Соко Бања

> Соко Бања

Соко Бања

 

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.

Слични Понуди

Програма

1
29.04.2023- (Сабота) СКОПЈЕ – СОКО БАЊА
    Поаѓање кон Србија од Велес и Скопје во утринските часови. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне.
    Сместување во хотел Бањица, ручек.
    Прошетка низ поширокиот центар на Соко бања (Милошев конак, турско купатило..). Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
2
30.04.2023-(Недела) Соко Бања
    Појадок. После појадокот, заминуваме на пешачки излет до Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Ручек. Слободено попладне за одмор или релаксација во џакузито на хотелот или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот располага со три базени (два се внатрешни и еден надворешен базен). Базените се со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃.
    Вечерта, свечена вечера во хотелот, со жива музика и неограничен пијалок.
    Ноќевање
3
01.05.2023- (Понеделник)СОКО БАЊА –СКОПЈЕ
    Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот. Слободно време до 13:00 часот и поаѓање за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цената покрива:

Организација и придружник на патувањето
Пешачка тура Сокобања, Лептерија и Сокоград
Свечена вечера со жива музика (ладна закуска, зелник со павлака, скара, салата, домашна погача, десерт и неограно домашни пијалоци)
2 ноќевања со појадок, ручек и вечераво Хотел Бањица 3*
Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
Традиционален коктел за добродојде

Цената Не покрива?

  • Индивидуални трошоци (групна влезница за во термалните бањи 600динари)
  • Здраствено и патничко осигурување
  • Деца од 3-12год. – 5.600 мкд плаќаат;
  • Доплата за еднокреветна соба 1860 мкд;

Pin It on Pinterest