Швајцарија - 8ми Март

> Швајцарија - 8ми Март

Швајцарија - 8ми Март

БАЈКОВИТАТА ШВАЈЦАРИЈА

(Лозана| Женева | Шилон-Монтре | Берн | Цирих | Луцерн)

16.03 – 20.03.2023

Авионска програма за 5 дена / 4 ноќи 

Цена на аранжманот:  759€ (47.060,00 мкд)

За уплати до 28.01: 699€ (43.340,00 мкд)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü  Авионски превоз Скопје – Базел – Скопје   

ü  Аеродромски такси

ü  Сместување на база  ноќевања со појадок

 во хотел Ibis Lausanne Crissier 2* во Лозана

ü  и 2 ноќевања со појадок во H+ Hotel Zürich  4* во Цирих

ü  Организиран разглед на Цирих, Лозана, Берн според програмата

ü  Кабинска торба со димензии 40х30х20цм до 8кг

ü  Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

ü  Доплата за чекиран багаж - куфер до 10kg 3.100 мкд *

(цената може да се промени како наближува летот)

ü  Туристичка такса 990 денари -  плаќа во агенција

ü  Факултативна посета на Луцерн 50 евра

ü  Факултативна посета на Монтре, замокот Шилон, Женева 80 евра

ü  Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

ü  Патничко – здравствено осигурување 

ü  Еднокреветна соба 16.000 мкд

           НАПОМЕНИ:

           Цените се по лице за сместување во 1/2 или 1/3 соби.

           За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. 

           При резервација задолжителна е уплата на аванс од 30% , а целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

           Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

           За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници.

           При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

           Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини,

           како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

          Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места

           по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

           Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

           Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за точното време и место на поа 

           Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.

           Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.

 

Слични Понуди

Програма

1
16.03.2023 Скопје – Базел – Лозана
    Состанок на групата во 05.30 часот на скопскиот аеродром. Летрот на Визер за Базел е во 07.25 часот. Слетување во 09.45 часот. Организиран трансфер до Лозана. Пристигнување и разглед на Лозана - седиште на Меѓународниот олимписки комитет, Олимпискиот музеј и најмал град во светот во кој постои метро (подземна железница). На ридот, во стариот дел на градот доминира катедралата и камбанеријата од која веќе 6 века, „чуварот“ на секој час испукува плотун. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
2
17.03.2023 Лозана - Монтре - Шилон - Женева
    Појадок. Препорачуваме целодневен факултативен излет, посета на замокот Шилон, најпосетуваниот објект во Швајцарија, кој се наоѓа на самиот брег на Женевското Езеро, а во минатото служел за собирање царина од минувачите и трговците кои патувале за Италија. На помалку од десет километри одалеченост се наоѓа монденскиот град Мотре – познат како град на џезот и музичарите. По кејот на Женевското Езеро вниманитето го привлекува споменикот на познатиот пејач Фреди Меркјури. Патувањето продолжува за Женева. Разглед на еден од најголемите центри на меѓународната дипломатија. Тука е лоцирана Палатата на нациите во која е сместено седиштето на ООН, Меѓународниот комитет на црвениот крст, Светската трговска организација, а во Женева е и седиштето на протестантската црква.... Враќање во хотел во Лозана. Ноќевање.
3
18.03.2023 Лозана – Берн –Цирих
    Појадок. Заминување за Цирих. Попатно, посета на главниот град на Швајцарија- Берн, чиј стар дел е ставен на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Вистинско задоволство е да се прошета по пешачките улици покриени со аркади, украсени со фонтани, саат кули и други интересни објекти. Меѓу нив посебно привлечни се Bundeshaus – Сојузната палата (Собрание) на Швајцарија и плоштадот пред неа, Einsteinhaus, Kramgasse 49, во која живеел Алберт Ајнштајн додека работел во Швајцарскиот центар за патенти, Zytglogge, саат кулата од 13 век, Дувлото на мечките, симбол на Берн...Пристигнување во Цирих во вечерните часови, сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
4
19.03.2023 Цирих – Луцерн
    Појадок. Разглед на Цирих, најголем град по број на население и по површина, најголем банкарски центар, најпознатиот универзитет, најголемиот аеродром и железничка станица...Културно историските споменици се сконцентрирани во историското јадро на градот, околу реката и езерскиот брег, меѓу кои се и Швајцарскиот национален музеј, Железничката станица, Националниот театар, Уметничкиот музеј и прошетка по Bahnhofstrasse, една од најпознатите трговски улици во светот... Попладне препорачуваме факултативен излет во Луцерн, прошетка по дрвениот мост Kapellbrücke, кој со оригиналната кула е еден од симболите на градот, градските ѕидини со саат кулата чиј часовник отчукува една минута пред полн час, музејот на композиторот Рихард Вагнер, модерниот повеќенаменски објект KKL- Конгресен и уметнички центар во кој е сместена концернта сала со извонредна акустика и Уметнички музеј, споменикот на Лавот од Луцерн – посветен на швајцарските гардисти што биле убиени во палатата Тиелери во Париз во 1792 година...Враќање во Цирих. Слободно време. Ноќевање.
5
20.03.2023 Цирих – Базел – Скопје
    Појадок. Поаѓање за Базел и слободно време (околу 2 часа) за прошетки.Трансфер до аеродром во Базел. Лет на Визер во 16.05 часот. Пристигнување во Скопје во 18.15 часот.

Цената покрива:

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest