Истанбул

Истанбул

Еден од најголемите градови во светот, Истанбул. Град на два континента, Град на бројни раскрсници,
Град на седумте ридови…ГРАДОТ НА СОНИШТАТА… Многубројни прекари кои гордо ги носи,
овој прекрасен град, а да ја зборуваме и вистината убаво му стојат.

Слични Понуди

Програма

1
1 Ден Скопје - Истанбул 07.09.2022
    Состанок со групата во Скопје во 18 часот . Поаѓање кон Истанбул. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности
2
2 Ден Истанбул (Султанахмед плоштад, Капали Чаршија, Сафир Сеир ераси, Таксим) 08.09.2022
    Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел. По кратка пауза се упатуваме кон посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност која сега веќе е претворена во џамија. Можност за попатна посета на Капали Чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности Вечерта, Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четири димензионалното кино во Сафир Сеир Тераси. Следи посета на ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе.. Ноќевање.
3
3 Ден Истанбул ( Долма Бахче Сарај, Крстарење – Босфор, Балат, Вечера на брод ) 09.09.2022
    Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај - првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик - дел за мажите и Харем - делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Слободно време за одмор. Факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел... прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Групата се упатува на факултативна посета на шарената филмска населба „Балат“ чии улички ги има на многу познати филмови, кои најубави фотографии се прават во ова населба. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Во склоп на факултативата се посетува железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски и велешкиот митрополит Малетиј, се посетува „Вселенска патријаршија“, а по посетата групата има слободно време околу 2 часа за прошетка по уникатните историски улички. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат прекрасни доживувања. Едно од иконите и најфотографираните места во Истанбул се куќите во улицата Киремит. Куќи насликани со пастел кои создаваат жива улична сцена. Тоа е толку тивка и релаксирачка област за престој, помеѓу локалното население, далеку од зафатениот град. Враќање во хотел. Вечерта, факултативна вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со брод + трансфер). Mузичка програма (фолк танци /традиционални церемонии / ориентални танчарки), јадење и неограничени безалкохолни и алкохолни пијалоци).. Ноќевање.
4
4 Ден Истанбул (Аквариумот Тurkuazoo FORUM) 10.09.2022
    Појадок. Напуштање на хотелот.Посета на најголемиот трговски центар во Европа - FORUM, во кој се наоѓа Аквариумот Turkuazoo. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи.

5
5 Ден Истанбул - Скопје 11.09.2022
    Пристигнување во Скопје во утринските часови...

Цената покрива:

Организација и реализација на аранжманот и пратител на патувањето
Посета на трговскиот центар Форум
Пешачка тура ( Сина Џамија; Аја Софија, Хиподром, Капали Чаршија )
2 ноќевања со појадок во хотел со во Истанбул

Цената Не покрива?

Pin It on Pinterest