>

Слични Понуди

Програма

1
СКОПЈЕ – ПРАГА
    Состанок на патниците во 12 часот oд паркингот на Holiday in – Скопје. Ноќно возење преку Србија, Унгарија и Словачка со попатни паузи за одмор.
2
ПРАГА
    Пристигнување во Прага разглед на градот со локален водич, Старо место , Карлов мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Астронимскиот часовник –Орлој, градската куќа, споменикот на Јан Хус, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито и др. Слободни време до попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање
3
ПРАГА – БЕРЛИН
    Појадок. По појадокот тргнување за Берлин. Пристигнување во Берлин. По ристигнувањето следи панорамски разглед на градот како и пешачка тура: East side-галеријата, Берлински ѕид со уметнички дела, OstBanhof (железничка станица на некогашен источен Берлин), Александровиот плоштад со телевизиската кула, најстариот дел на Белин: квартот Св.Никола, Берлинската Катедрала, преубавата улица Unter den Linden, Брандербуршката порта, Парламентот-Рајштагот; потоа навлегуваме во Западен Берлин: главната железничка станица, зградата на Владата, дворецот Sharlotenburg, Kunstforum-Берлинската филхармонија, Националната библиотека,Галерија на стари и модерно мајстори, најубавата и најубават и најексклузивната улица во Берлин Kudumm, потоа некогашниот најпознат граничен премин помеѓу Источен и Западен Берлин, Чарли, Еврејскиот Музеј. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
4
БЕРЛИН
    Појадок. По појадокот слободно време или факултативна посета на Потсдам-претстолнина на сојузната држава Брандербург. Потоа следи разглед со водич и посета на Црквата Св. Никола, холандскиот кварт, рускиот кварт Александровка, Палатата “Sisilenhof”, Палатата “Sansusi”, - летна резиденција на Фредерих II, Мостот Глиеника (местото каде се разменувале шпионите за време на Втората Светска Војна...). Враќање во Берлин. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.
5
БЕРЛИН-ДРЕЗДЕН
    Појадок. По појадокот одјава од хотелот и заминување за Дрезден. По пристигнувањето разглед на градот:Опера Земпер, Платата Цвингер (во која се сместени 5 Музеи), Богородична Црква, Дворска Црква, Резиденцијална Палата (денес Државен Музеј), Палатата Тасенберг (денес хотел Кемпински), Агустовиот Мост....Кратка пауза за одмор.
    Заминување за Македонија. Ноќно возење преку Чешка, Словачка, Унгарија и Србија со попатни паузи за одмор.
6
СКОПЈЕ
    Пристигнување во Македонија во попладневните часови

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest