria” или “cerveza” во некој од локалните барови.
2
02 ДЕН (06.12.2025) БАРСЕЛОНА
    Појадок. После појадокот разгледот го започнуваме со Basilica de la Sagrada Familia. Од таму се упатуваме кон Casa Mila или позната како La Pedrera (што на каталонски значи каменолом), последната граѓанска градба на Гауди, Casa Batlló уште позната како “Куќата на Коските “ која е воедно и РЕМЕК - ДЕЛО на Гауди, се симнуваме кон плоштадот Placa de Catalunya и авенијата “LA Rambla“.
    Слободно време и пауза за кафе и дегустирање на некои од каталонските специјалитети. Прошетката ја продолжуваме во Готскиот кварт кој е срцето на Барселона, со остатоци од римско минато, антички ѕидови и градби, видливи заедно со средновековната архитектура. Тука е Catedral de Barcelona, катедралата на Светиот Крст и Света Еулалија која воедно е и седиште на надбискупот на Барцелона во Каталонија, Шпанија. Продолжуваме кон паркот Ciutadella кој со декади од своето креирање бил и единственото “зелено” место во Барселона и завршуваме кај Arc de Triomf. Слободно време за индивидуални активности и враќање кон хотелот во вечерните часови.
3
03 ДЕН (07.12.2025) БАРСЕЛОНА
    Појадок. После појадокот се упатуваме кон Park Güell, огромен парк со стотици шарени згради и креации на Гауди. Навистина необично место кое ве транспортира во некоја бајка која сме ја читале како деца.
    После посетата на Park Güell се упатуваме кон Готскиот кварт каде ќе имаме пауза за заедничка дегустација на “tapas” на Placa de Reial. Прошетка ја продолжуваме низ познатата улица „LA Rambla“, една од најдинамичните улици во светот со опција за посета на аквариумот или Flamenco Show. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во вечерните часови.

4
04 ДЕН (08.12.2025) БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
    Појадок и одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време со организиран трансфер се упатуваме кон аеродромот во Барселона со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 16:00 часот и слетува во Скопје во 18:45 часот.

Цената покрива:

• Авио превоз Скопје - Барселона – Скопје
• Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
• Рачен багаж – ранец (40cmх30cmх20cm)
• Аеродромски такси - подложни на промена
• 3 ноќевања во хотел на база ноќевање со појадок

Цената Не покрива?

  • • Картичка за јавен транспорт – 26 € по лице (опционално)
  • • Факултативни излети - • Разглед на Барселона – 20 € по лице (задолжително) -• Влезница за Park Güell + Gaudí House Museum – 25 € по лице **Влезници во останатите објекти се со доплата.
  • • Градска туристичка такса
  • • Патничко осигурување (задолжително)
  • • Индивидуални трошоци на патниците

Pin It on Pinterest