>

Слични Понуди

Програма

1
09.10.2022 Скопје - Златибор
    Состанок на патниците на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 01:30 часот. Заминување за Златибор во 02:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Патот продолжува кон Златибор. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во Хотел Мона 4*. Време предвидено за индивидуални активности и уживање во природните убавини кои ги нуди планинската снежна кралица на Србија. Можност за користење на SPA. Ноќевање.
2
10.10.2022 Златибор - Дрвенград
    Појадок. По појадокот факултативно заминување во посета на Дрвенград, едно од најпознатите етно села во Србија (изградено од Емир Кустурица, за потребите на неговиот филм „Животот е чудо“). Дрвенград полека прераснува во мал град, кое станува вистински музеј на отворено. Името го добил по дрвените куќарки, чија архитектура дава чувство дека се наоѓате во некој град од бајка. Во селото имате Куќарка на уметноста, Куќарка-слаткарница, во која можете да уживате во домашно припремени слатка, Кино сала, ресторан, црква… Дрвен град е домаќин на интернационалниот филмски фестивал кој се организира во селото секоја година. Идеата на Кустурица, е всушност враќање кон природата и зближување со неа и со традиционалните вредности кои полека се губат. Кратка пауза, за индивидулани прошетки до замин ување кон Вишеград и мостот на реката Дрина. Мостот изграден во 16.век, опишан во истоименото дело на нобеловецот Иво Андриќ, е впишан во листата на светското културно наследство на UNESCO. Тука во непосредна близина, Емир Кустурица го гради своето второ ремек дело – Камен град, во кој ќе се снима и филмот “На мостовите на реката Дрина”. Камен град се очекува да биде завршен кон почетокот на 2014 год. Слободно време, до враќање во Златибор во попладневните часови. Вечерта факултативна посета на национален ресторан со вечера и специјалитети од српската кујна. Ноќевање.
3
11.10.2022 Златибор - Скопје
    Појадок. По појадокот одјава од хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Одјава од хотелот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest